Европа
Комичарот Зеленски со предност пред Порошенко пред вториот круг на изборите во Украина

На претседателските избори во Украина, по пребројувањето на повеќе од 50 отсто од гласовите, води комичарот Володомир Зеленски со 30,2 отсто од гласовите, додека актуелниот претседател, Петро Порошенко, е на второто место со освоени 16,6 проценти од преброените гласови.
Поранешната премиерка Јулија Тимошенко се најде на третото место со 13 отсто од гласовите, објави агенцијата АП.
Од вкупно 39 кандидати во првиот круг, според овие резултати, силите во вториот ќе ги одмерат Зеленски и Порошенко.
„Сакам да им кажам благодарам на сите Украинци кои не гласаа само на шега“, рече Зеленски, додавајќи дека ова е само почеток и дека не постои простор за опуштање.
„Ние сме млади луѓе. Не сакаме да го гледаме сè она од минатото во нашата иднина“, додаде Зеленски (41), актер кој глуми претседател во популарна комична ТВ серија.
Порошенко во однос на резултатите кажа дека тие претставуваат „сериозна лекција“, особено за помладите гласачи и побара нивна поддршка во вториот круг.
„Гледате промени во земјата, но сакате да бидат побрзи, подлабоки и поквалитетни. Ги разбирам мотивите зад вашиот протест“, рече Порошенко, кој настојува да го прикаже Зеленски како некадарен да ја претставува Украина во странство, посебно во однос на преговорите со Путин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин