Свет
„Лекари без граници“: Во Газа децата на возраст од пет години ни велат дека повеќе би сакале да бидат мртви
Шефот на „Лекари без граници“, Кристофер Локјер, изјави пред Советот за безбедност на Обединетите нации дека медицинските тимови во Појасот Газа користат нов акроним: WCNSF – рането дете, без преживеано семејство.
„Децата што ја преживуваат оваа војна нема да носат само видливи рани од трауматски повреди, туку и невидливи“, изјави генералниот секретар на „Лекари без граници“, Локјер, пред 15-члената комисија.
„Постојано се раселувани, тие се во постојан страв, а членовите на нивните семејства буквално се распарчуваат пред нивните очи“, рече тој.
„Поради тие психички трауми, децата на возраст од пет години ни велат дека повеќе би сакале да бидат мртви“, рече тој.
Локјир остро ги критикува Соединетите Американски Држави велејќи дека е згрозен што тие постојано го користеле правото на вето за да го спречат Советот да бара итен хуманитарен прекин на огнот во војната меѓу Израел и палестинските милитанти Хамас во Газа.
„На луѓето во Газа им треба прекин на огнот, не кога тоа е изводливо, туку сега. Ним им треба одржлив прекин на огнот, а не привремено затишие“, рече Локјер. САД ставија вето на три резолуции на Советот за безбедност на ОН досега, а последната во вторникот го блокира барањето за итен хуманитарен прекин на огнот и наместо тоа, се залагаше Советот да повика на привремен прекин на огнот поврзан со ослободувањето на заложниците што ги држеше Хамас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Рама се пошегува за Црна Гора: „Подгорица може да стане новиот Брисел“
Албанскиот премиер Еди Рама учествуваше на панелот на Самитот „Недела на одржлив развој“ во Абу Даби, заедно со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, каде што, во својот препознатлив хумористичен и ироничен стил, даде низа коментари што го привлекоа вниманието на јавноста, анализираат медиумите во регионот.
Зборувајќи за амбицијата на Албанија да обезбеди енергетски суверенитет до 2028 година, Рама во еден момент му се обрати на модераторот на панелот, алудирајќи на Грција и нејзиниот однос со културното и филозофското наследство. Тој на шега рече дека „Грците често ги потценуваат другите нации, сметајќи дека имаат монопол врз филозофијата и дека се единствените наследници на Платон и Аристотел“, нагласувајќи дека, според него, тоа не е вистина.
Sarcasm of P.M Edi Rama has no end!!!
“Montenegro is the greatest and biggest country in the region. They gave 50 million citizens. We are small, but Montenegro is the one." pic.twitter.com/89zifCh2ih— Sami Flamuri🇦🇺🇦🇱 (@SamiFlamuri) January 15, 2026
Потоа, Рама се осврна и на Црна Гора. Тој истакна дека не сака да „го губи времето на Црна Гора“, но со иронични пофалби рече дека таа е „најголемата земја во регионот“ со „50 милиони жители“, додека Албанија, додаде тој, е мала земја.
Во овој дух, Рама рече дека, доколку Европската Унија остане далеку и не успее во процесот на проширување, „новиот Брисел“ може да стане Подгорица. Според него, во тој случај, Подгорица би била главен град за 500 милиони луѓе, а Црна Гора би била во самиот центар на Европа.
Албанскиот премиер користел сличен тон и претходно, за време на јавни настапи и меѓународни собири, кога зборувал за Црна Гора и регионот. Неговите коментари често се проткаени со хумор, сатирични споредби и политичка порака, особено кога зборува за застојот во европската интеграција на Западен Балкан, според написите.
Како што претходно истакнаа учесниците на ваквите состаноци, изјавите на Рама не треба да се сфаќаат буквално, туку како дел од неговиот препознатлив начин на комуникација, со кој тој го привлекува вниманието кон сериозни политички теми и проблеми во регионот преку шеги и метафори.
Свет
Фон дер Лајен ветува нова безбедносна стратегија на ЕУ во врска со Гренланд
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вети нова безбедносна стратегија за Европа, откако САД се заканија дека ќе го анектираат Гренланд.
Функционерката на ЕК, која дојде во посета на Кипар, ги опиша САД како партнер кога новинарите ја прашаа за ситуацијата во Гренланд, објави Гардијан.
Во исто време, Фон дер Лајен истакна дека ЕУ ја удвојува својата економска поддршка за Гренланд.
„Јасно е дека Гренланд може да смета на нас политички, економски и финансиски.
А кога станува збор за неговата безбедност, дискусиите за безбедноста на Арктикот се првенствено клучно прашање за НАТО“, рече шефицата на европската дипломатија.
Според неа, Арктикот и безбедноста на таа област се клучни теми за ЕУ.
Фон дер Лајен не сакаше да даде детали за тоа што би можела да вклучува европската безбедносна стратегија, неколку дена откако комесарот за одбрана на ЕУ, Андријус Кубилијус, ја презентираше идејата за формирање заедничка, европска армија.
„Почнуваме да работиме на нова европска безбедносна стратегија и на почетокот на работата не е мудро да се ограничуваат или прошируваат различни теми“, рече таа.
За време на неговиот прв мандат, американскиот претседател Доналд Трамп му кажа на својот висок помошник Џон Болтон во 2018 година дека еден истакнат бизнисмен штотуку предложил САД да го купат Гренланд, потсети Гардијан.
Болтон дознал дека бизнисменот е Роналд Лаудер, наследник на глобалниот козметички бренд Есте Лаудер, кој го познава Трамп, исто така богат њујорчанец, повеќе од 60 години. Повторното разгорување на идејата на Лаудер од страна на Трамп за време на неговиот втор мандат е типично за начинот на кој работи претседателот, рече Болтон.
„Тој ги прифаќа информациите што ги слуша од пријателите како вистина и не можете да го поместите неговото мислење“, рече функционерот, пренесува Танјуг. Сега се чини дека овој предлог ги поттикна империјалистичките амбиции на Трамп, бидејќи, осум години подоцна, тој размислува не само за купување на Гренланд, туку и за евентуално освојување со сила, објави британскиот весник.
Свет
Драма над Барселона: авион принудно слетал поради закана од бомба
Авион на „Туркиш ерлајнс“, кој леташе од Истанбул до Барселона, беше принуден да слета итно на аеродромот Барселона-Ел Прат поради закана со бомба, според шпанскиот оператор на аеродроми AENA. Како што е наведено, и покрај инцидентот, аеродромот продолжи со редовна работа.
Шпанската полиција, „Guardia Civil“, потврди дека спроведува истрага за случајот, но сè уште не дала дополнителни детали. Според Ројтерс и турските медиуми, авионот бил пренасочен како мерка на претпазливост и извршил итно слетување откако еден од патниците го создал името на Wi-Fi мрежата на авионот што содржело закана со бомба.
Инцидентот се случил во моментот кога авионот се приближувал кон Барселона, потврди директорот за комуникации на „Туркиш ерлајнс“ Јахја Устун. По безбедното слетување, шпанските власти започнаа стандардни безбедносни процедури.
„Туркиш ерлајнс“ објави дека сите протоколи се спроведуваат во согласност со меѓународните правила за безбедност на воздушниот сообраќај и дека постапката е сè уште во тек, пренесуваат медиумите.

