Свет
Кремљ не гледа основа за да поведе кривична истрага за состојбата на Навални
Кремљ засега не гледа основа за поведување кривична истрага за ситуацијата во врска со опозицискиот блогер Алексеј Навални, изјави прес-секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.
„Прво, неопходно е да се идентификува супстанцијата, да се открие што ја предизвикало неговата состојба. Тоа значи дека треба да има основи за истрага. Досега сè што можеме да кажеме е дека пациентот е во кома. Ако се утврди дека Навални е отруен со одредена супстанција, ќе има причина за истрага“, рече тој.
Песков додаде дека труењето може да се смета само како една од верзиите на она што се случило со Навални.
„Засега има и многу други медицински верзии“, истакна тој именувајќи ја меѓу нив употребата на одредени лекови и индивидуална реакција на одредени околности.
„Сите овие верзии беа разгледани уште во првите часови од страна на лекарите и специјалистите од Омск и од Москва, сето ова е дискутирано и проверено веќе десетици пати додека бараа супстанции. Не успеаја, не најдоа супстанција, не ја гледаат оваа материја. Можеби Германците ќе ја видат“, рече тој.
Руските лекари ја поддржуваат размената на информации и материјали со своите германски колеги во ситуацијата со Навални, додаде Песков.
„Секако, нашите лекари се подготвени да достават примероци од првите тестови и да предложат размена на информации и разни биолошки материјали со германските колеги“.
Тој се воздржа од одговор на прашањето дали руските лекари сториле сè што можат и дали ќе бидат потребни дополнителни анализи.
„Не можам да кажам, не знам. Имам идеја колку примероци се потребни и колку информации може да се извлечат од нив, но знаете дека ние не сме специјалисти. Кремљ не може да биде експерт за тоа. Не земаме никакви примероци. Не можеме да кажеме ништо за резултатите од тестирањето. Бесмислено е да се зборува за тоа, не знаеме ништо за тоа“, нагласи Песков.
Тој додаде дека руските лекари три дена се бореле за животот на Навални и не биле потребни никакви посебни упатства од Путин.
„Лекарите три дена не штедеа никаков напор да го спасат животот на пациентот и веројатно овој живот беше спасен благодарение на нив. Подоцна, нашите агенции бргу ги решија сите формалности водејќи сметка за тешката состојба за барањето на неговата сопруга да го однесе во Германија“, рече Песков.
Портпаролот на Кремљ ги осуди тврдењата дека руските власти се вмешани во труењето на Навални нагласувајќи дека не може да се сфатат сериозно.
„Не можеме да ги сфатиме сериозно овие обвинувања. Овие обвинувања, кои не може да бидат вистинити, не се ништо друго освен млатење празна слама би рекол, така што немаме намера сериозно да ги третираме“, истакна тој.
Кремљ е збунет од брзањето на Германија да ја објави теоријата за труење. Според Песков, руски и германски специјалисти имаат идентични медицински податоци за ова прашање, но нивните заклучоци се различни.
„Не сфаќаме зошто им се брза на нашите германски колеги да го користат зборот труење“, рече тој додавајќи дека оваа теорија е меѓу првите што руските лекари ја зеле предвид, но супстанцијата сè уште не е идентификувана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нов инцидент во Полска: дрон падна во близина на воена база
Нов инцидент поврзан со беспилотно летало е регистриран денес во Полска. Како што објавија локалните власти, мал дрон паднал во областа на воена база во централна Полска. Комерцијално достапен модел се урна во Лоѓ откако се заплетка во дрво.
Според информациите од воената полиција, не е регистрирана никаква штета. Властите брзо го идентификуваа и приведоа осомничениот оператор, 22-годишен полски државјанин, и го обвинија за кршење на прописите за воздухопловство. Имено, управувањето со беспилотни летала во близина на воен објект може да резултира со затворска казна до пет години, а истрагата е во тек. Сличен инцидент се случи на 28 јануари кога мал дрон падна врз воена база во Пжасниш, според „Киев Индепендент“.
Претходните видувања на беспилотни летала во неколку европски земји предизвикаа прекини во воздушниот сообраќај, додека стравувањата од ескалација на руската хибридна војна растат. Полска, членка на НАТО, е во состојба на висока готовност од септември кога неколку руски беспилотни летала беа соборени над нејзина територија за време на напад врз Украина.
Инцидентот следеше по нарушувањата на воздушниот простор на балтичките сојузници на НАТО од страна на руски борбени авиони, како и по сомнителните видувања на беспилотни летала над европските аеродроми и други стратешки цели. Некои западни лидери повикаа на порешителен и покоординиран одговор, вклучително и соборување на беспилотните летала кога е потребно.
Свет
(Видео) Обилни дождови, силни ветрови, Португалија е во најголем ризик од поплави поради бурата „Марта“
Националниот командант на Цивилната заштита на Португалија, Марио Силвестре, денес предупреди на опасноста од обилни дождови и силни ветрови предизвикани од бурата „Марта“ во текот на претстојната ноќ, а највисокото ниво на тревога ќе остане на сила до сабота поради ризикот од поплавување на неколку реки.
Според португалскиот „Диарио де Нотисијас“, главната загриженост се однесува на реките Дуро, Мондего и Тахо, поради влијанието на шпанските брани и високите нивоа на водата.
Storm Marta is on its way
The sky over Portugal didn't change today, with heavy clouds, as Storm Marta is expected tomorrow. Bringing strong winds, persistent rain and rough seas. Stay updated with the weather forecast here: https://t.co/urjPWjI1Fc#theportugalnews #portugal pic.twitter.com/N4IiiAJbLM
— The Portugal News (@theportugalnews) February 6, 2026
„Нè очекуваат обилни врнежи од дожд и налети на ветер до 100 км/ч. Поради заситеноста на земјиштето и оштетената инфраструктура, потребно е да се биде внимателен за да нема дополнителни проблеми и жртви“, рече Силвестре.
Фото: ЕПА
Свет
Песков ги повика Русите да не ги игнорираат Олимписките игри
Прес-секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека настапите на руските спортисти на Олимписките игри се задолжителни. Според РИА Новости, тој ќе ги гледа и церемониите на отворање и затворање.
„Дефинитивно ќе бидам таму каде што настапуваат нашите момци. Ќе бидам таму на отворањето и затворањето. Тоа мора да се види“, рече Песков.
На Зимските олимписки игри 2026 година ќе бидат доделени 116 медали во 16 спортови. Меѓу руските спортисти на кои им е дозволено да се натпреваруваат како неутрални се уметничкото лизгање Аделија Петросјан и Петр Гуменик, скијачот Никита Филипов и брзите лизгачи на кратки патеки Иван Посашков и Алена Крилова.
Фото: ЕПА

