Свет
Лидерот на Донецк бара санкции за Киев за неисполнување на мировниот договор од Минск
Како гаранти, Германија и Франција треба да го казнат Киев со санкции поради неподготвеноста да ги исполни договорите од Минск за решавање на кризата во Донбас, изјави лидерот на самопрогласената Народна Република Донецк, Денис Пушилин, за ТАСС.
„Изјавите на новиот министер за надворешни работи на Украина дека Киев не планира да го измени уставот за да му даде на Донбас посебен статус не не изненадија. Украинските политичари, кои ветија целосна посветеност на Минск, со години се обидуваат да ја избегнат одговорноста со неисполнување на обврските“, рече Пушилин.
Лидерот на Донецк потсети дека специјалните одредби за статусот на регионот и за ослободување лица поврзани со настаните во Донбас беа потврдени со договорот од Минск, кој беше поддржан со обврзувачка резолуција на Советот за безбедност на ОН.
„Никаква измена и дополнување на договорите во Минск не доаѓа предвид. Ако меѓународната заедница и гарантите на договорот од Минск се непристрасни, тогаш веќе требаше да има санкции за Украина, барем од Германија и од Франција, за кршење на договорите и неисполнување на обврските“, истакна Пушилин.
Министерот за надворешни работи на Украина, Вадим Пристајко, на 14 септември рече дека Киев нема да го измени уставот на земјата за да ги вклучи одредбите за доделување посебен статус на Донбас. Тој исто така изјави дека нема да биде обезбедена амнестија за учесниците во украинскиот конфликт иако тоа беше предвидено со мировните договори во Минск.
Претходно, шефот на делегацијата на Украина во контакт-групата, Леонид Кучма, даде слична изјава нагласувајќи дека претседателот Владимир Зеленски нема да му даде на Донбас посебен статус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во лизгањето на земјиштето во Индонезија 25 луѓе го загубија животот
Спасувачите денеска ги прекинаа операциите за пребарување на жртвите во лизгањето на земјиштето во индонезиската покраина Западна Јава, откако беа пронајдени 14 тела на вториот ден од операциите, со што вкупниот број потврдени жртви достигна 25, пренесе ДПА, повикувајќи се на официјален претставник.
Обилните дождови што почнаа еден ден претходно предизвикаа лизгање на земјиштето вчера изутрината во близина на село во округот Западен Бандунг.
Официјални претставници изјавија дека до 80 лица се уште се водат како исчезнати.
„Сите тела беа евакуирани до 16 часот во центарот за идентификација на жртвите од катастрофата. Подоцна во текот на денот, спасувачките операции беа прекинати поради безбедносни причини, бидејќи условите на теренот во погодената област останаа нестабилни и постоеше ризик од понатамошно лизгање на земјиштето“, изјави Аде Диан Пермана, раководител на службата за пребарување и спасување во Бандунг.
Лизгањето на земјиштето често се случува во Индонезија за време на дождовната сезона, особено во густо населените и планински области на Јава, најнаселениот остров во земјата, пренесе ДПА.
Свет
Зеленски побара од сојузниците повеќе муниција за одбрана на Укаина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара од сојузниците повеќе муниција за противвоздушната одбрана на Украина со цел подобро да се спротивстави на руските напади, што оставија стотици илјади жители на Киев без електрична енергија и греење сред зима.
„Само оваа недела, Русите лансираа повеќе од 1.700 борбени беспилотни летала, повеќе од 1.380 наведувани бомби и 69 ракети од различни видови. Затоа ракетите за системите за противвоздушна одбрана се потребни секој ден, и ние продолжуваме да соработуваме со САД и Европа за да обезбедиме подобра заштита на нашиот воздушен простор“, рече Зеленски по пристигнувањето во Вилнус, објавија француските медиуми.
Зеленски во Вилнус се сретна со претседателот на Литванија, Гитанас Науседа. На средбата станало збор за поддршката на украинскиот енергетски систем и воената соработка меѓу двете земји.
Свет
Поради снежно невреме повеќе од 700.000 домови во САД останаа без струја
Снежно невреме го погоди поголемиот дел од САД, оставајќи стотици илјади луѓе без струја, додека влошување на временските услови се очекува и во областите на Њујорк, Филаделфија и Вашингтон.
Најтешко погодени се државите Мисисипи, Луизијана и Тексас, каде што околу 730.000 домаќинства останаа без струја, а се проценува дека дури 190 милиони луѓе се изложени на ризик од прекини во снабдувањето со електрична енергија и греење.
Невремето зафати површина од околу 3.000 километри, од Ново Мексико до Мејн, а во неколку држави е прогласена вонредна состојба. Снежните врнежи и мразот предизвикаа големи проблеми во сообраќајот, затворање на патиштата и откажување на илјадници летови.
Властите ги повикуваат граѓаните да останат дома, додека центри за затоплување на населението се отворени во Њујорк и Вашингтон.

