Свет
Либанско Министерство за здравство: Најмалку осум загинати и 59 ранети во израелскиот напад
Во денешниот воздушен напад на израелската армија на периферијата на Бејрут загинаа најмалку осум лица, а 59 се ранети, соопшти либанското Министерство за здравство, пренесува Ројтерс.
Израелската војска претходно денеска соопшти дека извршила „целен напад“ врз либанската престолнина, додека два безбедносни извори изјавија за Ројтерс дека е погодено јужно предградие на Бејрут и дека цел бил лидер на Хезболах.
Нападот погодил локации во близина на клучни објекти што ги користи Хезболах, објави британската агенција, повикувајќи се на неименувани безбедносни извори во Либан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Ако загубам во ноември, Евреите ќе изгубат многу
Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, на настан во Вашингтон, чија цел е борба против антисемитизмот, изјави дека ако загуби во ноември, „Евреите ќе изгубат многу“.
„Нема смисла“, рече Трамп за Евреите кои гласаа за потпретседателката на САД и демократска кандидатка Камала Харис, објави Политико.
Трамп рече дека секој Евреин што гласа за неа треба да ја прегледа главата.
Регион
(Видео) Maж падна од опасна карпа на Паг и почина, спасена алпинистка
При искачување на опасна карпа на Паг, еден маж почина, а една жена беше спасена во голема операција на хрватската служба за спасување.
„Добивме пријава во 13 часот и 32 минути дека две лица наводно се качувале на карпа кај Метајна. Едното лице паднало и починало. Другото е на карпата. Засега не може да им се пристапи од копно“, рекоа од полицијата.
Покрај полицијата, на местото на настанот има и други служби за итна помош – брза помош, пожарникари.
Малку по 17:00 часот од карпите е спасена жена, откако спасувачите со чамци се приближиле до карпата од морската страна.
Свет
Германија планира да и даде на Украина уште 400 милиони евра воена помош
Германската влада има намера оваа година да одвои дополнителни 400 милиони евра за воена поддршка на Украина, се наведува во писмото на Министерството за финансии до Комисијата за буџет на Бундестагот.
„Германската влада планира краткорочно да одвои дополнителни 400 милиони евра за воена поддршка на Украина“, се наведува во писмото, пренесува Handelsblat.
Државниот секретар за финансии Флоријан Тонкар, кој го потпиша писмото, укажа на опасноста „Украина да претрпи пораз во одбранбената кампања без значително зголемена материјална поддршка“.