Свет
Лондонските мерки против загадувањето се неефективни

Мерките за контрола на сообраќајот во Лондон придонеле за подобрување на квалитетот на воздухот, но бројот на деца со намален капацитет на белите дробови како резултат на загадувањето сè уште е многу висок, покажаа најновите анализи.
Зоните со ниска емисија на гасови, односно областите каде што се наплаќа движењето на возила што не ги задоволуваат барањата за емисија на гасови, беа воведени во 2008 година и доведоа до мали подобрувања во нивоата на азотен диоксид и азотен оксид во воздухот, се вели во студијата објавена во средата.
Но, не е забележано подобрување во нивоата на ПМ 10-честички, кои предизвикуваат прерана смрт и влошување на кардиоваскуларните и респираторните болести.
И покрај намалувањето на нивоата на одредени загадувачи, студијата не забележа пад во бојот на деца што страдаат од намален капацитет на белите дробови и симптоми на астма од воведувањето на овие зони во Лондон. Поради тоа, авторите на студијата потенцираат дека се потребни поамбициозни мерки за контрола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран: Ќе преговараме со САД само без притисок и закани

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи синоќа во објава на социјалната мрежа Икс напиша дека неговата земја ќе преговара со САД само без притисок и закани. „Нуклеарната програма на Иран отсекогаш била – и секогаш ќе остане – само за мирољубиви цели“, рече тој. „Затоа, во основа не постои такво нешто како негова „потенцијална милитаризација“.
Арагчи додаде дека Иран во моментов преговара со европските земји, како и со Русија и Кина.
Iran's nuclear energy program has always been—and will always remain—entirely peaceful. There is fundamentally therefore no such thing as its "potential militarization".
We will NOT negotiate under pressure and intimidation. We will NOT even consider it, no matter what the…
— Seyed Abbas Araghchi (@araghchi) March 9, 2025
„Во моментов сме во разговори со Е3 – и одделно со Русија и Кина – на еднаква основа и со взаемно почитување. Целта е да се истражат начини за градење поголема доверба и транспарентност во нашата програма за нуклеарна енергија во замена за укинување на незаконските санкции“.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека испратил писмо до иранското раководство во четвртокот, изразувајќи надеж дека Иран е подготвен да преговара за својата нуклеарна програма. Во интервју за Fox Business, Трамп рече дека претпочита преговори со Иран, но нема да се двоуми да дејствува.
Свет
(Видео) Трамп: Украина можеби нема да преживее

Доналд Трамп синоќа изјави дека Украина можеби нема да преживее, со или без Американците. Тој го изјави ова во интервју за „Фокс Њуз“. Водителката на „Фокс“, Марија Бартиромо го праша Трамп: „Дали сте задоволни со фактот што се повлековте и Украина можеби нема да преживее?“
„Па, тие и онака можеби нема да преживеат. Таа војна немаше да се случи ако јас бев претседател“, рече Трамп.
🇺🇸🇺🇦- Fox's Maria Bartiromo: 'Are you comfortable with fact that you walked away and Ukraine may not survive?'
Trump: Well, it may not survive anyway pic.twitter.com/58cS42QWr8
— IL Libanese (@Dal_Libano) March 9, 2025
Тој додаде: „Бајден ме остави со отворени граници кои пуштаат 21 милион луѓе, од кои многумина не треба да бидат тука. Многумина се криминалци, многумина се убијци, дилери на дрога, нарко босови. Ја имаме целата оваа збрка со Израел и нападот на 7 октомври, како и сите последици од најлошото и најглупавото повлекување во историјата“.
Соединетите Држави денеска ќе се сретнат со украинска делегација во Саудиска Арабија за да утврдат дали Украина е подготвена да направи материјални отстапки на Русија за да ја прекине војната, соопштија двајца официјални лица.
Членовите на американската делегација се заинтересирани и за тоа дали Украинците навистина сакаат подобрување на односите со администрацијата на Трамп, изјавија двајца официјални лица за Ројтерс под услов да останат анонимни, по неодамнешната средба меѓу американскиот и украинскиот претседател во Белата куќа, која брзо се претвори во кавга пред камера.
Свет
Трамп за продажбата на „Тик Ток“ на Американците: Во контакт сме со четири групации

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека неговата администрација е во контакт со четири различни групации во врска со продажбата на кинеската социјална мрежа „Тик Ток“ и дека сите четири опции се задоволителни.
Судбината на „Тик Ток“ во САД е неизвесна од јануари оваа година поради законот кој бара сопственикот „Бајт Денс“ да ја продаде популарната социјална мрежа на американски купувач, во спротивно ќе биде недостапна за американските корисници.
Законот беше усвоен од администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден, загрижена за кинеската контрола врз споменатата мрежа, поради што тие го гледаа како сериозна закана за националната безбедност.
Покрај тоа, САД тогаш изразија загриженост дека кинеските власти би можеле да ја користат огромната база на податоци на „Тик Ток“ за вознемирување, регрутирање, шпионажа или манипулација со јавното мислење.
Законот стапи на сила на 19 јануари, последниот ден од мандатот на Бајден, кога Американците не можеа да влезат на „Тик Ток“. Но, веќе следниот ден, новиот претседател Трамп потпиша извршна наредба со која се одложува спроведувањето на законот за 75 дена.
Трамп им рече на новинарите дека наскоро може да се постигне договор во врска со ситуацијата со „Тик Ток“. „Имаме работа со четири различни групации, многу луѓе го сакаат тоа… сите четири се добри“, додаде тој.
„Тик Ток“ и „Бајт Денс“ не ги коментираа прашањата на Ројтерс.
Превирањата околу социјалната мрежа што ја користат речиси половина од Американците привлекоа неколку потенцијални купувачи, вклучувајќи го и поранешниот сопственик на франшизата за бејзбол ЛА Доџерс, Френк Мекорт. Аналитичарите ја проценуваат вредноста на брзорастечкиот бизнис на околу 50 милијарди долари.