Свет
Лукашенко бара ангажирање на војската

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, побара од воениот врв на земјата да ги преземе сите мерки и да ја ангажира армијата.
Тој порача дека армијата треба да застане цврсто во одбрана на територијалниот интегритет на земјата, посочувајќи дека ситуацијата е особено сериозна на западните граници.
Лукашенко изјави дека во Белорусија е увезена т.н. обоена револуција која се потпира на странски фактор и се обидува да ја дестабилизира државата, јави ТАСС.
„Сè јасно покажува дека ‘обоената револуција’ против Белорусија е со поддршка на странски фактор, затоа што државата пружи неочекувано силен отпор“, заклучи Лукашенко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Во сериозни разговори сум со Путин за крај на војната

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е во „сериозни разговори“ со рускиот претседател Владимир Путин за ставање крај на војната во Украина.
Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп изјави дека разговараат и за „голем напредок во економскиот развој“ меѓу Соединетите Американски Држави и Русија и додаде дека разговорите „одат многу добро“.
Трамп го коментираше и неодамнешниот повик меѓу лидерите на Г7, по повод одбележувањето на третата годишнина од почетокот на војната во Украина. Тој го повтори своето тврдење „војната никогаш немаше да започне ако бев претседател“, нагласувајќи ја важноста од постигнување договор што би можел да стави крај на конфликтот.
Зборувајќи за разговорите, Трамп рече дека лидерите на Г7 изразиле заедничка цел за ставање крај на војната и тој лично ја истакна важноста на договорот за „виталните критични минерали и ретките земји“ меѓу САД и Украина. Овој договор, според Трамп, треба да биде потпишан многу брзо и да му овозможи на „американскиот народ да ги надомести десетиците милијарди долари“ потрошени за воена помош за Украина, со истовремено поттикнување на украинската економија.
Регион
Грчки научници: Земјотресите во близина на Санторини во постепено опаѓање

Научниците од Универзитетот во Атина кои ги следат земјотресите во близина на островот Санторини денеска објавија дека феноменот „постепено опаѓа“ речиси еден месец по почетокот на повеќекратните земјотреси.
Потресите, понекогаш регистрирани со само неколку минути, поттикнаа илјадници жители да ги напуштат градовите на Санторини, како и блиските острови Иос, Аморгос и Анафи, објави АП.
Училиштата на тие острови се затворени веќе четврта недела, а во сила се многу други ограничувања. Научниците сепак изјавија дека се охрабрени од најновите случувања.
„Сеизмичката активност продолжува да покажува постепен пад, како во однос на дневниот број на регистрирани земјотреси, така и во однос на максималните магнитуди“, соопшти Интердисциплинарниот комитет за управување со ризици и кризи при Универзитетот во Атина.
Активноста останува концентрирана во истата фокусна област без забележани нови микросеизмички скокови од 15 февруари, се вели во соопштението.
Комитетот објави дека меѓу 26 јануари и 22 февруари биле регистрирани повеќе од 20.000 земјотреси со јачина од еден или повеќе степени според Рихтеровата скала.
Повеќекратните земјотреси, кои се припишуваат на природните тектонски процеси, како и на движењето на магмата под морското дно, достигнаа јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, но предизвикаа само мала материјална штета, пренесува Танјуг.
Градоначалникот на Санторини, Никос Зорзос, денеска изјави дека неколку илјади луѓе се вратиле на островот од крајот на минатата недела и ги повика властите да обезбедат поголема помош за справување со ризиците, вклучително и контрола на паѓањето на карпите и поставување и поправка на огради од ридот.
Свет
Макрон: Некои европски земји ќе бидат подготвени да имаат мировни сили во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека некои европски земји ќе бидат подготвени да имаат мировни сили во Украина како гаранција за безбедноста по потпишувањето на мировниот договор, иако тие нема да бидат испратени на линијата на фронтот.
Макрон, зборувајќи заедно со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, рече дека мировниот договор може да дојде во втората фаза, по, како што рече, „примирје“, пренесе Ројтерс.
Макрон, исто така, рече „дека силата на повторното ангажирање на САД со Русија е извор на несигурност за рускиот претседател Владимир Путин“.
Тој посочи дека Франција е подготвена да обезбеди безбедносни гаранции за Украина, пренесува Танјуг.
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа пристигна во Вашингтон, а американскиот претседател Доналд Трамп го прими во Белата куќа.
Како што наведува телевизијата БФМ, станува збор за „итна мисија“, при која Макрон ќе се обиде да ја „омекне“ американската позиција кога е Украина во прашање, во момент кога Франција предупредува дека не треба да брза со набрзина склучен договор за прекин на огнот во таа земја.