Свет
Контингент од 8.500 војници во САД е во состојба на готовност поради ситуацијата во Украина
Американската војска денеска соопшти дека контингент од 8.500 војници е во целосна готвоност и е подготвен да биде распореден во Европа за многу кратко време, доколку НАТО побара активирање на силите за брза реакција.
Ова е уште една потврда за американската одлучност во однос на групирањето на руски вооружени сили долж границата со Украина, пишува „Ројтерс“.
Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, истакна дека сè уште не е донесена одлука дали војниците ќе бидат распоредени, истакнувајќи дека секое такво распоредување во источното крило на НАТО ќе биде дополнување на американските трупи кои веќе се на европско тло, со цел како што рече, да се смират загрижените сојузници.
Белата куќа информира дека САД ги финализираат своите воени планови за сите сценарија околу украинската криза.
Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, за новинарите изјави дека САД никогаш не ја отфрлиле опцијата за обезбедување помош на земјите од источното крило пред да има каква било руска инвазија на Украина.
Русија негира воена активност и покрај фактот што повеќе од 100.000 војници се распоредени долж границата.
Американскиот претседател Бајден ќе разговара со европските сојузници за да формираат заедничка стратегија и одговор на руската закана, пишува Би-би-си.
САД размислуваат во источна Еворпа да преместат дел од своите трупи стационирани во западна Европа, во текот на следните недели, изјавил за „Ројтерс“ дипломат од НАТО.
„Ова се однесува на американските трупи што веќе се во Европа“, објаснил дипломатот, кој побарал да остане анонимен, потврдувајќи го извештајот на „Њујорк Тајмс“ во кој се вели дека американскиот претседател Џо Бајден размислува да испрати американски војници на територијата на балтичките и источно-европските сојузници.
НАТО денеска соопшти дека ги става силите во состојба на подготвеност и дека во источна Европа ќе обезбеди повеќе бродови и борбени авиони, што Русија го осуди како ескалација на тензиите околу Украина.
Дипломатот рекол дека потенцијалното преместување на армијата ќе биде постепено и дека пополнување на празнините на НАТО на источното крило може да се случи во наредните недели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Вонредна состојба во регион во Русија, поради несреќа во рудник затрупани 13 лица
Во Амурската област, на рускиот далечен исток, воведена е вонредна состојба поради инцидентот во рудникот за злато „Пионир“, во областа Зеја, каде 13 лица останаа заробени под урнатините поради пад на карпа, соопштија од тој регион.
„Во Амурската област е воведена регионална вонредна состојба поради инцидентот во рудникот Пионир во областа Зеја со цел да се мобилизираат сите сили и ресурси. Оваа одлука е донесена на вонредна седница што ја одржа регионалниот гувернер“, се вели во соопштението на локалната самоуправа.
Претставник на службата за вонредни состојби за РИА Новости изјави дека во рудникот во моментот на уривањето имало 13 лица. Групата спасувачи, главно од Руската Република Јакутија, се состои од 25 вработени, а со нив пристигнале и четири парчиња опрема.
Покрај тоа, хеликоптерот Ми-8 на руското Министерство за вонредни ситуации полета од територијата Хабаровск до местото на несреќата, пренесува Интерфакс. Од оперативните служби за Интерфакс велат дека, според првичните информации, луѓето се на длабочина од 100 до 150 метри, а засега нема информации за можни жртви.
Свет
Силен земјотрес го погоди Пакистан
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Белучистан во Пакистан, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).
ГФЗ додаде дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри, пренесува Ројтерс.
Засега нема информации за жртви, а не се знае и колкава е штетата предизвикана од земјотресот.
Свет
Дваесет загинати во израелски воздушни напади
Дваесет Палестинци се убиени рано утринава во израелските воздушни напади врз Рафах, како и врз централниот дел на Појасот Газа, соопштија здравствените власти во енклавата.
Тие додадоа дека во Рафах, на југот на енклавата, каде во моментов се наоѓаат над милион Палестинци, 14 лица загинаа, а десетици други се ранети во нападите што погодија неколку куќи и станови.
Уште шест лица загинаа во вториот воздушен напад врз куќа во бегалскиот камп Ал-Нусеират во централниот дел на Појасот Газа, додадоа официјални лица.
Деир Ал Балах, град во централниот дел на Појасот Газа, на околу 14 километри јужно од градот Газа, исто така беше бомбардиран во текот на ноќта, јавува Ројтерс.
Од почетокот на израелската агресија врз Газа, според Министерството за здравство во Појасот Газа, загинале повеќе од 31.000 луѓе.
Шефот на израелската разузнавачка служба Мосад, Дејвид Барнеа, во понеделникот отиде во Катар за да ги продолжи преговорите за привремен прекин на огнот и ослободување на израелските заложници во Газа, пишува „Тајмс оф Израел“.