Свет
Контроверзниот затвор „Гвантанамо“ ќе работи уште најмалку 25 години

Затворот „Гвантанамо“, каде што повеќето затвореници се обвинети за вмешаност во нападите од 11 септември, би можел да функционира уште најмалку 25 години.
„Мора да се осигураме дека нашиот комплекс може да издржи уште 25 години“, изјави за новинарите адмирал Џон Ринг, која е управител на оваа контроверзна установа.
„По наредбата на претседателот Доналд Трамп за одржување на затворот во функција, ни беше кажано дека истиот ќе работи и следните 25 години или повеќе“, рече адмиралот за време на една од посетите на новинари кои редовно ги организира американската армија во енклавата на југоисточниот дел од кубанскиот остров, со цел јавно да се презентира хуманиот однос кон затворениците.
Трамп на крајот на јануари одлучи да го задржи „Гвантанамо“ отворен, целосно кршејќи ги претходните обиди на неговиот претходик Барак Обама, кои на крајот се покажаа залудни, да го затвори затворот што е често цел на критики од страна на активистите за заштита на човекови права. Критиките се главно поради тоа што неговите затвореници не ги судат цивилни судови, туку воени комисии. Нивните случаи предизвикаа правни полемики и се соочуваат со бескрајни поместувања на судските рокови.
„Гвантанамо“ беше отворен во 2002 година, веднаш по првите апсења на џихадисти во рамките на американската интервенција во Авганистан по нападите од 11 септември 2001 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Русија изврши 46 воздушни удари и 900 гранатирања за еден ден

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти дека Русија извршила сериозни напади врз украинска територија, прекршувајќи го велигденскиот прекин на огнот. Според податоците на врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, руските сили до 16 часот по локално време извршиле 46 воздушни напади и 900 артилериски гранатирања.
„Денеска руските сили употребија 400 дронови за напади врз различни делови од Украина“, објави Зеленски на социјалните мрежи.
Според него, дел од нападите биле насочени и кон регионот Доњецк, токму за време на прекинот на огнот по повод православниот Велигден. Напади биле регистрирани и во областа Курск во Русија.
Украинскиот претседател остро ја осуди агресијата, оценувајќи дека Москва повторно демонстрира целосно непочитување кон верските празници и обидите за деескалација на конфликтот.
Регион
Додик: Британски специјалци се дојдени во Република Српска да ме убијат

Милорад Додик, претседателот на Република Српска и осуден бегалец кој е наведен како бегалец во Федерацијата на Босна и Херцеговина, во интервју за Новости упати сериозни обвинувања.
Тој тврди дека „тројца претседатели на европски земји и еден премиер“ му кажале дека во Босна и Херцеговина е префрлена британска воена единица со многу специфична задача – негова ликвидација.
„Тоа не е класична единица. Станува збор за четириесет војници кои пристигнаа со јасна наредба – не да ме уапсат, туку да ме убијат. И тоа под изговор дека давам отпор. Мафијашки принцип – ако отстраните човек, го отстранивте проблемот. Лидерите од Европа ми го потврдија тоа. Тие не се откажаа, но засега молчат“, вели Додик.
Тој во интервјуто нагласува дека не живее во страв и дека слободно се движи, отфрлајќи ги тврдењата дека е изолиран.
„Никогаш нема да бидам скршен од политичките процеси. Нема да се откажам од борбата за Република Српска“, вели тој.
Додик открива и дека официјални лица од Брисел наводно го советувале да се засолни.
Регион
Сестри си размениле пцости, па тупаници за имотот на нивниот татко

Две сестри се степале за имотот на нивниот покоен татко! Сè експлодирало во двор во Цазин (БиХ) кога жените, откако си размениле остри зборови, почнале да си разменуваат удари. Соседите зачудено гледале како драматичниот конфликт ги вознемирува локалните жители, принудувајќи ја полицијата да интервенира.
„Прво дошло до жестока расправија во дворот од куќата на нивниот покоен татко, а потоа сето тоа прераснало во физичка пресметка“, вели еден од соседите, кој сакал да остане анонимен.
Според него, спорот настанал околу поделбата на имотот на нивниот татко – земјиште и стара рурална станбена зграда.
„Беше страшно да се гледаат две сестри како се тепаат пред луѓе кои со години ги познаваат како мирни и резервирани луѓе“, додава сосед.