Свет
Лавров – Гутереш: ОН строго да се придржуваат до принципот на непристрасност
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на средбата со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во Њујорк го повика раководството на светската организација строго да се придржува до принципот на непристрасност, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Министерството соопшти дека во фокусот на разговорите била ситуацијата во Украина.
Лавров уште еднаш детаљно ги опиша причините за актуелната криза, напредокот и целите на руската специјална воена операција во Украина, чија цел е елиминирање на заканите за националната безбедност на Русија.
Шефот на руската дипломатија го критикува однесувањето на западните земји, кои ја користат платформата на ОН за промовирање политизирани антируски иницијативи, кои, како што рече, може само да ја продолжат тековната криза, се вели во соопштението.
Лавров посочи дека нема напредок во спроведувањето дел од договорот за извоз на руско жито.
Рускиот дипломат истакна дека украинското жито се извезува преку пристаништата на Црното Море врз основа на договорот од Истанбул, кој беше потпишан во јули минатата година, но дека договорот за извоз на руски земјоделски производи и минерални ѓубрива, кој исто така беше потпишан тогаш, не се реализира, соопшти вчера руското Министерство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

