Свет
Конфузно прво заседание на новиот состав на Конгресот на САД
Новиот состав на американскиот Конгрес, во кој мнозинството го имаат републиканците, во вторникот конфузно го започна своето прво заседание откако Претставничкиот дом по негодувањето на јавноста, но и прекорот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, се откажа од својата претходна одлука да го ослабе значењето на Етичката канцеларија, независно тело коешто ги истражува обвинувањата против членовите на Конгресот, пренесува Reuters.
Со Доналд Трамп, кој на 20-ти јануари ќе биде инаугуриран во 45-ти американски претседател, републиканците првпат од 2007 година ќе ја контролираат и Белата куќа и двата дома на Конгресот, и започнуваат да ги разработуваат плановите за спроведување на најавената агенда, како што се намалувањето на даноците, укинувањето на ткн Обамакер, односно законот за здравствено осигурување кој го донесе претседателот на заминување Барак Обама, како и измена на регулативата во сферата на финансиите и заштитата на природната средина.
Меѓутоа, сето тоа отиде во втор план по ненадејната одлука на републиканците во Претставничкиот дом на средбата во понеделникот донесена зад затворени врати да биде ослабена Етичката канцеларија, поради што Трамп, кој во текот на кампањата ветуваше дека ќе ги „исуши мочуриштата“, веднаш реагираше со прекор.
Независното надзорно тело за етика во Конгресот беше основано во 2008 година по неколкуте корупциски скандали, но некои пратеници предупредуваат дека последните неколку години ова тело брза во истрагите за обвинувања кои доаѓаат однадвор.
„Имајќи предвид со што сé треба Конгресот да се фати во костец, дали навистина главен приоритет треба да им биде ослабувањето на Етичката канцеларија. Фокусирајте се на даночната реформа, здравството и многуте други поважни работи“, напиша Трамп на Twitter.
Откако на 8-ми ноември победи на претседателските избори, Трамп не крие дека му е важно што поскоро да ги спроведе ветувањата од кампањата, како поедноставувањето на даночната политика и намалувањето на корпоративните даноци, како и отстранувањето на Законот за достапно здравствено осигурување, познато како Обамакер.
Особено за последниот закон, Трамп смета дека „едноставно не функционира, а не е ниту достапен“ за оние на коишто им е потребен. „Тоа е еден кутар закон за здравственото осигурување“, тврди.
Меѓутоа, републиканците се во дилема околу алтернативната програма за здравственото осигурување и предупредуваат дека осмислувањето на нова би можело да потрае.
Белата куќа, пак истакна дека со овој закон здравственото проширување било проширено на 20 милиони Американци.
На заседанието на 115-от состав на Конгресот на САД свечена обврска положуваат во вторникот 435 членови на Претставничкиот дом и третина од 100-те членови на Сенатот. Како што се очекуваше, на чело на Конгресот повторно е избран републиканецот Пол Рајан, за кого гласаа 239 пратеници, додека за демократската Ненси Пелоси гласаа 189 пратеници./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Тбилиси одговори на Киев: Зеленски да го намали тонот кон Грузија
Претседателот на грузискиот парламент, Шалва Папуашвили, го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да го „намали тонот“ во изјавите поврзани со Тбилиси, велејќи дека грузиските власти нема да прифатат забелешки што доаѓаат од Киев.
Папуашвили истакна дека критиките што украинското раководство ги упатува кон западноевропските земји се разбирливи, но дека таков став не смее да се пренесе на грузискиот народ. Тој, исто така, потсети на претходните изјави на американскиот претседател дека војната немаше да се случи доколку тој беше на власт, наведувајќи дека во овој контекст е јасно зошто Киев изразува незадоволство од одредени партнери.
„Нема да толерираме таков тон од украинските власти. Нема да прифатиме ниту една од забелешките на Зеленски“, рече претседателот на грузискиот парламент, додавајќи дека во претходните години, како што изјави, украинските делегации донеле одлуки на неколку меѓународни форуми што биле непријателски настроени кон интересите на Грузија.
