Свет
Кремљ: Русија не ги признава налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд

Москва не ја признава одлуката на Меѓународниот кривичен суд, кој издаде налози за апсење високи руски офицери, соопшти Кремљ.
„Ние не сме потписници на статутот, не го признаваме. Ова не е прва одлука, знаеме и дека има разни затворени процеси, кои се држат во тајност“, изјави на прес секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, пренесува агенцијата „РИА новости“.
Вчера, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење двајца високи руски команданти, Сергеј Иванович Кобилаш и Виктор Николаевич Соколов, под обвинение дека тие наводно извршиле воени злосторства во Украина во периодот од 10 октомври 2022 година до 9 март 2023 година.
„Сергеј Кобилаш, генерал-полковник на руските вооружени сили, кој во соодветно време беше командант на авијацијата на Воздухопловните сили, и Виктор Соколов, адмирал во руската морнарица, кој беше командант на Црноморската флота, се одговорни за воените злосторства за насочување напади врз цивилни објекти и предизвикување прекумерна штета на цивили“, се вели во соопштението.
Се додава дека двајцата се товарат и за злосторства против човештвото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Холандскиот премиер: Мислиме дека Русите стојат зад упадите со беспилотни летала, но нема докази

Холандскиот премиер Дик Шуф изјави за време на посетата на Киев дека европските земји веруваат дека Русија стои зад бранот мистериозни беспилотни летала низ целиот континент, но дека во моментов нема цврсти докази.
На прашањето на „Киев Индепендент“ дали постои консензус меѓу европските држави за одговорноста, Шуф одговори: „Да, секако. За жал, не можеме да докажеме кој стои зад тоа, но многумина мислат дека се Русите. Но, не можеме да го докажеме тоа“.
Беспилотните летала го нарушија воздушниот простор на најмалку осум европски земји во последните недели – Данска, Литванија, Финска, Естонија, Романија, Германија, Белгија и Холандија.
Неколку аеродроми мораа привремено да го запрат сообраќајот.
„Се надевам дека еден ден ќе можеме да докажеме дали Русите или некој друг стои зад ова. Но, навистина е загрижувачки што тие сега се појавуваат околу нашата инфраструктура, околу нашите аеродроми. Мислам дека треба да ги засилиме безбедносните мерки во тој поглед“, рече Шуф.
Фото: принтскрин
Свет
Медведев за неидентификуваните дронови: Важно е што глупавите Европејци ја чувствуваат опасноста од војна на своја кожа

Дмитри Медведев, поранешен руски претседател и сегашен заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност, објави порака на Телеграм за она што го нарече „епидемија на неидентификувани дронови“ во Европа.
Тој тврди дека леталата „летаат насекаде, во близина на воени бази, аеродроми, над градови“, но дека „останува нејасно чии се“.
„Кои се верзиите?“, прашува Медведев, а потоа наведува пет можни објаснувања:
„1. Провокации од украински нацисти со цел зголемување на испораките на оружје и провоцирање војна.
2. Активности на проруски подземни групи во овие земји за дестабилизација на животот во ЕУ.
3. Тестирање на силата на нивните системи за воздушна одбрана од страна на локалните разузнавачки агенции.
4. Лудории на локалните будали за забава.
5. Директни лансирања на дронови од Русија“.
Медведев потоа коментира за секоја верзија. „Првото е доста веројатно, иако патеката на обичен дрон обично може да се проследи. Група бесмислени украински дезертери живеат во Европа. Лансирањето дронови во Европа е побезбедно отколку на бојното поле.“
„Нашите агенти и кртови чекаат посебна наредба“
За второто, тој вели дека е „теоретски можно, но сепак сомнително“ и додава: „Луѓето наклонети кон нашата земја не би ги потрошиле своите ресурси со излегување од нелегалноста. Нашите „агенти и кртови“ чекаат посебна наредба.“
Тој го нарекува третото објаснување „функционално“: „Да, разузнавачките служби и националните вооружени сили треба да ја тестираат својата подготвеност за одбивање на напади со дронови“. За четвртото, тој пишува: „Секако, локалните мрзливци би можеле да се забавуваат лансирајќи дронови. Зошто да не ги вознемирите вашите бирократи? Убав начин да се направи тоа!“ Во врска со петтото објаснување, тој вели дека „рускиот претседател зборуваше за тоа опширно“ и дека „нема што да се додаде“.
„Всушност, која било од горенаведените причини, или комбинација од нив, би можела да биде причина за оваа паника околу „руските беспилотни летала““, пишува Медведев.
„Но тоа не е важно. Важно е што глупавите Европејци ја чувствуваат опасноста од војна на своја кожа. Дека се плашат и треперат како глупави животни во стадо кое се води на колење. Можеби тогаш ќе разберат што е војна“, вели Медведев, пренесуваат медиумите.
Изјавата доаѓа по серија извештаи за беспилотни летала забележани во близина на воени бази, аеродроми и над градови во неколку европски земји, што предизвика дебата за потеклото на леталата и кој има мотив да ги лансира. И Данска и Германија тврдат дека беспилотните летала биле испратени од Русија.
Фото: принтскрин
Регион
Убиен судија на Апелациониот суд, во судница во Тирана

Судијата Астрит Каљаја беше убиен денес во Апелациониот суд во Тирана додека траеше рочиштето.
Напаѓачот, засега непознат, влегол во судницата и го застрелал Каљаја, кој бил однесен во болница каде што му била пружена медицинска помош, објавува „Албанија пост“.
На местото на настанот, според медиумот, има бројни полициски сили, кои веднаш го уапсиле осомничениот сторител, а како што се наведува, идентитетот на напаѓачот и мотивите на нападот засега се непознати.
Судијата Астрит Каљаја служел со години во албанскиот судски систем, а неодамна во Апелациониот суд во Скадар.
Тој го поминал процесот на верификација во 2019 година, каде што бил потврден на функцијата од Независната квалификациска комисија, а потоа и од Специјалниот жалбен панел во 2022 година.
Фото: принтскрин