Свет
Компаниите од ОАЕ шверцуваат нафта од Венецуела и покрај санкциите од САД

Три компании со седиште во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) помогнале во извозот на милиони барели сурова нафта и гориво произведени од државната „Петролеос де Венезуела СА“ (ПДВСА) откако САД воведоа строги санкции за Венецуела во јуни, пренесува „Ројтерс“ .
Компаниите „Мухит меритајм“, „Иса шипинг ФЗЕ“ и „Азија чарм лтд“ помогнале да се извезе венецуелска нафта во вредност од 208,5 милиони долари – 3,9 отсто од вкупниот извоз на нафта во земјата во 2020 година.
Компаниите го презедоа управувањето со неколку танкери кои превезуваа венецуелска нафта, ги сменија нивните имиња и продолжија со транспорт на сурова нафта од Венецуела веднаш по воведувањето на санкциите
Одговарајќи на „Ројтерс“, владата на ОАЕ соопшти дека спроведува темелна и сеопфатна истрага за трите компании користејќи ги неодамнешните законски измени дизајнирани да ја подобрат транспарентноста на компаниите.
„ОАЕ исклучително сериозно ја сфаќаат својата улога во заштитата на интегритетот на глобалниот финансиски систем. Ова значи активно управување и спроведување на економските и трговски санкции“, се вели во соопштението.
Претставник на слободната зона „Фуџаира“, каде се наоѓаат „Иса шипинг“ и „Азија чарм“, изјави дека не е запознаен со вмешаноста на двете компании во транспортот на нафта од Венецуела, додавајќи дека органот не е одговорен за контрола на работењето на регистрираните компании таму.
На почетокот на оваа година Вашингтон воведе санкции за неколку компании со седиште во ОАЕ вклучени во продажба на иранска нафта и покрај ограничувањата од САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Палестинското прашање и понатаму останува нерешено

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план за Газа на Доналд Трамп не го решава целосно израелско-палестинскиот конфликт, пренесе RT.
Тој нагласи дека Русија го оценува планот како „најдобро што моментално е на преговарачката маса“, но додаде дека „палестинското прашање со тоа не е решено“.
Лавров порача дека конечно решение би било можно само со создавање на палестинска држава во границите од 1967 година, во согласност со резолуциите на ОН, и повтори дека Москва останува посветена на решението со две држави.
Свет
Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дека ќе може да влезе во рајот, но додаде дека на многумина им го направил животот подобар.
Изјавата ја даде во претседателскиот авион Air Force One. За време на летот, еден од новинарите што го придружуваа 79-годишниот претседател го праша за неговите претходни коментари кои ги дал во контекст на преговорите за мировниот договор во војната меѓу Русија и Украина.
Трамп уште во август, во емисијата „Fox and Friends“, изјави: „Ако можам да спасам 7.000 луѓе неделно, мислам дека тоа е прилично добро – сакам да се обидам да влезам во рајот, ако е можно. Слушам дека не ми оди добро. Навистина сум на дното на листата. Но ако успеам да влезам во рајот, ова ќе биде една од причините“
На прашањето дали неговите шанси се подобриле по договорот меѓу Израел и Хамас, Трамп сега одговори: „Малку се шегувам. Мислам дека ништо нема да ме одведе во рајот. Можеби не сум предодреден за тоа. Можеби сум во рајот токму сега, додека летаме со Air Force One,“ рече Трамп.
Тој повторно ја обвини администрацијата на Џо Бајден за неспособност и додаде дека војната во Украина никогаш немаше да се случи доколку изборите во 2020 година не биле наместени.
Свет
Египетскиот претседател до Израелците: Претворете го овој историски момент во нов почеток

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси ги повика Израелците моментот на потпишување на мировниот договор за Газа да го претворат во нов почеток за поправеден и помирен живот во регионот.
„Погледнете кон подобра иднина за нашите деца,“ рече Сиси по потпишувањето на договорот во Шарм ел-Шеик.
На самитот присуствуваа Доналд Трамп и бројни меѓународни претставници. Обраќајќи му се на Трамп, Сиси додаде: „Господине претседателе, нека војната во Газа биде последната војна на Блискиот Исток.“