Свет
Кувајтски емир го смени синот од местото министер за одбрана
Емирот Сабах ал-Ахмад ал-Сабах денеска ги разреши својот син Насер ел-Сабах и уште еден министер во владата по нивните јавни меѓусебни обвинувања за корупција и му нареди на премиерот да состави нова влада.
Кувајтскиот емир издаде декрет за смената само неколку дена откаков владата поднесе оставка поради истрага во друг случај.
Насер ал-Сабах изјави дека открил оти биле проневерени 790 милиони американски долари во времето кога сегашниот министер за внатрешни работи бил министер за одбрана.
Редовните парламентарни избори во Кувајт треба да се одржат за една година.
Министерството за правда им забрани на локалните медиуми да известуваат за случајот за проневера. Се наведува дека судењето ќе биде затворено за јавност, пренесе АП.
Насер ал-Сабах не е во редот за наследници на престолот, но неговото назначување за министер за одбрана го привлече вниманието затоа што тоа се случи кога саудискиот крал Салман го назначи својот син Мохамед бин Салман за министер за одбрана пред да го прогласи за престолонаследник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад убиен во напади откако ракета погодила дом
Според извештаите на израелските медиуми, поранешен претседател е убиен во најновата рунда напади. Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад наводно е убиен во израелските и американските напади врз Иран.
Иранските новински агенции потврдија дека поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, е убиен во воздушни напади. Израелските медиуми објавија за убиството, опишувајќи го како дел од тековната кампања насочена кон високи ирански личности. Ахмадинеџад беше претседател на Иран од 2005 до 2013 година.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.

