Свет
Кремљ загрижен за ситуацијата на Блискиот Исток: „Ова е исклучително опасен настан со проширување на зоната на конфликтот и целосна дестабилизација на регионот“
Кремљ најави дека стравува од целосна дестабилизација.
Кремљ денеска објави дека стравува од целосна дестабилизација на Блискиот Исток поради воената ескалација меѓу Израел и Хезболах во Либан.
„Се разбира, ова е потенцијално исклучително опасен настан со проширување на зоната на конфликтот, целосна дестабилизација на регионот“, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека Кремљ изразува голема загриженост за оваа ситуација.
Израелската армија соопшти дека утрово над 50 проектили биле лансирани кон северен Израел од Либан, каде што во последните денови се интензивираа прекуграничните борби против проиранското исламистичко движење Хезболах.
Во понеделникот загинаа 492 лица, од кои 35 деца и 58 жени, а 1.645 се ранети, соопшти либанското Министерство за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија ги осуди иранските напади врз заливските држави
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Будимпешта најостро ги осудува иранските напади врз суверенитетот и територијалниот интегритет на заливските држави.
Како што наведе, нападите насочени кон Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија претставуваат сериозна закана за регионалната безбедност.
„Секој чекор што води кон ескалација на конфликтот е неприфатлив и дополнително ја зголемува нестабилноста на Блискиот Исток. Безбедноста и стабилноста на регионот се од глобален интерес, а Унгарија поддржува деескалација“, порача Сијарто во објава на социјалната мрежа Икс.
Тој додаде дека Унгарија изразува солидарност со своите партнери во регионот, кои, според него, се изложени на континуирани напади.
Свет
(Видео) Израелската армија објави снимка од нов голем напад врз Техеран
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија снимка од воздушен напад врз, како што наведуваат, „штаб на иранскиот терористички режим“ во Техеран.
На видеото се гледа уништување на две згради во иранската престолнина.
Претходно, војската соопшти дека спроведува бран обемни напади врз „цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“.
צפו בתיעוד ראשון מהמטס הרחב של חיל האוויר בלב טהראן
מצורף תיעוד מהדקות האחרונות של השמדת מפקדה של משטר הטרור האיראני בלב טהראן pic.twitter.com/jGSpx0oo2Y
— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) March 1, 2026
Свет
(Видео) Експлозии одекнуваат низ Техеран откако Израел најави широк напад во срцето на иранската престолнина
Нови експлозии одекнуваат низ Техеран, а снимки и фотографии од густ чад се појавуваат на социјалните мрежи.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) пред нешто повеќе од половина час објавија дека почнале напади врз срцето на Техеран.
तेहरान के ऊपर विशाल धुएँ के कॉलम उठ रहे हैं, इज़रायली हमलों के बाद। क्या ये मिडिल ईस्ट का नया युद्धक्षेत्र बन गया? #TehranUnderAttack #IsraelIranWar#Iran #Khamenei #Israel #Tehran #Teheran #IranRevoIution2026 #IranWar pic.twitter.com/IllTWLSKhe
— Mayank Tiwari (@imayanktiwari) March 1, 2026
„Воздухопловните сили, водени од военото разузнавање почнаа широк бран напади врз цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“, се наведува во соопштението на армијата.
Војската додава дека во текот на изминатиот ден биле спроведени обемни напади со цел да се обезбеди воздушна надмоќ и да се отвори патот кон Техеран.
Фото: ЕПА

