Свет
Литванскиот парламент усвои резолуција за прием на Украина во НАТО
Литванскиот парламент вчера едногласно усвои резолуција со која се бара Украина да се приклучи на НАТО.
Во документот се наведува дека неопходно е да се покани Украина да се приклучи на НАТО како земја членка на самитот на алијансата во Вилнус во јули оваа година, да ги потпише пристапните протоколи и да почне процесот на ратификација кога ќе дозволат условите.
Според резолуцијата, поднесена од претставници на разни политички групи во парламентарните комисии за надворешни работи и национална безбедност и одбрана, ова ќе биде стратешка одлука на НАТО во потрагата по мир во Украина и Европа.
Литванската национална радио и телевизија објави дека Жигимантас Павлионис, претседател на парламентарната Комисија за надворешни работи, презентирајќи ја нацрт-резолуцијата пред пратениците рече дека во документот се наведени задачите што литванските политичари треба да ги остварат на три месеци пред самитот.
„Ние сме против сивите безбедносни зони, сакаме да докажеме дека е погрешна тезата дека Русија има право да стави вето на членството на Украина. Мислиме дека Украина ќе придонесе за нашата безбедност, ќе го направи НАТО посилен“, посочи тој.
Документот исто така ја нагласува потребата од зајакнување на одбраната и одвраќањето во балтичкиот регион и целото источно крило на НАТО, како и зголемување на сојузничките копнени сили постојано распоредени во Литванија на ниво на бригада.
Резолуцијата исто така го зајакнува стремежот за зајакнување на интегрираната воздушна и противракетна одбрана, вклучително и капацитетите за воздушна одбрана во Литванија и целиот регион, како и стремежот да се обезбеди подготвеност за прием на сојузничките трупи во земјата.
Исто така, влезот на Украина во НАТО ќе биде црвена линија за Москва по што никој нема да знае што ќе се случи, беше посочено повеќе од еднаш во бројните анализи за војната во Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

