Свет
Лидерите на Г-20 ги заобиколија трговските тензии, но поддржаа реформи на СТО
Лидерите на Г-20, во текстот од заедничката изјава, ги заобиколија глобалните трговски тензии, но поддржаа реформи на Светската трговска организација.
Според Ројтерс, кој имал увид во текстот на заедничката изјава, САД потврдиле дека остануваат на своето повлекување од Парискиот климатски договор, додека другите членови на Г-20, кои го потпишаа договорот, го прогласија пактот за неповратен и посочија дека целосно ќе го применат.
На маргините на самитот на Г-20 се одржаа и неколку одделни средби на светските лидери. Се разговарало за ситуацијата во Сирија, теснецот Керч, миграцијата, како и уште многу други теми.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, канадскиот премиер, Џастин Трудо и мексичкиот претседател, Енрике Пена Нието потпишаа и нов трговски договор.
На потпишувањето на историскиот договор, на самитот на Групата 20 претходеа низа контрадикторни настани и преговори, поради што беше неизвесно дали ќе дојде до потпишувањето.
Новиот договор помеѓу САД, Мексико и Канада кој треба да биде одобрен во парламентите на трите држави, ќе го замени досегашниот 24-годишен НАФТА пакт, што Трамп го критикуваше како катастрофален.
Како што пишуваат светските медиуми, актуелните несогласувања околу тарифите за увоз на челик и алуминиум, што САД ги воведоа кон своите соседи на северот и југот ја нарушија атмосферата на потпишувањето на новиот трговски договор.
„Траеше долго и беше тешко. Стигнавме до целта. Ова е одлично за сите наши земји“, оцени Трамп по потпишувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
По смртта на Раиси, потпретседателот на Иран се очекува да стане привремен претседател за да помогне во организирањето на претседателските избори
Како потпретседател на Иран, се очекува Мохамад Мокбер да стане привремен претседател за да помогне во организирањето на претседателските избори што треба да се одржат во рок од 50 дена од смртта на претседателот Раиси.
Кој е тој
Роден на 1 септември 1955 година, Мокбер, како Раиси, се смета за близок до врховниот лидер Али Хамнеи, кој го има последниот збор за сите државни прашања. Мокбер стана прв потпретседател во 2021 година кога Раиси беше избран за претседател.
Мокбер беше дел од тимот на ирански официјални лица кои ја посетија Москва во октомври и се согласија да достават ракети земја-земја и повеќе беспилотни летала за руската војска, изјавија извори за Ројтерс тогаш.
Во тимот беа вклучени и двајца високи функционери од Иранската револуционерна гарда и еден функционер од Врховниот совет за национална безбедност.
Мохбер претходно беше на чело на Сетад, инвестициски фонд поврзан со врховниот лидер.
Во 2010 година, Европската унија го вклучи Мокбер на списокот на поединци и субјекти што ги санкционираше за наводна вмешаност во „нуклеарни или балистички ракетни активности“. Две години подоцна го тргна од списокот.
Во 2013 година, американското Министерство за финансии ги додаде Сетад и 37 компании што ги надгледуваше на листата на санкционирани субјекти.
Сетад, со полн назив – Сетад Ејраје Фармане Хазрате Емам или Штаб за извршување на наредбата на имамот, беше формиран по наредба издадена од основачот на Исламската Република, претходникот на Хамнеи, ајатолахот Рухолах Хомеини. Тој им наредил на помошниците да продаваат и да управуваат со имотите наводно напуштени во хаотичните години по Исламската револуција во 1979 година и да го насочат најголемиот дел од приходите во добротворни цели.
Свет
Реакции на светските лидери за смртта на иранскиот претседател
Лидерите ширум Блискиот Исток и пошироко го изразуваат своето сочувство откако иранскиот претседател Ебрахим Раиси и уште осум лица загинаа во хеликоптерска несреќа.
Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахјан е меѓу загинатите.
Индискиот премиер Нарендра Моди на мрежата Х напиша дека е шокиран од смртта на Раиси.
„Длабоко тажен и шокиран од трагичната смрт на Сејед Ебрахим Раиси, претседател на Исламската Република Иран. Неговиот придонес во зајакнувањето на билатералните односи меѓу Индија и Иран секогаш ќе се памети. Моето искрено сочувство до неговото семејство и народот на Иран. Индија стои со Иран во ова време на тага“, напиша Моди.
Ирачкиот премиер Мохамед Шија Ал Судани изрази „искрено сочувство“ до иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи и неговата влада во објава на мрежата X.
„Ја изразуваме нашата солидарност со братскиот ирански народ и нашите братски претставници во Исламската Република во оваа болна трагедија.
Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека „Пакистан ќе прогласи ден на жалост, а знамето ќе биде спуштено на половина копје како знак на почит кон претседателот Раиси и неговите соработници и како знак на солидарност со братскиот Иран“.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека е „потресен од страшната вест“ за смртта на претседателот на Исламската Република Иран.
Мадуро рече: „Го изразуваме нашето најдлабоко сочувство до врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи и бараме божествена утеха за таквата голема загуба“.
Претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, рече дека ОАЕ стојат во солидарност со Иран во овој тежок момент, изразувајќи искрено сочувство до семејствата на загинатите во несреќата.
Свет
Идентификувани уште три жртви во хеликоптерската несреќа во Иран
Објавени се имињата на некои од загинатите во хеликоптерската несреќа, освен иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан.
Државната новинска агенција ИРНА соопшти дека во хеликоптерот биле и ајатолахот Мохамад Али Ал-е Хашем, имамот на петочната молитва во градот Табриз и генералот Малек Рахмати, гувернер на иранската провинција Источен Азербејџан.
Загина и командантот на единицата за заштита на претседателот, Сардар Сејед Мехди Мусави.