Свет
Курц: На границите мора да има построги контроли

Австрискиот канцелар Себастијан Курц се изјасни за построги мерки за луѓето што се враќаат од одмор на австриските граници.
„ Мораме построго да контролираме. Итно е потребно здравствените власти да обезбедат опсежна контрола“ изјавил Курц за дневникот „Естерајх“.
Тој рекол дека одговорноста е кај секој поединец да се придржува до сите мерки во рок од 48 часа да направи тест на коронавирус. Курц смета дека е значајно да се воведе тестирање директно на граница.
„Тоа го сметам за корисно, но тоа е во одговорност на здравствените власти“ објаснил тој.
„Здравстените власти мораат да бидат подобри во својата работа. Тоа се однесува пред се на спроведувањето тестови. Предолго трае додека луѓето ги добијат резултатите. Исто така мора мерката карантин побрзо да биде спроведена“ додал Курц.
Според него, актуелниот раст на бројот на новозаразени е загрижувачки. Тој се изјасни и за отворањето на училиштата.
„ Целта е наставата да се одржи. Ако дојде до сомневање за можна зараза, тогаш во тие училишта би се спровеле тестирања на учениците. Евентуално затворање на училиштата треба за секое училиште поединечно да се оценува“ нагласува австрискиот канцелар.
Австрија ја стави Хрватска во групата ризични региони, за кои важи мерката – по враќање во Австрија, неопходен е негативен ПСР тест. Предупредувањето за патување ќе стапи на сила во понеделник на полноќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Заради исклучен доток на гориво во моторите се урнал авионот на „Ер Индија“

Прелиминарниот извештај за несреќата на авионот на компанијата „Ер Индија“, во која минатиот месец загинаа 260 лица, покажа дека три секунди по полетувањето, прекинувачите за гориво на моторите се префрлиле од позиција „вклучено“ во позиција „исклучено“, лишувајќи ги моторите од гориво.
Авионот „Боинг 787- Дримлајнер“ веднаш почнал да губи висина, покажува извештајот објавен од индиските истражители на воздухопловни несреќи.
На снимката од пилотската кабина, може да се слушне како еден од пилотите го прашува другиот зошто го исклучил горивото. Вториот пилот одговорил дека не го сторил тоа, се наведува во извештајот. Не е наведено кој го упатил повикот за помош непосредно пред несреќата, пилотот или копилотот.
И двајцата пилоти биле искусни, со вкупно околу 19.000 часа лет, вклучувајќи повеќе од 9.000 часа во „Боинг 787“.
Префрлањето на прекинувачот во позиција „исклучено“ ги запира моторите речиси веднаш.
Свет
Зеленски: Продолжуваат испораките на оружје од САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека добил ветување дека Украина ќе добие нови испораки на оружје од САД и европските сојузници, јави ДПА.
-Според сите извештаи, суспендираните испораки на оружје се обновени, рече Зеленски.
ДПА пренесува дека разговорите за продолжување на воената поддршка се планирани за следната недела, меѓу другите, и со американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог.
-Исто така, подготвуваме нови европски пакети за оружје, рече Зеленски, потенцирајќи дека, исто така, очекува „силни чекори во врска со новите санкции против Русија“.
САД минатата недела накратко воведоа делумно запирање на испораките на оружје што веќе беа ветени.
Регион
Вучиќ: Полицајците не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила.
„Тие полицајци…не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, изјави Вучиќ.
Вучиќ истакна во интервју за белградски медиуми, дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ затоа што некои во државата требало да ја завршат својата работа, а на 28 јуни го направиле тоа „преценувајќи се себеси и потценувајќи ги другите“.
Тие луѓе мислат дека е нормално да му се одземе на некого уставно загарантираното право на движење, тие не се заинтересирани за ништо, тие го прогласиле за легално и не им е гајле, рече Вучиќ.
„Загрижен сум за државата, но што се однесува до партиските, посебни интереси – одлично, можеби до Нова Година, можеби ќе ги изненадам, а потоа ќе распишам избори“, додаде Вучиќ.