Контакт

Европа

Летовите од и до Амстердам откажани поради штрајк во јавниот превоз

Објавено пред

Околу 80 летови од и до аеродромот „Шипхол“ во Амстердам беа откажани во вторникот поради штрајкот во јавниот превоз на национално ниво, што на патниците и персоналот им оневозможи да стигнат до третиот најголем аеродром во Европа.

dobivaj vesti na viber

Речиси сите возачи на возови, автобуси и трамваи во Холандија во вторникот организираа 24-часовен штрајк, протестирајќи поради предложените реформи во пензискиот систем во земјата.

Авиокомпанијата КЛМ ги советуваше патниците да ги одложат плановите за патување и им нудеа можност бесплатно да резервираат летови на друг датум.

Британската авиокомпанија „Изиџет“ откажа 24 летови откако аеродромот побара од авиокомпаниите да го ограничат бројот на патници што летаат до „Шипхол“.

Други оператори кои ги откажаа летовите и понудија алтернативни датуми на патување беа „Јунајтед ерлајнс“, „Флајби“ и „Рајанер“.

Штрајковите што доведоа до големи сообраќајни метежи околу главните холандски градови рано во вторникот се дел од поголемите протести, на кои се очекува да учествуваат и голем број работници во фабриките и јавните служби.

Синдикатите бараат владата да се откаже од плановите за зголемување на старосната граница за пензионирање и да ја ограничи на нејзиното сегашно ниво од 66 години, како и да им олесни на лицата со физички тешки работни места да се пензионираат порано.

Европа

Лавров: Западот мора да разбере дека Русија има стратешка иницијатива во Украина

Објавено пред

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено вчера вечер изјави дека Западот мора да разбере дека Русија има стратешка иницијатива во Украина, додека разговорите за можно решение за ставање крај на војната продолжуваат.

dobivaj vesti na viber

Лавров за новинската агенција РИА изјави дека Западот мора да се помири со реалноста на теренот речиси четири години по почетокот на руската инвазија на Украина, која ја опиша како „Специјална воена операција“.

Тој рече дека Соединетите Американски Држави сега ја поддржуваат идејата, која им стана јасна на сите, дека се потребни нови избори со истекот на мандатот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Лавров, исто така, повтори дека решението бара крај на секоја идеја за присуство на НАТО во Украина и дека земјата мора да прифати неутрален, неврзанички статус.

Прикажи повеќе...

Европа

Медведев: Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот

Објавено пред

По нападот со беспилотни летала врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, Володимир Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот, напиша Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност.

dobivaj vesti na viber

„Овој смрдлив киевски гад се обидува да го саботира решавањето на конфликтот“, напиша Медведев во објавата.

Медведев, исто така, напиша дека Зеленски „сака војна“ и дека сега ќе мора да се крие „до крајот на својот безвреден живот“.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Лукашенко се судри со играч за време на натпревар во хокеј: снимката од неговото паѓање стана вирална

Објавено пред

71-годишниот белоруски претседател Александар Лукашенко падна на мразот за време на натпревар во хокеј. Снимката од инцидентот стана вирална на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

Снимката покажува како хокеар со број 68 случајно го удира Лукашенко, кој го носеше дресот со број 01, во грбот. По судирот, Лукашенко ја изгуби рамнотежата и падна на мразот, удирајќи ја главата на лизгалиштето.

Во тимот на Лукашенко, дресот со број 68 го носеше Јарослав Чуприс, поранешен играч на белоруската репрезентација. По падот, натпреварот беше накратко прекинат, а Чуприс побрза да му помогне на Лукашенко да стане. Неколку играчи од тимот, исто така, дојдоа до него.

„Типична работна ситуација: мора да ги зајакнете сопствените редови за другите да размислат двапати. Сè е во ред. Се чувствувам добро, освен истегнатиот мускул на грбот. Се подготвувам за следниот натпревар“, рече Лукашенко по натпреварот.

Канцеларијата за односи со јавноста на Лукашенко објави дека натпреварот завршил нерешено 5-5 и дека синот на Лукашенко, Николај, го израмнил резултатот со гол триесет секунди пред крајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Осум месеци затвор за поранешниот директор на затворот во Шутка, Филип Андов-Сокол, условни казни за обвинетите полицајци

Од Основниот кривичен суд Скопје соопштија дека поранешниот директор на затворот „Скопје“ и актуелен член на Извршниот одбор на опозицискиот...