Папуашвили, исто така, ја доведе во прашање потребата да се очекува дополнителна благодарност од Тбилиси, нагласувајќи дека односите меѓу двете земји мора да се темелат на меѓусебно почитување.
Тензиите во односите беа дополнително поттикнати од изјавите на грузискиот премиер Иракли Кобахидзе, кој на крајот од минатата година откри дека во 2022 година тогашниот американски амбасадор во Тбилиси, Кели Дегнан, вршел притисок врз грузиските власти да влезат во вооружен конфликт со Русија. Според него, Грузија одбила да се вклучи во такво сценарио.
Шефот на грузиската влада претходно изјави дека Тбилиси нема да дозволи повторување на „украинското сценарио“, алудирајќи на настаните што претходеа на војната, вклучувајќи протести и политички превирања. Тој оцени дека по државниот удар, Украина влегла во процес на длабока дестабилизација и уништување.
Грузиските власти претходно објаснија дека одбиваат да воведат санкции врз Русија, наведувајќи дека таков потег директно би ја загрозил економската и безбедносната стабилност на земјата.
Свет
Шведската војска пресретна сомнителен руски дрон во близина на Малме
Шведската војска пресретна сомнителен руски дрон кој летал над морето јужно од земјата, додека францускиот носач на авиони бил закотвен во пристаништето Малме. Службениците потврдија дека инцидентот се случил во теснецот Ересунд, кој ги дели Шведска и Данска, објави Асошиејтед Прес.
Вооружените сили вчера соопштија дека шведски воен брод забележал сомнителен дрон за време на патрола. Тие рекоа дека се преземени контрамерки за да се спречи дронот, по што контактот бил изгубен.
Францускиот носач на авиони со нуклеарен погон Шарл де Гол е во Малме оваа недела како дел од редовните вежби на НАТО. Малме се наоѓа во теснецот Ересунд, спроти данската престолнина Копенхаген.
Францускиот воен портпарол Гијом Верне изјави дека дронот бил забележан во среда и додаде дека дронот бил оддалечен повеќе од 10 километри од Шарл де Гол.
„Системот ја покажа својата отпорност и инцидентот на никаков начин не влијаел на активностите на борбената група на носачот на авиони“, рече Верне.
Шведскиот министер за одбрана Пол Џонсон синоќа изјави за јавниот радиодифузен сервис СВТ дека дронот веројатно припаѓа на Русија.
фото/Depositphotos
Регион
Поранешниот грчки министер Варуфакис обвинет откако во подкаст призна дека пробал екстази во 1989 година
Поранешниот грчки министер Јанис Варуфакис, самопрогласен „недоследен“ марксист, е обвинет за поттикнување злоупотреба на дрога откако јавно призна дека земал апче екстази пред речиси четири децении, соопшти неговата партија.
Професорот по економија, кој ги налути колегите од еврозоната со тоа што постојано ги отфрлаше условите од пакетот за спасување во замена за реформи за време на должничката криза на земјата во 2015 година, рече дека еднаш пробал екстази, или MDMA, во Австралија во 1989 година.
„Беше одлично искуство, до неколку дена подоцна“, рече тој во подкастот „3026: Човечки алгоритам“, додавајќи дека можел да танцува со часови, но потоа страдал од мигрена. Тој, исто така, кажа дека во минатото користел марихуана.
Варуфакис, сега секретар на малата левичарска партија Мера25, треба да се појави на суд во декември. „Ројтерс“ не можеше веднаш да го контактира 64-годишникот за коментар. Неговата партија издаде соопштение во кое ја обвинува конзервативната влада на Грција дека се обидува да го замолчи на суд.
„Идејата да се суди лидерот на политичка партија затоа што зборувал за своите искуства со дрога пред неколку децении не е ниту случајна, ниту невина грешка. Нема да молчиме. Ниту за провокативната манипулација на судството, ниту за огромниот проблем со зависноста“, соопшти партијата Мера25.
фото/Depositphotos

