Свет
Кремљ со порака до опозицијата во Венецуела: Признајте го поразот и честитајте му на Мадуро

Кремљ денеска соопшти дека опозицијата во Венецуела треба да го прифати изборниот пораз и да му ја честита победата на актуелниот претседател, Николас Мадуро.
„Гледаме дека опозицијата не сака да го прифати поразот, но веруваме дека мора да го стори тоа, треба да му се честита на победникот на овие избори“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој предупреди дека надворешните сили не смее да се обидуваат да шират нестабилност во таа јужноамериканска земја. Под социјалистичката влада на Мадуро, Венецуела стана еден од главните сојузници на Русија. И Мадуро и неговиот ривал Едмундо Гонзалес тврдат дека победија на претседателските избори во неделата.
Националната изборна комисија прогласи победа на Мадуро, кој е на власт од 2013 година. Според тие извештаи, тој на изборите во неделата освоил 51,2 отсто од гласовите, а опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес освоил 44,2 отсто.
Опозицијата не ги признава резултатите и тврди дека се работи за изборен фалсификат. Лидерката на опозицијата, Марија Корина Мачадо, вчера изјави дека противниците на владата имаат пристап до 73 отсто од преброените гласови и дека се покажало дека нивниот претставник има огромна предност.
Таа тврди дека Гонзалес победил во сите сојузни држави и има повеќе од 6,2 милиони гласови, а Мадуро има само 2,7 милиона. По објавувањето на резултатите, во земјата протести избувнаа. Во судирите со безбедносните сили веќе има жртви, јавуваат локалните медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Литванија: Путин нема да запре освен ако ние не го запреме

Кестутис Будрис, министерот за надворешни работи на Литванија, изрази солидарност со Полска. Будрис повика на зајакнување на воздушната одбрана и рече дека НАТО мора да одговори со капацитети, „не само со загриженост“.
„Реалноста е јасна: сè додека на Путин му е дозволено да ја продолжи својата крвава војна против Украина, ниедна земја – дури ни во рамките на НАТО – не е безбедна. Санкциите мора да удрат во срцето на воената економија на Кремљ. Путин нема да запре освен ако ние не го запреме“, рече тој.
Европа
Оштетен дрон пронајден на 40 км од границата на Полска со Белорусија

Локалната полиција потврди дека оштетен дрон за кој се верува дека учествувал во ноќен напад е откриен во селото Чосновка во источна Полска.
Чосновка се наоѓа на околу 40 км од границата на Полска со Белорусија.
Полската влада ги предупреди сите што ќе го пронајдат соборениот дрон да не му се приближуваат, велејќи дека „таквите предмети можат да останат опасни и мора да бидат проверени од експерти“.
Свет
ЕУ го осуди израелскиот напад врз Катар

Израелските воздушни напади врз лидерите на Хамас во Доха се кршење на меѓународното право и територијалниот интегритет на Катар, соопшти вчера вечер Европската Унија, предупредувајќи на ризиците од понатамошна ескалација на насилството во регионот.
„Изразуваме целосна солидарност со властите и народот на Катар, стратешки партнер на Европската Унија“, изјави портпаролот на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, на Икс.
„Секоја ескалација на војната во Газа мора да се избегне – тоа не е во ничиј интерес. Ќе продолжиме да ги поддржуваме сите напори што водат до прекин на огнот во Газа.“
Катар, кој дејствуваше како посредник заедно со Египет во разговорите за посредување за прекин на огнот во речиси двегодишната војна во Газа, го осуди нападот како „кукавички“ и го нарече флагрантно кршење на меѓународното право.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нападот во Доха бил „целосно оправдан“ и дека бил нареден по нападот во Ерусалим во понеделникот и загинувањето на четворица израелски војници во Газа.
фото: принтскрин