Свет
Либиската ГНА ја обвини ЛНА за кршење на мировниот договор во екот на кризата со Ковид-19
Владата на во Национален договор (ГНА) со седиште во Триполи ја обвини либиската Национална армија (ЛНА) за кршење на договорот за прекин на огнот за време на пандемијата на коронавирус, додавајќи дека ГНА е подготвена да престане со непријателствата во Либија како одговор на повиците на ОН и ЕУ, пренесува „Спутник“.
Премиерот на ГНА, Фајез Сараџ, изјави за „Спутник“ дека неодамнешните дејства на неговите ривали ги загрозуваат животите и безбедноста на граѓаните во земјата.
„За жал, агресорот (ЛНА) продолжува да го крши примирјето, секојдневно напаѓајќи населени места во Триполи, што резултираше со цивилни жртви, меѓу кои има и деца и жени“, изјави тој, додавајќи дека ЛНА ги потценила одлуките донесени од меѓународната заедница .
Сараџ рече дека ГНА им давла приоритет на интересите на Либијците, бидејќи тоа е нивна национална должност.
„Мислам дека меѓународната заедница е добро информирана за нашиот став во однос на ова. ГНА одговори на сите повици за прекин на непријателствата, од кои последниот беше издаден на 18 март од амбасадорите и претставниците на влади од 11 земји, како и како од ОН и ЕУ“, рече Сараџ, на прашањето дали ГНА, поддржана од Запад, е подготвена да ги намали тензиите.
Тој истакна дека учесниците на берлинската конференција за Либија, што се одржа во јануари, не се придржуваат кон одлуките донесени за време на настанот и продолжуваат да играат негативна улога во кризата.
Либискиот Национален центар за контрола на болестите регистрираше 18 случаи на коронавирус и еден смртен случај поврзан со Ковид-19 во земјата. Во март, амбасадите на седум нации, мисијата на ЕУ во Либија и туниската влада, ги повикаа завојуваните страни во Либија веднаш да ги прекинат непријателствата. Во јануари, во германската престолнина Берлин се одржа меѓународна конференција за Либија, а меѓу нејзините учесници беа Русија, САД, ЕУ, Турција и Египет. Страните се согласија за прекин на огнот и трети лица да не бидат вклучени во конфликтот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион, пренесуваат медиумите во регионот.
Најави одложување на воведувањето царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека на „многу продуктивен состанок“ со Руте е формирана „рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.
Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини. „Нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението. Тој додаде дека има и „дополнителни дискусии во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.
Според Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

