Свет
Литванија помилува двајца Руси обвинети за шпионажа
Литванскиот претседател, Гитанис Науседа, ги помилува двајцата руски државјани Николај Филипченко и Сергеј Моисејенко, кои се обвинети за шпионажа, пренесува ТАСС.
Претседателот на Литванија ги помилувал двајвата Руси во согласност со препораките на комисијата задолжена за помилувања во земјата. Медиумите потсетуваат дека Филипченко во Литванија бил уапсен при транзит кога се обидувал од Калининград да премине во Белорусија, а според наводите од обвинението тој бил припадник на организирана група која се обидувала да врбува литвански државјани за шпионирање.
Тој во август 2017 година беше осуден на 10 години затвор.
Од друга страна, Моисејенко е уапсен уште во 2014 година бидејќи, според литванските власти, со помош на еден литвански државјанин собирал тајни информации за ситуацијата во редовите на литванската армија за потребите на руската разузнавачка служба.
Освен тоа, Моисејенко со помош на литванскиот државјанин ги следел и движењата на авијацијата на НАТО, како и организацијата на воените вежби во алијансата. Моисејенко по апсењето бил осуден на 10,5 години затвор, а неговиот литвански соработник на пет години затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.
Свет
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб, изјави локалниот гувернер за агенцијата Тасним.
Моментално нема достапни дополнителни информации, нагласува Тајмс оф Израел.
Иранските власти претходно го осудија инцидентот како „брутална агресија“. Властите во Иран сè уште не ги коментираа деталите за нападот, а нема коментар ниту од израелска страна.

