Свет
Лекарка од САД доби отказ откако објавила дека на Евреите ќе им дава погрешни лекови
Млада лекарка добила отказ од американска болница откако било утврдено дека повеќе години наназад објавувала антисемитски пораки на социјалните мрежи, пишува британски „Индипендент“.
Докторката Лара Колаб работела во болницата „Кливленд клинк“ во американската сојузна држава Охајо. На социјалните мрежи таа честопати пишувала против Евреите. Меѓу другото, објавувала и дека на Евреите намерно би им давала погрешни лекови.
Раководството на болницата ѝ доделило отказ на 27-годишната лекарка веднаш штом се дознало за нејзините објави на интернет. Од таму објасниле дека Колаб работела со нив како практикант меѓу јули и септември минатата година, но дека повеќе не е ангажирана во болницата.
Лара Колаб долго време јавно пишувала против Евреите. Така, уште во 2012 година таа на „Твитер“ напишала дека намерно би им давала погрешни лекови на сите Евреи.
Таа честопати Евреите ги споредувала со кучиња и пишувала дека настаните од холокаустот неосновано се пумпаат.
Во 2011 година таа на „Твитер“ наводно објавила порака со следнава содржина: „За сè го обвинувам Израел, за сè што не е добро. Ви велам, Алах ќе ги убие Евреите“.
Нејзините пораки во ноември ги обелоденила веб-страницата Canary Mission, која на тапет ги става експертите или јавните личности за кои се верува дека имаат антисемитски ставови. По тоа, сите профили што ги користела Лара Колаб на „Фејсбук“, „Твитер“ и „Линкдин“, биле деактивирани.
Сепак, некои корисници на овие социјални мрежи успеале да ги зачуваат нејзините објави. Според службени податоци, докторската лиценца на Лара Колаб и натаму е активна и истекува во 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Катар пресретна ирански ракети и беспилотни летала
Министерството за одбрана на Катар соопшти дека воздухопловните сили и системите за противвоздушна одбрана денеска пресретнале ракети и беспилотни летала лансирани од Иран, додавајќи дека нема жртви.
Иран лансираше ракети и дронови насочени и кон Израел и кон американските воени објекти во Бахреин, Кувајт и Катар, како одговор на американските и израелските напади.
Американската војска не извести за американски жртви и пријави минимална штета во своите бази.
Свет
Северна Кореја ги осуди нападите врз Иран: „Нелегална агресија“
Северна Кореја ги осуди израелските напади и американската воена операција против Иран, нарекувајќи ги „нелегална агресија“ и кршење на националниот суверенитет, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на државната агенција КЦНА.
Портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи изјавил дека американската операција била очекувана и ја оценил како неизбежен исход поради, како што навел, хегемонистичката и гангстерска природа на САД. Во соопштението се наведува дека агресорската војна на САД и Израел е неприфатлива во какви било околности.
Пјонгјанг повика регионалните земји и другите заинтересирани страни да преземат одговорност за воспоставување мир и стабилност на Блискиот Исток.
Израелската војска претходно објави дека почнала опсежни напади врз центарот на Техеран, по операцијата во која беше убиен иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
Фото: Depositphotos
Свет
Путин со сочувство до Иран, нападите ги нарече цинично кршење на меѓународното право
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази длабоко сочувство до иранскиот претседател Масуд Пезешкијан по повод убиството на врховниот лидер Али Хамнеи и членовите на неговото семејство, соопшти Кремљ.
„Ве молам примете го моето најдлабоко сочувство по повод атентатот врз врховниот лидер на Исламската Република Иран, Сејед Али Хамнеи, и членовите на неговото семејство, извршен во цинично кршење на сите норми на човечкиот морал и меѓународното право“, се наведува во соопштението, пренесува агенцијата РИА Новости.
Хамнеи беше убиен во саботата наутро во нападите што ги извршија Израел и Соединетите Американски Држави, потврди утрово иранската влада, а пренесоа иранските државни медиуми.
Во саботата САД и Израел започнаа серија удари врз ирански цели, вклучително и во Техеран, при што беше предизвикана материјална штета и цивилни жртви. Потоа Иран возврати со ракетни напади врз израелска територија и врз американски воени објекти на Блискиот Исток.

