Регион
Курти: Конфедерација на Албанија и Косово пред влез во ЕУ

Лидерот на политичкото движење „Самоопределување на Косово“, Албин Курти, изјави дека влегувањето во конфедерација на Албанија со Косово е многу добро во пресрет на влегувањето на Албанија во ЕУ. Курти во интервју за албанската државна телевизија ТВШ истакна дека проектот за конфедерација на Албанија со Косово не е во спротивност со Европската Унија.
„Јас сум силен поддржувач на ЕУ бидејќи сметам дека членството во Унијата ја гарантира стабилноста на земјите“, рече Курти и додаде дека внатрешниот мир е многу битен.
Според него, и покрај тоа што проектот за обединување на Косово и Албанија е неприфатлив за меѓународниот фактор и тоа не го дозволува уставот на Косово, сепак во пресрет на влегувањето на Албанија во ЕУ треба да се случи конфедерација.
Тој оценува дека интеграцијата на 6-те земи од регионот во ЕУ треба да биде во ист момент и покрај тоа што Македонија има проблеми со Грција, а Косово со Србија.
К.М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.