Европа
Корона-кризата влијаела врз Германката која уби пет свои деца?
Додека пред зградата во германскот град Золинген каде мајка уби пет од своите шест деца, луѓето им оддаваат почит на жртвите, експертите се обидуваат да одговорат на прашањето: Зошто се случи ова грозоморно убиство?
Единствената осомничена за убиството на децата, три девојчиња – Мелина (1), Леона (2), Софи (3) и две момчиња – Тимо (6) и Лука (8) е нивната 27-годишна мајка, беше соопштено на вчерашната прес-конференција на која зборуваа јавниот обвинител и претставници на полицијата.
Кристијана Н. поставила доручек, а потоа ги отрула децата. Наводно ги затрула со апчиња, пренесуваат медиумите.
Обдукцијата врз телата на децата пронајдени во нивните креветчиња покажала траги од задушување и употреба на седативи. Немало директни знаци на насилство.
Жената по ужасниот злочин, отишла по најстариот син во училиште и му рекла дека во семејството имало смртен случај. Седнале во воз за Диселдорф, а потоа се збогувала од него, кога тој менувал воз за друго место, каде наводно требало да ја посети баба му.
Кристијана и пратила порака на својата мајка, признавајќи што направила, а по 20 минути на станицата во Диселдорф се фрлила под воз, но обидот за самоубиство не бил фатален и таа преживеала.
Убиствата, како што пренесуваат медиумите, очигледно биле извршени во „состојба на емоционално преоптоварување“, а позадината на сè е наводно пропаднатиот брак на мајката со таткото на четири од петте убиени деца.
Студиите покажуваат дека мајките најчесто се извршители на убиства на деца во возрасна група од шест до 13 години, а татковците во случаи на деца до пет години.
„По разводот, некои татковци, во случај да не можат да го зачуваат старателството над своите деца, едноставно не сакаат да дозволат тоа право да им припадне на нивните поранешни сопруги“, вели Штефан Репке, специјалист за психијатрија и психотерапија.
Тој исто така посочува дека економската ситуација може да игра важна улога во конфликтот на партнерите или некој клучен настан во животот.
Тогаш сторителот, додава Репке, не гледа излез од таа ситуација.
За Репке, исто така и корона-кризата е еден од факторите на ризик за појава или повторување на некои ментални проблеми.
„Самохраните родители на мали деца се особено изложени на ризик, тие се многу повеќе оптоварени во времето на короната, а образованието на децата од дома, наместо на училиште, исто така создава стрес“, објаснува тој.
Ако некое лице, како што вели Репке, падне во тешка депресија што може да биде придружена со налудничави претстави и идеи, тогаш може да се случи нешто како оваа трагедија.
Официјалната истрага за случајот и натаму е во тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинците нападнаа руска рафинерија на 2.000 километри од границата, се шират снимки
Украински дронови предизвикаа пожар во рафинерија за нафта во северозападна Русија, на околу 2.000 километри од украинската граница.
Ројтерс објави дека утрово избувнал пожар во рафинерија за нафта во сопственост на руската компанија Лукоил во близина на градот Ухта во руската република Коми, изјави шефот на регионот, Ростислав Голдштејн. Никој не е повреден, а службите за итни случаи работат на местото на настанот, изјави Голдштејн на апликацијата Телеграм.
Russian Telegram channels report a drone attack and subsequent fire at Ukhta oil refinery plant in Ukhta, Komi region of Russia.
It's located over 2,000 km from the Ukrainian border. pic.twitter.com/ATCEcdkMCH— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 12, 2026
Пожарот избувнал откако украинските дронови погодиле инфраструктура која се смета за стратешки важна за снабдувањето со гориво во Русија, како дел од засилениот напад врз енергетската инфраструктура по краткото затишје за време на мировните преговори минатиот месец. Украинските власти, вклучувајќи го и претседателот Зеленски, постојано повторуваат дека нападите врз руските рафинерии за нафта се „најдобрите санкции“.
Meanwhile in Russia’s Ukhta.
The local refinery keeps getting hit by drones as we speak.
1,800 km away from the Ukrainan border. pic.twitter.com/TZMDIrIIg6
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) February 12, 2026
Снимки од густи облаци од црн чад над областа на рафинеријата Ухта веднаш по нападот циркулираат на социјалните медиуми, илустрирајќи го обемот на инцидентот и влијанието на нападот далеку на руска територија.
Европа
(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки
Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време на советско-авганистанската војна, изјави поранешен шеф на британската разузнавачка служба во неодамнешно интервју.
Ричард Мур, поранешниот шеф на МИ6, даде интервју за Скај њуз, во кое рече дека околу 30.000 руски војници загинале во Украина во декември, опишувајќи ја бројката како „застрашувачки“.
Мур го спореди месечниот број на жртви на руски војници со загубите во советско-авганистанската војна, која траеше десет години, од 1979 до 1989 година, и во која загинаа околу 15.000 советски војници.
„Загубите се ужасни и дури и Русите ќе имаат тешкотии да ги надоместат тие загуби. Затоа поминуваат катастрофално лошо на бојното поле“, рече Мур.
Европа
Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост
Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид да ги принудат корисниците да се префрлат на конкурентска услуга контролирана од владата.
„Руската влада се обиде целосно да го блокира WhatsApp со цел да ги насочи граѓаните кон апликација контролирана од државата“, рече Мета.
„Правиме сè што можеме за да ги одржиме нашите корисници поврзани“, се додава во соопштението.
Фајненшл тајмс претходно објави дека руските власти го отстраниле WhatsApp, кој има околу 100 милиони корисници во Русија, од онлајн регистарот на апликации што ги води Роскомнадзор, државниот регулатор за комуникации.
Овој потег се смета за дел од пошироката стратегија за ограничување на пристапот до платформи што не се директно контролирани од руските безбедносни служби. Рускиот регулатор веќе воведе ограничувања за Telegram претходно оваа недела, објави Франс Прес.
Руските власти вршат притисок за префрлување на MAX, за кој критичарите велат дека овозможува надзор на корисниците, објави Ројтерс.

