Свет
Конте: Побарав од Трамп да ги сподели разузнавачките податоци за Иран
Откако САД повторно воведоа санкции врз Иран, Италија ќе биде „хипер-сензитивна” за последиците на италијанските компании и ќе ги координира иницијативите со партнерите од ЕУ, изјави италијанскиот премиерот Џузепе Конте.
Конте додаде и дека неодамна побарал од американскиот претседател, Доналд Трамп, да ги сподели разузнавачките податоци за наводната нуклеарна програма на Иран, што всушност и ги натера САД да ја санкционираат земјата.
Италијанскиот премиер пред новинарите посочи дека Италија ќе ги координира сите иницијативи со партнерите на ЕУ бидејќи неговата земја, традиционалноголем трговски партнер со Иран, иако италијанскиот енергетски гигант ЕНИ, претходно годинава ја прекина соработката со Иран.
Првиот сет американски санкции против Иран стапија на сила пред еден ден, врз основа на извршната наредба на американскиот претседател, Доналд Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

