Свет
Која е порноактерката за која е обвинет Трамп: била добар ученик и освојувала низа награди
Големата порота го обвини Доналд Трамп дека и платил 130.000 долари на порноактерката Сторми Даниелс, која тврди дека имала афера со него додека тој бил во брак со неговата сегашна сопруга Меланија.
Трамп објави изјава веднаш по гласањето на обвинението против него.
„Ова е политички прогон и мешање во избори што досега не се случило“, напиша Трамп.
Аферата поврзана со Сторми Даниелс трае со години, уште од времето кога тој сè уште беше претседател. Сторми Даниелс има 44 години. Тоа не е нејзиното вистинско име, се вика Стефани Клифорд, но повеќе го сака името по кое стана позната во индустријата за филмови за возрасни.
Таа е родена во Батон Руж, Луизијана, а мајка ѝ ја одгледала откако нејзините родители се развеле. Како дете била запоставена, а имала девет години кога била сексуално малтретирана од постар маж, напишала таа во мемоарите објавени во 2018 година.
Таа била добар ученик и ги обожавала коњите. За да заработи за живот, таа првин се свртела кон стриптизот, а потоа и кон порноиндустријата, каде што станала актерска ѕвезда, режисерка и сценарист и освоила неколку награди. На пошироката американска јавност ѝ стана позната по врската со Трамп.
Таа го запознала првпат летото 2006 година на хуманитарен голф-турнир во близина на езерото Тахо, во планините Сиера, на самата граница на Калифорнија и Невада.
Даниелс добила 130.000 долари за да молчи пред изборите во 2016 година.
Таа тогаш имала 27 години, а Трамп 60. Според неа, тој ја поканил на вечера во својот стан и ја нашол во пижами, удобно потпрена на каучот. Тие потоа се вклучија во, како што таа го опиша, „најдосадниот секс во нејзиниот живот“. Трамп негира дека некогаш бил интимен со Даниелс и ја обвинува за изнуда и тотална измама.
Она што со сигурност се знае е дека Даниелс добила 130.000 долари за нејзиниот молк во пресрет на претседателските избори во 2016 година. Исплатата е дел од истрагата на Окружниот суд на Менхетн за можни прекршувања на законите за финансирање на кампањата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.