Европа
Курц: Ова не е војна меѓу христијаните и муслиманите, туку меѓу оние кои сакаат мир и оние кои сакаат војна
Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, се огласи на „Твитер“ и рече дека четири лица загинале, а 14 се повредени во терористичкиот напад во Виена.
Тој го карактеризираше нападот како терористички.
Курц им порача на граѓаните дека овој напад во Виена не е и не може да се сфати како војна помеѓу христијаните и муслиманите, или Австријците и мигрантите, туку меѓу оние кои сакаат мир и оние кои сакаат војна.
Aber es muss uns stets bewusst sein, dass dies keine Auseinandersetzung zwischen Christen und Muslimen oder zwischen Österreichern und Migranten ist. Dies ist ein Kampf zwischen den vielen Menschen, die an den Frieden glauben, und jenen wenigen, die sich den Krieg wünschen.
— Sebastian Kurz (@sebastiankurz) November 3, 2020
Тој исто така рече дека денес напладне, со едноминутно молчење, ќе им се оддаде почест на сите жртви на терористичкиот напад во Виена и дека војската ќе остане на улиците на Виена, со цел да се зачува имотот, додека полицијата е ангажирана во потрагата и идентификување на сите одговорни за вчерашниот напад.
„Нема да нè исплашат терористите, ќе го зачуваме нашиот начин на живеење и демократија со сè што ќе располагаме. Ќе ги бараме и ќе ги најдеме сторителите, нивните помагачи и нивните истомисленици и ќе ги изведеме пред лицето на правдата. Ние ќе го гониме секој што има врска со ова“, напиша Курц.
„Ова беше напад од омраза, омраза кон нашите вредности, нашиот начин на живот, нашата демократија, во која сите луѓе ги имаат истите права“, додаде тој на „Твитер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Пожар зафати хотел во ски-центар во Турција, најмалку шест мртви
Во пожар во хотел во ски-центар во северозападна Турција загинаа шест лица, а 31 беа повредени, јави државната телевизија ТРТ.
Пожарот избувна на четвртиот кат од хотел со 11 ката во ски-центарот Карталкаја во Болу рано наутро во вторникот, а пожарникарите се уште работат на гаснење, изјави за ТРТ гувернерот на Болу, Абдулазиз Ајдин.
#BREAKING At least 234 guests at Grand Kartal Hotel in Kartalkaya in Bolu, Turkey where fire broke out, governor says. At least 10 dead, 32 injured. #Bolu #Kartalkaya #Turkiye #Fire pic.twitter.com/DIZWM1u8EB
— 𝐉𝐨𝐮𝐫𝐧𝐚𝐥𝐢𝐬𝐭 (@HamdiCelikbas) January 21, 2025
Тој рече дека причината за пожарот не е позната, но дека властите ќе истражат, додавајќи дека пожарот започнал на подот од ресторанот. Во хотелот имало 234 гости, додаде гувернерот.
Европа
Папата го критикува планот на Трамп: „Срамота“
Папата Франциско ја критикува најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе почне построго спроведување на антиимиграциските мерки, вклучително и депортации, по преземањето на функцијата.
Во интервју за италијанската телевизија „Канал 9“, папата рече дека би било срамота доколку Трамп продолжи со најавениот план, објави „Ројтерс“ во понеделникот додавајќи дека користењето остри зборови е невообичаен начин на комуникација за поглаварот на Католичката црква.
Франциско, духовниот водач на 1,4 милијарда католици, обично внимателно ги избира зборовите кога зборува за политички прашања.
Тој смета дека со овој план „мигрантите, кои немаат ништо, ќе ја платат неплатената сметка“.
„Тоа не функционира. Така не го решавате проблемот“, рече папата.
Европа
Се судрија два брода на реката Елба, 11 повредени
Единаесет лица се повредени кога транспортен брод се судри со траект на реката Елба во северниот германски пристаништен град Хамбург, соопштија денеска пожарникарите.
Едно лице добило повреди опасни за животот, изјави портпаролот во близина на местото на несреќата. Бродовите се судрија рано утрото во близина на мостот „Колбранд“ во југозападниот дел на Хамбург.
Причините за несреќата сè уште не се познати.