Контакт

Европа

Кремљ: Ерозијата на светскиот поредок ја започна НАТО со бомбардирањето на Белград

Објавено пред

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на денешната прес-конференција изјави дека ерозијата на светскиот поредок започна со бомбардирањето на Белград на НАТО.

dobivaj vesti na viber

„Кремљ смета дека ерозијата на светскиот поредок започна со американските напади врз Белград“ – рече тој.

Песков тогаш изјави дека Г-20 е важен и дека Русија ќе биде подготвена да учествува на самитот, но дека ако одлучат да ја исфрлат Москва од оваа група, тоа нема да биде фатално за нив.

„Што се однесува до форматот Г20, тој е важен, но од друга страна, во сегашните услови, кога повеќето членки се во економска војна со нас, ако не исклучат од групата, ништо фатално нема да ни се случи“ – рече Пексов.

Тој потоа додаде дека Русија во секој случај сè уште се води од мислењето на другите учесници во овој формат.

Песков потоа се осврна на обвинувањата на украинскиот претседател за употреба на фосфорни бомби за време на конфликтот во Украина.

„Русија никогаш не ги прекршила меѓународните конвенции, ви препорачувам да го контактирате Министерството за одбрана за повеќе детали за ова“ – рече тој.

Тој додаде дека Русија ќе бара објаснување за постоењето наводни биолошки лаборатории во Украина.

„Нашите експерти од Министерството за одбрана продолжуваат да работат на анализа на податоците што досега ги имаме за постоењето на биолошки лаборатории и програмите што се развиваат таму. Ова е многу чувствителна информација за нас и за целиот свет. Се разбира, ќе бараме и објаснувања“ – рече Песков.

Портпаролот на Кремљ, исто така, им рече на новинарите дека руската војска ќе поднесе предлози до претседателот Владимир Путин за тоа како да ја зајакне одбраната како одговор на зајакнувањето на НАТО на неговото источно крило.

Тој додаде дека нема официјален став дали Русија ќе ги обнови уништените украински градови како Мариупол.

Европа

Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад

Објавено пред

Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.

dobivaj vesti na viber

Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.

Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.

Прикажи повеќе...

Европа

Мерц реизбран за лидер на ЦДУ

Објавено пред

Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.

dobivaj vesti na viber

Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.

Резултатот е негов втор најдобар досега.

Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.

Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.

Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.

Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

Прикажи повеќе...

Европа

Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија

Објавено пред

Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.

dobivaj vesti na viber

Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.

„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.

Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.

До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет3 часа

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет3 часа

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион15 часа

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија16 часа

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет17 часа

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет19 часа

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ20 часа

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ20 часа

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...

Македонија21 час

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...

Македонија22 часа

Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога,...

Македонија23 часа

(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари,...

Македонија1 ден

Искусните лекари ќе можат да работат до 70 години и да земаат пензија каде што има дефицит, предност за вработување ќе имаат најдобрите дипломци – подготвени законските измени

Министерството за здравство подготви повеќе значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се објавени на Единствениот...

Топ1 ден

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија1 ден

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...

Свет1 ден

Украински генерал: Можеме да се бориме уште со години

Олександр Пивненко, командант на Националната гарда на Украина, изјави дека Украина е способна да води војна уште неколку години и...

Македонија1 ден

Ристоска со реакција на изјавата на Мицкоски дека таа не е во игра за нов државен јавен обвинител

Во врска со изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека Ленче Ристоска не е во игра за нов државен јавен обвинител, што...

Македонија1 ден

Ако сѐ било по пропис, зошто Владата не ги објавува листите со патници во авионот, прашува СДСМ

Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави...

Свет1 ден

Европските дипломати претпазливи во врска со подемот на Венс, оценуваат експертите

Европските сојузници внимателно го следат политичкиот подем на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кого некои аналитичари го сметаат за поидеолошки...

Свет1 ден

Финскиот претседател: САД не можат да ни забранат да се бориме против Русија

Финскиот претседател, Александар Стаб, изјави дека САД не можат да ѝ наредат на Финска да се откаже од својата одбрана...