Контакт

Свет

Кремљ: Подготвени сме за преговори, но не знаеме дали ќе се појават Украинците

Објавено пред

Кремљ соопшти дека руските власти се подготвени да одржат втор круг разговори со Украина, но дека не е јасно дали на нив ќе се појават украински преговарачи.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека има контрадикторни информации за продолжување на преговорите што требаше да се одржат денеска, пренесува „Гардијан“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Русија мора да престане да ги бомбардира украинските градови пред да продолжат преговорите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

„Не мачеа на сите начини, вклучително и со струја“, вели ослободен палестински затвореник

Објавено пред

По денешното ослободување на 183 палестински затвореници од затворите во Израел во размена за тројца израелски заробеници, многумина прозборуваа за голготата низ која минале.

dobivaj vesti na viber

Ослободениот Палестинец Ибрахим Мухамед Калил Ал-Шавиш ја опиша тортурата во израелските затвори. Разговараше со новинарите в болница, веднаш по ослободувањето, додека лекарите констатираа видливи знаци на тортура по неговото тело.

„Се користеа сите форми на тортура против нас, вклучително и струја. Струјата се применуваше на чувствителните области. Тие користеа ментална и физичка тортура – сè. Повторно се родив, фала му на Бога. Денес е ново раѓање, нов почеток”, изјави Ал-Шавиш на новинарите.

Два автобуса со ослободени затвореници пристигнаа во Европската болница во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа преку преминот Карам Абу Салем по нивното ослободување од израелските затвори, објави Канцеларијата за информации за затворениците на Хамас.

Прикажи повеќе...

Свет

По 491 ден заробеништво, Хамас ослободи тројца Израелци во замена за 183 палестински затвореници

Објавено пред

Хамас ослободи тројца израелски заложници во Газа во замена за 183 палестински затвореници ослободени од Израел утрово.

dobivaj vesti na viber

Тројцата заложници – Ели Шараби, Охад Бен Ами и Ор Леви – беа предадени на Црвениот крст.

Охад Бен Ами и Ели Шараби беа земени како заложници од Кибуц Беери за време на прекуграничниот напад на 7 октомври 2023 година, предводен од Хамас, а Ор Леви беше киднапиран од музичкиот фестивал Нова истиот ден.

Израелските медиуми пренесуваат голема загриженост за здравјето на тројцата ослободен заложници оти се вратиле испиени и со видно намалена телесна тежина.


И на ослободените палестински затвореници, кое беа пречекани со прослава во Рамала, на окупираниот Западен Брег, нивни претставници соопштија дека им е потребна медицинска помош.

Од почетокот на прекинот на огнот на 19 јануари досега се ослободени 21 заложник и 566 затвореници.

До крајот на првата фаза од прекинот на огнот, кој ќе трае уште три недели, се очекува да бидат ослободени 33 заложници и 1.900 затвореници. Израел тврди дека осум од тие 33 лица се мртви.

Прикажи повеќе...

Регион

Инцидент на српскиот претседател Вучиќ: се откачи тркало на автомобилот со кој патуваше, се проверува дали пукнала гумата

Објавено пред

Патувајќи кон Мокрин, на север од Србија, на претседателот Александар Вучиќ му се случи инцидент, јавуваат српските медиуми. Се откачило едно од тркалата на автомобилот со кој патувал. Тој бил пренесен во друг автомобил, а посебна истрага која е во тек, треба да покаже што се случило.
По посетата на Меленци отидов во Мокрин пред големиот собир во Кикинда и на пат бев со мојот автомобил, а ќе ви дадам неколку објаснувања. Значи, дали пукна гумата, тоа треба да утврдат надлежните и тие ќе го утврдат тоа. Пристигнав во Мокрин и се префрлив во друг автомобил“, рече претседателот Вичиќ по инцидентот со тркалото.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Левица во Корча, Албанија: Остро се спротивставуваме на агресивната и бескурпулозна дипломатска офанзива на Бугарија во Албанија

На денешната средба одржана во Горица / Корча (Албанија), организирана од Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), политичката партија Левица...

Македонија4 часа

Со извикување „Правда за Фросина“, „Секој еден може да е следен“ огромна колона граѓани маршираше за Фросина во Неготино

Огромна колона револтирани граѓани денес во Неготино излегоа на протестен марш за смртно прегазената Фросина Кулакова. Извикуваа „Правда за Фросина“,...

