Свет
Кремљ издаде предупредување за договорот за жито
Русија не гледа како може да се продолжи договорот за извоз на украинско жито ако не се исполнат сите негови одредби, изјави во понеделникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Сметаме дека Црноморската иницијатива не може да се продолжи без исполнување на барањата“, истакна Песков во изјава за „РИА новости“.
Со договорот од јули 2022 година, постигнат со посредство на ОН и на Турција, беа воспоставени коридори во Црното Море за безбеден извоз на жито од Украина.
Но, договорот исто така ги обврзува САД и нивните сојузници да го деблокираат извозот на руско жито и вештачко ѓубриво, кој беше запрен поради санкциите на Западот врз рускиот бродски сообраќај. Тие досега не си ги исполнија обврските.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во понеделникот му врачи писмо на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во врска со договорот за жито, кое содржи детален извештај за веќе постигнатиот напредок и заложбите на светската организација да продолжи да работи на преостанатите прашања.
Гутереш потврди дека Црноморската иницијатива е пакет-договор, но и дека само првиот дел од неа е успешно имплементиран.
Лавров го потврди постоењето на писмото по едночасовната средба со Гутереш.
„Искрено, напредокот досега не е многу забележлив. Не гледаме желба кај западните земји навистина да го направат она што е неопходно за успех на договорот за жито“, истакна Лавров.
САД и ЕУ тврдат дека извозот на земјоделски производи и ѓубрива од Русија се исклучок од нивните санкции. Но, стоката нема како да стигне каде што е најпотребна бидејќи Западот ја санкционира целата руска бродска индустрија и ѝ оневозможи пристап до брокерски и осигурителни услуги.
Иако Црноморската иницијатива првично беше претставена како начин да им се помогне на неразвиените земји зависни од увоз на храна – главно во Африка, но и делови од Азија – најголемиот дел од извозот на Украина, всушност, заврши во ЕУ.
Според истражувањето на еден австриски центар објавено во февруари, голем дел од украинската пченка завршил како храна за свињи во Шпанија, од кои се произведува светски познатата и скапа сушена шунка „хамон“, а само 15 % од вкупниот извоз на жито стигнал до Африка.
Во март Москва се согласи да го продолжи договорот за 60 дена, но предупреди дека тој нема да биде дополнително продолжен ако не се исполнат сите негови одредби. Сегашниот аранжман истекува на 18 мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ким Џонг Ун најави зајакнување на нуклеарниот арсенал
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун најави зајакнување на нуклеарниот арсенал на земјата и развој на нови стратешки системи за оружје, додека во главниот град Пјонгјанг се одржа голема воена парада по повод завршувањето на партискиот конгрес, објавија државните медиуми.
Според агенцијата KCNA, Ким рече дека земјата има „цврста волја“ дополнително да ги прошири и зајакне своите нуклеарни сили и да го зголеми бројот на боеви глави и оперативни средства. Тој, исто така, најави развој на помоќни интерконтинентални балистички ракети, како и напредни системи што вклучуваат вештачка интелигенција и беспилотни летала.
Деветти конгрес на владејачката партија
Деветтиот конгрес на владејачката Работничка партија на Кореја траеше една недела, на кој беа поставени клучните политички цели за следните пет години, а заврши со воена парада што, според KCNA, го демонстрираше растечкиот меѓународен статус на земјата.
Односи со САД
Ким рече дека можноста за подобрување на односите со САД зависи од, како што рече, подготвеноста на Вашингтон да се откаже од „политиката на конфронтација“, додавајќи дека во тој случај „нема причина двете земји да не воспостават добри односи“. За време на првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, двајцата лидери се сретнаа три пати, но преговорите не доведоа до траен договор.
Затегнување на односите со Јужна Кореја
Во исто време, Северна Кореја ја заостри својата реторика кон Јужна Кореја, која Ким ја нарече свој најголем противник и непријател, и ја отфрли можноста за дијалог со владата на претседателот Ли Џе-Мјунг, и покрај сигналите од Сеул за подготвеност за подобрување на односите.
Регион
„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ
Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија.
Заменик-директорот за пулмологија, Спасоје Попевиќ, вчера вечер за Танјуг изјави дека ситуацијата е многу тешка и дека министерот Дачиќ има тешка пневмонија и дека следните 72 часа ќе бидат клучни.
– Тој моментално е на механичка вентилација – респиратор, прима сè што му е потребно, сите лекови, терапија, со тој респиратор, што е метод на лекување, купуваме време потребно тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Тешка пневмонија и борба за неговиот живот – рече д-р Попевиќ.
Докторот прецизираше дека министерот Дачиќ е хоспитализиран во 16:30 часот на Клиниката за пулмологија.
Попевиќ додаде дека засега не може да даде никаква прогноза.
– Прерано е, но се обидуваме и мислам дека успеваме до одреден степен да ја стабилизираме неговата состојба. Следните неколку дена ќе ни дадат одговори како да продолжиме. Постојано сме околу него и тоа е сè што можам да кажам во овој момент – рече Попевиќ.
Дачиќ вчера беше посетен и од српскиот претседател Александар Вучиќ и членови на владата.
Регион
(Видео) Вучиќ за состојбата на министерот Ивица Дачиќ: Се молиме за него
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ е примен на полуинтензивна нега во Клиничкиот центар на Србија и е во сериозна состојба.
Дачиќ моментално е на апарати и е во критична состојба. Дијагностициран му е билатерална пневмонија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ даде изјава пред Клиничкиот центар на Србија:
„Вицепремиерот на Србија и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е во тешка ситуација“, кажа претседателот на Србија пред Клиниката за пулмологија во Клиничкиот центар на Србија, каде што го посети со членови на владата.
„Ги посетивме сите заедно вицепремиерот и претседателот на Социјалистичката партија на Србија, тоа е тешка ситуација, но веруваме во лекарите и веруваме во него и се молиме за него“, рече Вучиќ.
Според лекарот што го лекува министерот Дачиќ, ситуацијата е многу тешка, Дачиќ има тешка пневмонија.
„Тој моментално е на механичка вентилација, односно респиратор, прима сè што му е потребно, ја прима најдобрата антибиотска терапија, со тој респиратор купуваме време потребно за тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Тој беше примен на Клиниката за пулмологија околу 16:30 часот. Следните неколку дена ќе ни дадат повеќе одговори, се надеваме на најдоброто“, рече д-р Попевиќ, кој го лекува Дачиќ.

