Европа
Курц: Бродовите со мигранти да не се пуштаат во Европа

Во време кога Малта и Италија се натегаат околу прашањето на прифаќањето на мигрантите кои секојдневно по воден пат пристигаат во земјите од Европа, австрискиот канцелар, Себастијан Курц, излезе со јасен став.
Курц апелираше до земјите членки да не дозволат бродовите со мигранти да стигнат до Европа.
Додека италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, се закани дека ќе ги враќа мигрантите директно во Либија, доколку другите земји членки на Европската Унија не сакаат да ги прифатат, австрискиот канцелар се изјасни дека бродовите што доаѓаат од Африка не смее да се дозволи да стигнат и да останат во земјите членки на Европската Унија.
Претходно тензиите меѓу Италија и Малта поради миграцијата ескалираа. Италијанската влада бара помош од Европската Унија за решавање на миграцискиот спор со Малта и се закани дека ќе ги врати спасените мигранти во Либија, што би било нелегално бидејќи враќањето на мигрантите во Либија би било спротивно на меѓународното право затоа што станува збор за „небезбедна земја“, според меѓународните стандарди за спасување.
Во средата Малта не го спаси бродот со мигранти, порачувајќи дека не бил во опасност. Кога бродот стигнал близу Лампедуса, Дишиоти го спасил. Малтешкиот премиер порача дека мигрантите се наоѓаат на италијанска територија и дека очекува Унијата и Италија да си ги исполнат обврските и дека Малта го почитувала меѓународното право.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Кремљ: Нашата делегација пристигна во Истанбул

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руската делегација ќе биде во Истанбул на 15 мај, додавајќи дека очекуваат и украинската страна да се појави на преговорите.
Кремљ сè уште не објави кој ќе ја сочинува руската делегација на претстојните преговори во Турција, велејќи дека ќе го објави составот дури кога претседателот Владимир Путин „ќе смета дека е потребно“.
🤡The Russian delegation will be in Istanbul on May 15 and expects the Ukrainian side to arrive there, – Kremlin spokesman Peskov pic.twitter.com/ZWpInh9ag3
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) May 13, 2025
Сепак, според информациите добиени од „Вашингтон пост“ од поранешен руски функционер, Русија ќе ја претставуваат министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и советникот на Путин за надворешна политика Јуриј Ушаков.
Европа
Мелони и Ердоган разговараа за претстојните руско-украински преговори во Истанбул

Италијанската премиерка Џорџа Мелони телефонски разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за преговорите за прекин на огнот во Украина, кои треба да започнат во четврток во Истанбул, соопшти нејзиниот кабинет.
„Во светлината на подготвеноста на Турција да биде домаќин на мировни преговори меѓу Украина и Русија во Истанбул, двајцата лидери разговараа за дипломатските перспективи и ја повторија својата поддршка за праведен и траен мир во Украина“, се вели во соопштението.
Се додава дека Мелони му се заблагодарила на Ердоган за посветеноста на Турција на договорено решение кое ќе го заврши конфликтот во Украина, пренесува Анса.
За време на разговорот, Мелони изрази надеж дека Русија, како што направи Украина, ќе прифати целосно и безусловно 30-дневно примирје, „како конкретен знак на подготвеност за мир“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека руската делегација ќе ја чека украинската страна во Истанбул во четврток, но засега не е познато дали рускиот претседател Владимир Путин ќе учествува во преговорите.
Европа
Жерар Депардје прогласен за виновен за сексуален напад

Судот во Париз го прогласи францускиот актер Жерар Депардје за виновен за сексуален напад врз две жени на филмски сет во 2021 година во еден од најзначајните случаи на #MeToo што се појавиле пред судовите во Франција, објави Си-ен-ен.
Депардје, истакната личност во француското кино, постојано негира каква било вина за време на судењето, а неговиот адвокат побара отфрлање на обвиненијата.
На судењето тој изјави дека медиумите ги искористиле обвинувањата за да му го нарушат угледот. Тој го критикува движењето #MeToo.
„Ова движење ќе се претвори во терор“, рече тој.
Сепак, судијата Тиери Донард објаснувањето на Депардје за инцидентот го сметаше неубедливо.
Државното обвинителство побара од судот да му изрече условна казна затвор од 18 месеци на 76-годишниот Депардје и глоба од 20.000 евра.
Судењето на Жерар Депардје се смета за пресвртница за француската филмска индустрија, која со години беше обвинувана дека е бавна, па дури и отпорна на обвинувањата за злоупотреба од страна на жените.
Во извештајот на францускиот парламент објавен минатиот месец се заклучува дека сексуалното насилство и сексуалното вознемирување остануваат ендемски во француската забавна индустрија и дека жените и децата сè уште се редовно изложени на предаторско однесување.