Топ6 часа

Ѝ кажал дека внукот прегазил дете и ѝ зел 5000 евра за да не оди в затвор, лажен полицаец измамил 91-годишна скопјанка

91-годишна скопјанка вчера во полиција пријавила дека била измамена за 5.000 евра од лажен полицаец кој ѝ побарал пари за...

Топ7 часа

Полицијата откри малолетници кои се забавуваат во кафулиња во Охрид по полноќ, пријави ќе добијат газдите

Ноќеска охридската полиција направи акциска контрола за откривање малолетници кои престојуваат подолго од законски дозволеното време во повеќе угостителски објекти...

Топ9 часа

Фатен бегалец баран со потерница за кражба

Вчера во 12.00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го привеле С.М.(47) од Кичево, кој бил баран по...

Регион10 часа

Тлото на Санторини не мирува, серија од 20 земјотреси се регистрирани на грчкиот остров

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 9.16 часот во Грција, на Санторини каде...

Македонија12 часа

Таткото на Фросина до родителите на Васил: „Изразувате сочувство по 9 дена, немате вистинско каење, создадовте убиец“

По вчерашната прес-конференција на која родителите на возачот Васил Јованов кој смртно ја прегази Фросина Кулакова изјазија сочувство за загубата,...

Македонија12 часа

Автоматска пушка со дрвен кундак и рамка со 14 куршуми најдени во куќа во село Ложани

Струшкото обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела...

Свет14 часа

Деца починаа од предизвик на „Тик ток“, родителите ја тужат социјалната мрежа

Родителите на четворица британски тинејџери го тужеа „Тик ток“ поради смртта на нивните деца, тврдејќи дека била резултат на натпревар...

Македонија1 ден

Васил доби 3 години и 10 месеци затвор за претходното дело, соопштија од Апелација

Апелациониот суд во Скопје на нејавна седница ја одби како неоснована жалбата на Васил Јованов, за претходното кривично дело каде...

Македонија1 ден

Медиумите имаат право да објавуваат информации поврзани со јавни личности, особено ако тие се релевантни за јавноста, велат од АЗЛП за разрешената директорка на „Козле“

Директорката на Клиниката за белодрбони и респираторни заболувања кај децата „Козле“, д-р Каролина Симоновска, претходно испрати соопштение до медиумите со кое...

Македонија1 ден

Сите дојави за бомби, без исклучок, се лажни, тоа се очекувани хибридни напади, ќе има нови протоколи за МВР и за училиштата, вели Мицкоски

Полицијата и училиштата до крајот на денот ќе добијат нови насоки за постапување по дојави за бомби откога утрово многу...

Македонија1 ден

Филков: На сторителите што трет пат ќе се најдат на суд за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол ќе им биде одземена возачката дозвола

Министерството за правда смета дека постои сериозна потреба за понатамошно разгледување и анализа на постојната законска регулатива. Фокусирани сме на...

Македонија1 ден

Јаневска за дојавите за бомби: Апелираме до наставниците за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси креирани од МОН

Апелираме до наставниците и другите вработени во училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси што се креирани...

Скопје2 дена

МВР: Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави

Министерството за внатрешни работи извести дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни...

Македонија2 дена

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“. Тој беше осуден на 12 години затвор,...

Македонија2 дена

Обвинение против четири лица инволвирани во изведбата на проектот за фасада и илуминација на зградата на Владата

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен...

Скопје2 дена

Нормализирана наставата во училиштата во Скопје по дојавите за бомби

По утринските дојави за бомби во шест основни училишта во општина Аеродром, тимови на МВР веднаш излегоа на терен и...

Регион2 дена

Вучиќ: Курти цело време има наполнетa пушка и сака да пука во Србите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека премиерот на Косово Албин Курти, секогаш има наполнета пушка и сака да пука...

Европа2 дена

Човекот што најверојатно ќе го наследи Шолц: Ова повеќе не е Америка што ја знаеме

Фридрих Мерц (ЦДУ), конзервативниот фаворит за нов германски канцелар, изрази загриженост за насоката во која се движат САД во вториот...