Свет
Лавров: Светот е изманипулиран, не ја нападнавме Украина, им помагаме на цивилите

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека светот е изманипулиран и дека Русија не ја нападнала Украина, туку дека тие им помагале на цивилите. Тој нагласи дека Западот користи опасни потези и дека Русија го гледа тоа.
„ Потезите на Западот се опасни, тоа го гледаме. Ние не ја нападнавме Украина, не планираме да нападнеме ниту други земји. Нашата безбедност е загрозена. Сакавме да разговараме, но никој не нè слушаше. Ние никому нема да ги оправдуваме нашите постапки во Украина, ниту пред НАТО. Нема да гледаме како се гради нацистичката нација во Украина. Сакаме Украина да остане неутрална, ова го кажа претседателот Путин многупати. Според она што го кажува Зеленски, тој почнува да разбира сè и затоа сме малку оптимисти “, рече Лавров по средбата со украинскиот министер за надворешни работи, Кулеба.
Лавров истакна дека работат на тоа да ја решат кризата.
„Разговаравме за хуманитарни проблеми. Објаснивме што прави Русија од своја страна за да им помогне на цивилите приведени од таканаречените доброволци. Ја потсетивме Украина дека руската страна даде конкретни предлози и убедени сме дека ќе добиеме одговор на нашите барања. Сакаме да го зачуваме мирот во Европа“, рече Лавров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ким Џонг-ун на тестирање на борбени беспилотни летала- повикува на развој на вештачка интелигенција

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун присуствуваше на тестирањето на борбени беспилотни летала и охрабри истражување за употреба на вештачка интелигенција за воени цели, објави денес државната новинска агенција КЦНА.
Експертите проценуваат дека таквиот развој на севернокорејскиот арсенал несомнено е поврзан со воената соработка со Русија, обележана со испраќање севернокорејски војници да се борат заедно со руските сили во војната против Украина.
„Тој тест јасно ја покажа извонредната борбена ефикасност на тактичките борбени беспилотни летала на Пјонгјанг“, додаде агенцијата. За Ким Џонг-ун, овие авиони претставуваат висок приоритет и најважна задача во модернизацијата на севернокорејската армија.
Севернокорејскиот лидер, исто така, повика на брз развој на неодамна воведената технологија за вештачка интелигенција и проширување и зајакнување на капацитетот за масовно производство на беспилотни летала, додаде КЦНА. Државните медиуми го објавија развојот на борбени беспилотни летала минатата година.
Фото: принтскрин
Свет
ЕУ планира заем за Украина од замрзнатите руски средства и забрана за руски течен природен гас (ЛНГ) од 2027 година

Европската комисија планира да воведе забрана за увоз на руски течен природен гас (ЛНГ) од 1 јануари 2027 година, што е една година порано од првично планираното, и би бил дел од 19-тиот пакет санкции против Москва.
Во исто време, Комисијата разгледува посебен „заем за репарација“ за Украина, кој би се обезбедил со користење на средствата од замрзнатите руски средства, објавува Ројтерс.
Според економскиот комесар Валдис Домбровскис, идејата е да се обезбеди финансиска поддршка за Украина во време кога американскиот претседател Доналд Трамп ја намалува директната воена помош за Киев.
Околу 300 милијарди долари руски средства се блокирани во земјите од Групата седум (Г7), а најголемиот дел е во Белгија. Дел од овие средства веќе се конвертирани во готовина, според написите.
Предлогот предвидува Европската комисија да издава обврзници без купони, со гаранции од земјите-членки. Белгија, сепак, предупредува дека планот носи значителни ризици и бара тие да бидат поделени меѓу сите членки на Европската Унија.
Висината на заемот ќе биде одредена според проценката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за потребите на Украина за следните две години. ММФ прогнозира дека финансиските потреби на Украина во периодот 2026-2027 година ќе бидат за 10 до 20 милијарди долари повисоки отколку што предвидува владата во Киев, пренесува Танјуг.
Додека Украина верува дека е доволно да се обезбедат 37,5 милијарди долари во следните две години, ММФ проценува дека бројката би можела да достигне до 57,5 милијарди долари, објави Блумберг, повикувајќи се на анонимни информирани извори.
Свет
Зеленски за нападот врз Украина: Русија не ги слуша повиците за мир, потребна е порешителна акција

Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на новиот руски напад со беспилотни летала, нагласувајќи дека, иако целиот свет повикува на мир, Русија не покажува подготвеност да го прифати и дека Украина мора да преземе порешителни акции во врска со купувањето беспилотни летала и оружје.
На својот Телеграм канал, Зеленски рече дека Украина синоќа била цел на напад од речиси 90 руски борбени беспилотни летала, од кои повеќето биле неутрализирани од украинскиот систем за противвоздушна одбрана, објави „Униан“.
Најголемите напади, рече тој, се регистрирани во регионите Донецк, Киев, Суми, Харков, Чернихив и Дњепарк, а биле нападнати и украинската инфраструктура и бизниси.
„Две лица се повредени во Павлоград, додека во Киев моментално се работи на отстранување на последиците од нападот, кој ја оштетил инфраструктурата на јавниот превоз“, рече Зеленски, пренесува Танјуг.
Тој додаде дека, и покрај глобалните повици за мир, вклучително и оние на американскиот претседател Доналд Трамп, Русија не реагира на дипломатските иницијативи.
Тој истакна дека Украина мора поактивно да спроведува сè што ги зајакнува нејзините одбранбени капацитети, вклучително и предложените договори за оружје и беспилотни летала со САД.
„На маса се големи договори за купување беспилотни летала и оружје, што Украина ѝ ги понуди на Америка. Потребна е решителна акција за Русија конечно да се согласи на дипломатија“, рече претседателот на Украина.
Зеленски, исто така, им се заблагодари на сите земји што ѝ помагаат на Украина, нагласувајќи ја важноста на односите со Соединетите Американски Држави за долгорочната безбедност на Украина.
Фото: принтскрин