Европа
Лондон: На локација на некогашен театар пронајдена плантажа за марихуана

Во подрум на поранешен викторијански театар во Лондон пронајден е таен тунел што водел до просторија во која се наоѓала фарма за канабис вредна 40 милиони фунти, пренесе „Дејли мејл“. Тунелот водел од тоалетот на една 4-собна куќа до подрумот на соседната продавница каде до 60-тите години на минатиот век имало театар.
Инспекторите веруваат дека подрумската плантажа за одгледување канабис постои најмалку една деценија и дека на неа годишно се произведувал канабис во вредност од 4 милиони фунти.
Полицајци го пронашле тунелот по пријава за обид за насилно влегување во соседна куќа во североисточен Лондон. Кога влегле во куќата, во тоалетот под отвор покриен со плочки пронашле таен тунел.
Тунелот е изграден под соседниот приватен паркинг кој се наоѓа зад куќата и водел до соседниот подрум на продавница од која не е можнен пристап од подрумот. Продавницата е на локација на театар изграден во 1897 година со 750 места, кој се затворил во 1963 година и подрумот бил заборавен. Полицијата верува дека најмалку еден член на криминалната група е градежен работник поради вештината со која е изграден тунелот.
Бизнисмен кој живее во куќа во соседството изјавил за медиумите дека бил шокиран кога дознал оти под тлото има плантажа со марихуана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин