Свет
Лидерите на Г7 положија венци во Хирошима пред почетокот на самитот

Лидерите на групата 7 (Г7) во пресрет на самитот положија венци во Хирошима речиси 78 години откако САД фрлија нуклеарна бомба врз тој град. На самитот во Хирошима главен фокус на лидерите на земјите членки ќе биде војната во Украина, а ќе присуствува лично и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој в недела ќе пристигне во Хирошима, јавува „Ројтерс“.
Пред почетокот на самитот во близина на местото каде што се светските лидери се одржа и антивоен протест. Учесниците на протестот скандираа „НЕ за самитот. НЕ за војната“, јавува Би-би-си.
Претходно беше објавено дека САД и другите членки на Г7 ќе презентираат нови санкции и мерки за контрола на извозот против Русија на самитот во Хирошима поради војната во Украина.
Се очекува Велика Британија да објави забрана за продажба на руски дијаманти и увоз на бакар, алуминиум и никел. Дополнително, Лондон ќе воведе санкции против 86 лица и компании од рускиот воено-индустриски комплекс, како и оние што се вклучени во енергетската и металната индустрија. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, рече дека Европа ќе ја ограничи и продажбата на руски дијаманти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел објави снимка од ново оштетување на иранскиот нуклеарен објект во Исфахан

Израелската војска објави снимка на која се гледа оштетување на иранскиот нуклеарен објект во Исфахан по новите напади.
Споредувајќи ја таа снимка со сателитски снимки направени минатата недела од компанијата „Максар“, „Би-би-си Верифај“ откри дека новите удари оштетиле неколку згради во северниот дел на комплексот.
Во посебна изјава, израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека цел биле „производствени капацитети за центрифуги“ што се користат во процесот на збогатување ураниум.
Новата штета опфаќа површина од околу 0,3 квадратни километри, во чии рамки седум згради се чини дека се целосно срамнети со земја.
Снимката на „Максар“, направена на 14 јуни, покажува јасни оштетувања на најмалку две згради во различни делови на комплексот, како и траги од горење на периферијата. Во тој момент ниту една зграда не беше целосно уништена.
Вчера директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, во Советот за безбедност на ОН изјави дека „нападите врз нуклеарните постројки во Исламската Република Иран предизвикуваат сериозно влошување на нуклеарната безбедност во Иран“.
Свет
Ердоган: Нетанјаху е најголемата пречка за мирот во регионот

Владата на Израел под водство на Бенјамин Нетанјаху е најголемата пречка за мирот на Блискиот Исток, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Ердоган го обвини Израел дека се обидува да го саботира секој обид за нуклеарни преговори меѓу САД и Иран, посочувајќи дека израелските напади покажуваат дека Тел Авив не сака дипломатија.
Тој ги повика другите земји да не наседнуваат на „отровната реторика“ на Израел за конфликтот, туку наместо тоа да бараат дипломатско решение.
Голем број земји го повикуваат Иран да влезе во преговори со цел да се најде решение за сегашниот конфликт. Иранските власти, сепак, велат дека дипломатско решение не е можно додека продолжуваат израелските напади.
Свет
Иранскиот министер за надворешни работи: Вклучувањето на САД во конфликтот би било многу, многу опасно

Министерот за надворешни работи на Иран Абас Аракчи изјави дека неговата земја не може да преговара со Соединетите држави додека нејзиниот народ е бомбардиран. Тој, исто така, тврди дека „САД се вклучени во агресија од првиот ден“ иако за тоа не дал никакви докази, пишува Би-Би-Си.
Зборувајќи за новинарите во Истанбул, каде што ги продолжува дипломатските разговори, Аракчи предупреди дека вклучувањето на САД во конфликтот меѓу Израел и Иран би било „многу, многу опасно“.
Иранскиот министер за надворешни работи нагласи дека е „апсолутно подготвен за решение преку преговори“ во врска со нуклеарната програма. Во 2015 година, Иран потпиша долгорочен договор за својата нуклеарна програма со група светски сили, по години напнатост поради сомневањата дека се обидува да развие нуклеарно оружје.
Аракчи додаде: „Дипломатијата работеше во минатото и може повторно да работи. Но, за да се вратиме на дипломатијата, агресијата мора да престане“.