Свет
Лавров: Украина го отфрли договорот за извоз на жито предложен од Турција

Турција се обиде да го обнови договорот за извоз на жито преку Црното Море во пролетта 2024 година, што Москва го прифати, но Киев го одби по руската согласност, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
„Имаше обид на Турција оваа пролет да го обнови договорот за извоз на жито. Во последен момент Украинците кажаа ајде да запишеме ставка до обврската да не се допираат комерцијалните бродови, дека електраните ќе се одржуваат. Рековме и ние дека така треба да биде, а Ердоган нè увери дека навистина ќе биде така“, рече тој, пренесува „Интерфакс“.
Лавров истакна дека се обидел да разговара искрено и конструктивно, но дека на Украина, која изнела некои предлози, веднаш ѝ било кажано „не“ и дека веќе имале готови планови за бомбардирање на нуклеарните централи, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.
Свет
Украина го префрла производството на оружје во земјите од НАТО

Украинската одбранбена индустрија започнува со работа во Данска, обезбедувајќи им на производителите на оружје со седиште во Киев заштита од руски ракети и пренесувајќи го своето воено искуство во Европа.
Данското Министерство за индустрија и финансии претходно овој месец објави дека украинската одбранбена компанија „Фаер Поинт“ преместува дел од своите производствени процеси во таа земја, оценувајќи го тоа како важен чекор за безбедноста на Украина, што во исто време „создава нови можности за соработка со данските и европските компании“.
Тоа е првиот чекор во новата иницијатива наречена „Гради за Украина“, за која Данска издвои повеќе од 50 милиони долари за да им помогне на украинските одбранбени компании да започнат бизнис, објавува „Бизнис инсајдер“.
Проектот им овозможува на украинските компании да произведуваат на поконвенционален начин, наместо да го кријат или нарушуваат процесот на производство за да избегнат да станат мети на руски ракети и беспилотни летала.
За Данска и нејзините сојузници, соработката носи директно искуство на украинските компании во производството на оружје за големата војна. Тоа знаење е непроценливо.
Засега, барем јавно, проектот вклучува само една украинска компанија. Компанијата „Фаер Поинт“, која исто така произведува дронови и ракети, планира да произведува ракетно гориво во Данска за одбранбените потреби на Украина. Останатите украински компании кои произведуваат хаубици, ракети, дронови и друго оружје сè уште го прават тоа во земјата.
Свет
Над 2 милиони луѓе останаа во мрак во Мексико

Во југоисточниот дел на Мексико околу 2,3 милиони луѓе синоќа останаа без електрична енергија поради дефект на врските меѓу неколку мрежи.
Прекинот во електроснабдувањето траеше четири часа и предизвика хаос пред сè во сообраќајот, посебно во туристичкиот град Канкун. Во делови од градот речиси два часа беа во прекин телефонските услуги.
Најпогодени од прекинот на електрична енергија беа мексиканските сојузни држави Јукатан, Кампече и Кинтана Ро.