Свет
Коронавирусот може да предизвика долгорочна еректилна дисфункција кај мажите, предупредуваат експертите
И додека земјите во светот ја чекаат вакцината против коронавирусот, експертите предупредуваат дека дури и и благ случај на вирусот може да предизвика долгорочни компликации.
И покрај тоа што третманите за лекување се подобрени и вакцината е на пат, луѓето треба да бидат свесни за компликациите поврзани со вирусот, вклучително и можноста за еректилна дисфункција, објаснуваат лекарите.
Well, this is a bit awkward. COVID-19 may cause long-term erectile dysfunction in men. Yet another reason to heed public health advice as the coronavirus continues to spread. https://t.co/rFiNEUbpGy pic.twitter.com/sTmCGJrNiV
— NBC10 Philadelphia (@NBCPhiladelphia) December 5, 2020
Експертот за инфективни болести, д-р Дена Грејсон, неодамна ги предупреди сите да не се олабавуваат додека светот ја чека вакцината.
„Мажите би можеле да имаат долгорочни проблеми со еректилна дисфункција од овој вирус затоа што знаеме дека предизвикува проблеми со крвните садови.. Ова е нешто што навистина предизвикува загриженост. Не само што овој вирус може да ве убие туку, всушност, може да предизвика и долгорочни, доживотни, потенцијални компликации“, вели Грејсон.
Иако се чини дека голем дел од луѓето закрепнуваат од Ковид-19, Грејсон сепак предупредува дека очекуваат оти ќе видат повеќе долгорочни негативни последици од инфекцијата како што одминува времето, вклучително и невролошки компликации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лукашенко го пофали Ким Џонг-ун: Тој го знае своето место во светот, тој не е некаков фантом
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека, по средбата со севернокорејскиот претседател Ким Џонг-ун, добил впечаток дека е „сосема нормална личност која го знае своето место во светот“.
Лукашенко рече дека неговиот впечаток за Ким Џонг-ун главно се темелел на она што го објавиле медиумите, но дека по средбата на воената парада во Кина во септември оваа година, добил впечаток дека „е можно да се постигне договор со него“, објавува агенцијата Белта.
„Но, кога разговарав со него, видов сосема нормална личност која го знае своето место во светот. Тој не е некаков фантом. Тој е пристојна, смирена, искрена личност. Тоа беше кратка средба. Но, тоа е впечатокот што го добив. Сигурен сум дека мојот впечаток е точен. Можно е да се постигне договор со него“, истакна Лукашенко.
Лукашенко, исто така, рече дека е можно да ја посети Северна Кореја.
Во честитката до Ким Џонг-ун, по повод националниот празник на 9 септември, тој ја потврди својата подготвеност да го стори тоа во најкраток можен рок за двете страни, така што меѓудржавните односи ќе се подигнат на квалитативно ново ниво.
Фото: депозитфотос
Свет
Орбан пристигна во Брисел на клучниот состанок: „Договорот е мртов“
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави по пристигнувањето на самитот на ЕУ во Брисел дека, според него, идејата за користење на замрзнатите руски средства за финансирање на Украина пропаднала.
Орбан им рече на новинарите дека во Европската унија ќе има доволен број земји-членки за таканареченото блокирачко малцинство кое ќе ја спречи одлуката за репарацискиот заем за Украина.
Тој исто така додаде дека Европската унија мора да „се држи подалеку од војната“ и да „работи за постигнување мир“.
Медиумите потсетуваат дека лидерите на Европската унија денес се среќаваат во Брисел на еден од најнапнатите самити во последните години за да се договорат за клучна одлука за финансирањето на Украина за 2026 и 2027 година.
Фото: депозитфотос
Свет
Фон дер Лајен: Нема да го напуштам самитот на ЕУ без решение за финансирањето на Украина
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека очекува земјите-членки на ЕУ да постигнат договор за финансирањето на Украина на дводневниот самит, кој започнува денес во Брисел.
„Нема да го напуштам советот без решение за финансирање на Украина“, изјави таа пред новинарите пред состанокот, пренесува Ројтерс.
За да можат да ги користат замрзнатите руски средства, лидерите на ЕУ прво треба да ја убедат Белгија, која поседува 185 милијарди евра од вкупно 210 милијарди евра замрзнати во Европа, дека нема да биде оставена сама ако Русија поднесе тужба пред меѓународните судови.
„Целосно ја поддржувам Белгија“, изјави претседателката на Европската комисија, според агенцијата.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека е уверена дека лидерите на Европската Унија ќе постигнат договор за користење на замрзнатите руски средства за финансирање на одбраната и обновата на Украина пред денешниот самит на ЕУ.
Во интервју за германскиот радио канал „Дојчландфунк“, таа рече дека ова нема да биде прв пат да се најде решение во многу сложена ситуација.
Лидерите на Европската унија денес ќе одлучат како да ја финансираат Украина во 2026 и 2027 година, за да може таа земја да продолжи да се спротивставува на руската агресија, а користењето на руските средства замрзнати во ЕУ е најверојатната опција, пренесува „Ројтерс“, пренесува „Танјуг“.
Фото: депозитфотос

