Свет
Лукашенко, и покрај протестите, именува нов премиер и членови на владата

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, го одобри составот на новата влада, а за премиер го именува Роман Головченко и покрај протестите во земјата.
Но, неговата кандидатура треба да биде потврдена во долниот дом на парламентот.
Своите места во владата ги сочуваа министерот за надворешни работи, Владимир Макеј, министерот за внатрешни работи, Јуриј Карајев, министерот за здравство, Владимир Карањик, и министерот за информации, Игор Луцки.
Именување на составот на владата по претседателските избори е предвидено со Уставот на Белорусија.
Претседателот Лукашенко потпиша указ на почетокот на јуни со кој се распушти владата на земјата. На местото премиер претседателот го постави Роман Головченко, кој дотогаш бил на чело на Државниот воено-индустрирски комитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп се откажа од царините од 50 отсто за канадскиот челик и алуминиум

Американскиот министер за трговија Хауард Лутник потврди дека Белата куќа нема да воведе царина од 50 отсто за канадскиот челик и алуминиум, пренесува „Си-Би-Ес Њуз“.
Претходно и високиот трговски советник на администрацијата, Питер Наваро, им рече на новинарите пред Белата куќа дека промената на одлуката дојде откако премиерот на Онтарио, Даг Форд го повлече планот за воведување дополнителна такса за електрична енергија, што, според мислењето на Наваро, можеше да предизвика проблеми.
„Мислам дека (Даг Форд) сфати дека ова не е борба што вреди да се бори“, рече Наваро, додавајќи дека ги повикал канадските власти да ја ублажат реториката.
Американскиот претседател Доналд Трамп во текот на денот објави дека Соединетите држави ќе ги удвојат тарифите за челик и алуминиум од Канада на 50 отсто поради одлуката на канадската покраина да воведе давачка од 25 отсто за извозот на електрична енергија во САД. Но, премиерот на Онтарио Даг Форд ја суспендираше таа одлука и најави разговори во Вашингтон.
И покрај повлекувањето на двојниот тарифен план, постојните царини од 25 отсто за канадскиот челик и алуминиум ќе останат на сила и ќе стапат на сила во среда, потврди Лутник.
Свет
(Видео) Трамп си купи „Тесла“: „Не ми е дозволено да ја возам“

Американскиот претседател Доналд Трамп купи автомобил „Тесла“.
Ова може да се заклучи од објавата на социјалната мрежа на Трамп.
Трамп објави видео на кое се гледа како влегува во црвен автомобил Тесла пред Белата куќа.
„Ох, прекрасно е. Леле“, вели Трамп додека влегува во автомобилот.
„Не ми е дозволено да возам затоа што долго време не сум возел автомобил“, рече Трамп.
„Ќе имам (автомобил) во Белата куќа и ќе дозволам персоналот да го користи. Не ми е дозволено да го возам, можеш ли да веруваш? Сакам да возам автомобили, но не ми е дозволено“, рече тој.
При предавањето на автомобилот на Трамп, Маск рече дека „Тесла“ ќе го удвои производството на возила во САД во следните две години, нагласувајќи дека оваа одлука е резултат на „големите политики на претседателот Трамп и неговата администрација“.
Трамп утрово рече дека ќе купи нов автомобил „Тесла“ за да му покаже поддршка на извршниот директор и сојузник на компанијата Илон Маск, поради неодамнешните протести наречени „Теска тејкдаун“ и драстичното опаѓање на цената на акциите на компанијата.
Свет
Украинскиот министер за надворешни работи: Ова е сериозен чекор напред

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха ја нарече денешната средба со високите американски претставници во Саудиска Арабија сериозен чекор напред.
Сибиха истакна дека средбата е напредок на патот кон мирот и во зајакнувањето на стратешкото партнерство меѓу Украина и САД, додавајќи: „Ова е резултат на искрен, отворен и конструктивен дијалог“.
Тој им се заблагодари на американскиот државен секретар Марко Рубио, на советникот за национална безбедност Мајк Валц и на нивните саудиски пријатели.