Свет
Кремљ: Безбедносната архитектура на Европа се менува
Кремљ објави дека верува oти на Европа ѝ треба нова безбедносна архитектура и во иднина ќе бара многу напор.
Ова го одговори портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарско прашање коментирајќи ја изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека по војната во Украина, треба да се преиспитаат односите на Европа со Русија.
„Очигледно, поради фактот што безбедносната архитектура на Европа бргу се менува, неопходно е да се изгради нова безбедносна архитектура за Европа, што ќе бара многу напор во иднина“, изјави Песков за новинарите, а пренесува „РИА новости“.
Тој исто така рече дека секоја идна структура треба да ја гарантира руската безбедност преку цел систем на гаранции.
На денешното новинарско прашање за планот за победа на украинскиот претседател Володимир Зеленски за ставање крај на војната со Русија, Песков рече дека Кремљ ќе го проучи доколку има официјални информации за планот.
„Сметаме дека извештаите во медиумите не треба да се анализираат. Доколку информациите за ова се појават во официјални извори, ние, се разбира, внимателно ќе ги испитаме. Има многу контрадикторни и неверодостојни информации по ова прашање. Затоа ние сме многу внимателни во врска со ова“, рече Песков.
Оваа недела украинскиот претседател Зеленски треба да го претстави планот на американскиот претседател Џо Бајден и неговите двајца потенцијални наследници, Камала Харис и Доналд Трамп.
Зеленски патува за САД, каде што утре ќе одржи говор пред членовите на Генералното собрание на ОН. Планот, чии детали Зеленски досега не ги објави јавно, се чини дека е голем поттик за украинскиот претседател во неговите напори да го убеди Вашингтон и другите сојузници да обезбедат дополнителна и уште повеликодушна помош за неговата земја со цел да ја принуди Москва да се стави крај на конфликтот под услови прифатливи за Киев.
Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека за време на седумнеделниот напад на Украина врз западниот руски регион Курск загинале најмалку 56 цивили, а 266 биле ранети.
Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи изјави дека Украина се придржува до меѓународното хуманитарно право и не ги таргетира цивилите како дел од упадот во регионот Курск.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви
Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз што доаѓаше од спротивната насока. Полицијата се сомнева во убиство и започна истрага, а според првичните информации, сторителот и жртвата не се познавале, пишува Шпигел.
Според досегашните сознанија на полицијата, жртвата е 18-годишна девојка која чекала на перонот воз во правец на центарот на градот.
Сторителот, 25-годишен маж по потекло од Јужен Судан, стоел одвоено од неа. Во еден момент, тој одеднаш ѝ се приближил, ја зграпчил и, од сè уште непознати причини, ја влечел на шините, точно пред возот што влегувал во станицата. Двајцата починале на местото на несреќата.
Свет
46 жртви во железничката несреќа во Шпанија
Смртта на 43-годишна жена која била на одделот за интензивна нега во болницата Реина Софија во Кордоба го зголеми бројот на жртви во железничката несреќа кај Адамуз, која се случи на 18 јануари, на 46, соопштија владини извори.
Дваесет и осум од вкупниот број жртви биле од провинцијата Уелва, пренесе „Паис“.
Жртвата, жителка на Ла Палма дел Кондадо, била меѓу патниците на возот Алвија од Мадрид. Во моментот на несреќата се враќала по полагање испит за затворски чувар. По несреќата била на интензивна нега поради сериозни проблеми со белите дробови.
Од вчера, 16 од 126-те повредени патници и понатаму се во болниците во Андалузија, од кои двајца се на интензивна нега. Андалузиската здравствена служба извести за уште едно отпуштање од болница и за еден пациент кој го напуштил одделот за интензивна нега.
Поради смртта на најновата жртва, шпанската влада одлучи да ја одложи државната комеморација закажана за денеска. Шпанскиот премиер Педро Санчез вети дека државата ќе продолжи со истрагата и ќе им дава поддршка на семејствата погодени од трагедијата.
Свет
Пак загинати во израелски напади во Газа
Најмалку 12 Палестинци утрово загинаа во израелски напади на јужниот и северниот дел на Појасот Газа, соопштија болниците во Газа.
Ова е еден од израелските напади со најголем број жртви откако стапи во сила примирјето во Појасот Газа на 10 октомври.
Во нападите се погодени локации на северот и југот на Појасот Газа, вклучувајќи станбена зграда во градот Газа и шатор во Кан Јунис, рекле официјални претставници на болниците. Тие навеле дека меѓу жртвите има две жени и шест деца.
Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500 Палестинци се убиени во израелски напади од почетокот на примирјето на 10 октомври.

