Свет
Лукашенко: Макрон е незрел политичар

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, рече дека неговиот француски колега, Емануел Макрон, е незрел политичар.
Макрон претходно изјави оти е јасно дека претседателот на Белорусија треба да поднесе оставка и да ја напушти владата поради демонстрациите што се одржуваат во Белорусија по објавувањето на резултатите од изборите минатиот месец, а канцеларијата на Лукашенко брзо одговори на тој коментар од Париз.
„Според логиката на Макрон, тој требаше да даде оставка пред две години кога жолтите елеци излегоа на улиците на Париз. Годините минуваат, демонстрациите продолжуваат, а тој е сè уште претседател“, се вели во пораката на Лукашенко.
Лукашенко исто така рече дека Макрон треба повеќе да се занимава со внатрешните работи на Франција.
„Како искусен политичар, го советувам незрелиот Макрон да гледа помалку наоколу и повеќе да се фокусира на ситуацијата во Франција. Би било подобро за него да почне да ги решава проблемите во Франција“, рече Лукашенко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Захарова: Она што е нормално за Америка е шокантно за остатокот од светот

Царините се традиционална алатка на американската политика, но предизвикуваат шок во другите земји, изјави Марија Захарова, портпарол на руското Министерство за надворешни работи.
„Во текот на изминатиот ден, американските и реципроцитетните царини скокнаа уште повеќе. Тоа не е шега.
За Соединетите Американски Држави, ова е еден од традиционалните начини на водење бизнис. За многу земји тоа е шокантно“, напиша таа на нејзиниот канал Телеграм.
Денеска стапија на сила новите царини што САД им ги воведуваат на земјите ширум светот, вклучувајќи ја и онаа од 104 отсто против Кина. Покрај високите царини за Пекинг, САД воведоа царини за увоз од десетици други земји, вклучувајќи 46 отсто за Виетнам, 32 отсто за Тајван, 25 отсто за Јужна Кореја, 24 отсто за увоз од Јапонија, 20 отсто за сите земји од Европската унија.
Претходно агенцијата Ројтерс објави дека Европската унија подготвува контрамерки во вредност до 28 милијарди долари против американскиот увоз како одговор на воведените царини.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно потпиша указ за воведување „реципрочни“ царини за увоз од други земји. Основната минимална стапка е 10 проценти, пренесува Спутник.
Повеќето земји се соочија со зголемени стапки, кои, како што објасни Канцеларијата на трговскиот претставник на САД, беа пресметани врз основа на трговскиот дефицит на САД со одредена земја – со цел да се анулира дефицитот.
Свет
(Видео) Сопственикот на клубот „Џет Сет“ проговори по уривањето на покривот: бројот на загинати достигна 98

Сопственикот на клубот „Џет сет“, каде што најмалку 98 лица загинаа откако се урна покривот за време на настапот на познат пејач, во солзи проговори за трагедијата.
Бизнисменот Антонио Еспаилат, чие семејство е сопственик на најпознатиот клуб во Доминиканската Република повеќе од 50 години, рече дека е бескрајно тажен поради се што се случило и рече дека тагува со семејствата на жртвите и повредените.
„Денеска сакаме да им се обратиме пред се на семејствата погодени од трагедијата што се случи синоќа во „Џет Сет“. Нема доволно зборови да ја искажеме болката предизвикана од овој настан. Тоа што се случи е поразително за сите. Сакаме да знаете дека сме со вас, дека ја споделуваме вашата болка“, рече бизнисменот во видеото што го сподели на официјалниот профил на клубот на Инстаграм.
Сопственикот на клубот „Џет Сет“ тврди дека клубот од самиот почеток целосно соработувал со властите.
„До вас, мајки, татковци, браќа и сестри, деца и најблиски на погодените: можете да сметате на нас. Сè што правиме сега, секоја одлука, секој чекор има една цел: да сочувствуваме со вашата болка и да бидеме со вас“, рече сопственикот на клубот „Џет Сет“.
Тој им се заблагодари и на спасувачите кои неуморно ги пребаруваат урнатините со надеж дека ќе најдат преживеани.
Да потсетиме дека трагедијата се случи за време на настапот на познатиот пејач на меренге Рубио Перез. Наводно, во клубот имало повеќе од 1.000 луѓе. Гостите уживаа во настапот на Перез, кога наеднаш покривот се урнал врз нив. Ова го снимиле и камерите на поединци.
Инаку, тоа е најпознатиот клуб во Доминиканската Република, кој функционира повеќе од 50 години. Клубот е реновиран двапати, последен пат во 2015 година.
Што предизвикало уривање на дел од покривот засега не е познато.
Европа
Единствената американска конгресменка со украинско потекло: Зеленски е кретен и измамник

Републиканката Викторија Спартц, првата и единствена членка на американскиот Конгрес со украинско потекло, се огласи откако британски Телеграф објави интервју со неа.
Според она што го објави Телеграф, Спартц ги повикала Украинците да ѝ отстапат територија на Русија и да го сменат претседателот Володимир Зеленски доколку не сакаат да ја изгубат целата земја. Сепак, Спартц набрзо го обвини Телеграф за „намерно лажно претставување“.
„Потрошив огромна количина на енергија обидувајќи се да и помогнам на украинската армија да победи во бруталната борба против Русија. За жал, ако имате кретени и измамници како Зеленски и неговиот марионетски парламент кои управуваат со вашата земја, тоа е изгубена кауза. Путин можеби е злобен, но не е кретен“, рече таа.
Спарц го повтори тврдењето дека Украина нема да може да ги врати териториите кои се под руска окупација. „Сегашната реалност на теренот е дека Украина не е во позиција да ги врати своите територии“, нагласи таа.
„Затоа, може да се постигне само привремено решение со помош на САД, што на секоја страна ќе и даде одредено време да се регрупира. Конечниот исход од таа војна ќе треба да се реши подоцна, а не само на бојното поле“, додаде таа.