Македонија2 часа

Сиљановска-Давкова: Трагедијата во Кочани како сенка ќе нè следи цел живот, да не ги заборавиме нивните најблиски, повредените, а најмногу, правдата

Годинава што си оди ќе ја помниме по драматичните промени на меѓународниот поредок, незамисливите војни со огромни човечки жртви, забрзаната...

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на преобразба, државата има потреба од одговорност

Годината што ја испраќаме не беше лесна, таа беше година на сериозни предизвици. Година во која државата мораше прво да...

Македонија3 часа

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќните празници ќе биде без наплата за сите граѓани, информираат од...

Македонија5 часа

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани со 63 загинати и над 200 повредени е настан што ја одбележа 2025 година

2025 година ќе остане запаметена по тешката трагедија што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која...

Македонија5 часа

СДСМ тврди: Има координирана операција за уривање на партијата од внатре

Криминалната власт ја започна последната фаза од кампањата – репресија врз СДСМ и политички прогон, велат од опозициската партија. „По...

Македонија6 часа

Најстудено на Шапка, утрово измерени -14 степени

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -14 степени, -12 во Mаврови Анови, -10 Крива Паланка, Берово, Kрушево,...

Свет6 часа

Нова студија: Давањето мобилни телефони на деца пред 13-годишна возраст може да биде особено опасно

Новите научни студии објавени во 2025 година даваат сè појасна слика за ризиците од раниот пристап до паметни телефони и...

Свет7 часа

САД се сомневаат во руската приказна за нападот врз резиденцијата на Путин: „Се чини несоодветно“

Амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер, денес изрази сомнеж врз руските тврдења дека Украина ја нападнала резиденцијата на претседателот...

Свет7 часа

Франција купува авиони за рано предупредување од Сааб за 1,14 милијарди евра

Франција потпиша договор со шведската одбранбена компанија Сааб за купување на два авиони за рано предупредување во вредност од околу...

Свет7 часа

Германија ја прекина истрагата против тајкуните на Путин во замена за 10 милиони евра

Германските обвинители објавија дека ќе ја прекинат истрагата против рускиот олигарх Алишер Усманов, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин,...

Економија20 часа

ЕБОР одобри над 20 милиони евра кредит за модернизација на железничкиот товарен возен парк во Македонија

ЕБОР одобри 20,9 милиони евра кредит на Северна Македонија за набавка на нови електрични локомотиви и современ систем за планирање...

Македонија24 часа

ДПИ со засилени контроли: издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2,8 милиони денари

Државниот пазарен инспекторат во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територија на цела држава...

Топ1 ден

Петарда експлодира во раката на осумгодишно дете од Врапчиште, заврши на Клиника

Осумгодишно дете од селото Врапчиште, гостиварско, се здобило со сериозни повреди на раката кога му експлодирала петарда. Настанот бил пријавен...

Македонија1 ден

Електродистрибуција со засилено отчитување за празниците

Во насока на обезбедување на поголемо отчитување во најоптоварениот период од годината и задоволување на потребите на корисниците, Електродистрибуција ќе...

Македонија1 ден

Вонредни контроли во рестораните, месарниците и рибарниците: уништени 624 килограми небезбедна храна

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на...

Македонија1 ден

(Фото) Се преврте цистерна на патот Струга – Ќафасан, сообраќајот во прекин

Министерството за внатрешни работи информира дека во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин...

Свет1 ден

Украина: Нема докази за напад врз резиденцијата на Путин, тоа не се случило

Украина соопшти дека не постојат докази за тврдењата на Русија дека украински беспилотни летала нападнале една од официјалните резиденции на...

Економија1 ден

Зголемени цените во индустријата во ноември

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември 2025 година се зголемени за 0,3 отсто во...

Македонија1 ден

Декемвриската пензија ќе се исплати навремено, на 2 јануари 2026 година, известува Фондот на ПИОМ

Фондот на ПИОМ ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за...