Свет
Конго: Еболата се шири, потврдени уште три случаи
Mинистерството за здравство на Конго денеска објави дека се потврдени уште три случаи на ебола во областа на Северен Киву, со што бројот на официјално болни лица се зголеми на 16, од почетокот на избивањето на оваа болест.
Бројот на оние кои веројатно се заболени е 27, додека бројот на лица за кои се сомнева дека се заболени од хеморагична треска се зголеми на 31, објави АП.
Како што е наведено, пријавени се најмалку четири нови смртни случаи од оваа болест. Министерството, исто така, потврди дека вакцините пристигнале во Бена, најголемиот град во тој дел од Конго, како и дека вакцинацијата ќе почне на крајот од неделата и ќе ја изврши тим од 12 лекари.
Засега се идентификувани 966 лица кои имале контакт со заболените и кои моментално се набљудувани. Последната појава на епидемија на ебола се случи една недела откако властите прогласија крај на епидемијата во северозападниот дел на Конго, каде што починаа 33 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

