Свет
Кој е масовниот убиец од Тексас што уби 7, а рани 22 лица

Мажот кој во Западен Тексас уби седум лица, а рани 22, меѓу кои и 17-месечно бебе, е идентификуван како Сит Ејтор, објави агенцијата АП, повикувајќи се на неименувани полициски службеници.
Како што се наведува, Ејтор, кој беше убиен од полицијата, наводно имал 36 години.
Полицијата во саботата се обидела да го запре Ејтор поради сообраќаен прекршок, а тој почнал да пука.
Полицајците го бркале скоро 20 километри додека тој неконтролирано пукал во областите Одеса и Мидленд.
Убил седум лица, на возраст меѓу 15 и 57 години.
Властите претходно соопштија дека напаѓачот имал криминално досие, но не изнесоа други детали.
Ова е второ масовно убиство во Тексас во последните четири недели, потсетува „Ројтерс“.
Пукањето во Одеса се случи само четири седмици откако 22 лица беа убиени во градот Ел Пасо.
Овој напад е 25. масовно убиство во САД од почетокот на годинава, со што веќе е изедначен вкупниот исход од целата измината година. Бројот на жртви достигна 142, што го надминува бројот на загинати во 2018.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Противниците на Трамп денеска на масовни протести низ САД

Околу 1.200 демонстрации се планирани денеска ширум САД, а организаторите очекуваат тоа да биде најголемиот ден на протести против американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот сојузник Илон Маск, објави Ројтерс.
Протестите наречени „Одземени раце“ ќе им дадат можност на противниците на Трамп да го изразат своето незадоволство од надворешната и внатрешната политика на Трамп на САД, наведува агенцијата.
„Ова е масовен протест кој испраќа многу јасна порака до Маск, Трамп, републиканските конгресмени и сите сојузници на движењето Направете ја Америка повторно голема (MAGA) дека не сакаме нивните раце во нашата демократија, заедници, училишта, пријатели и соседи“, рече Езра Левин, ко-основач на Indivisible, една од групите што ги организираа настаните овој викенд.
Според податоците од веб-страницата на настанот, околу 150 активистички групи се пријавени за учество.
Планирани се протести во сите 50 држави, како и во Канада, Британија, Франција, Германија, Мексико и Португалија.
Најголемите собири се очекуваат на Националниот плоштад во Вашингтон.
Групите кои се противат на обновената воена акција на Израел во Газа и акциите на администрацијата на Трамп против протестите во кампусите ќе учествуваат и на протестите во Вашингтон, објавија организаторите, пренесува Танјуг.
Свет
Во Мјанмар се регистрирани 81 последователен потрес, од кои најсилниот бил со јачина од 7,5 степени

Според податоците на Министерството за метеорологија и хидрологија на Мјанмар, од разорниот земјотрес на 28 март до денес, во таа земја се регистрирани 81 последователен потрес, со јачина од 2,8 до 7,5 степени според Рихтеровата скала, јави Ксинхуа.
Тие потреси следеа по земјотресот со јачина од 7,7 степени што го погоди Мјанмар на 28 март во 12:51 часот. локално време.
Бројот на загинатите во земјотресот се искачи на 3.354, додека 4.850 лица се повредени, а 220 се водат како исчезнати, јавија утринава локалните медиуми.
Свет
Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси во Токио

Најмалку 47 лица, претежно странски државјани, се повредени денеска во судир на два туристички автобуси на автопатот во западниот дел на Токио.
Никој од повредените не е во животна опасност, а судирот се случил околу 10.15 часот во близина на влезот во тунелот Коботоке на автопатот, јави Кјодо.
Автобусите претходно тргнале од железничката станица во Токио и патувале до езерото Кавагучи во соседната префектура Јаманаши.
Според полицијата, автобусите кои биле под управа на истата компанија постојано забрзувале и намалувале поради гужвата на патот, а несреќата се случила кога возачот на последниот автобус не забележал дека првиот автобус закочил.