Европа
Лукашенко: Путин ги запре сите коронавируси во светот
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека му посочил на рускиот претседател Владимир Путин дека ги запрел сите коронавируси во светот.
„Вчера му реков на Путин: Слушај, добро направи – војната е војна, но ти одеднаш ги спречи сите коронавируси, сите закрепнаа“, рекол Лукашенко, а пренесува „РИА новости“.
Лукашенко додава дека светот сега се прераспоредува поставувајќи прашање каква улога одиграла пандемијата во тоа.
Претседателот на Белорусија денеска изјави и дека е убеден оти Белорусија и Русија ќе изградат единство на две независни држави.
На средбата со гувернерот на Приморскиот крај, Олег Кожемјак, во Владивосток, Лукашенко рекол дека повремено имало стравувања оти Белорусија ќе биде вклучена во Русија, пренесува „Белта“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украински министер: Русите напаѓаат цивилни бродови во Одеса, тоа се терористички напади
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха вчера ги осуди руските ракетни напади врз два брода во јужните пристаништа на Украина како „намерна терористичка тактика“.
„За само два дена, руските балистички напади оштетија два цивилни товарни брода во Одеса…“, напиша Сибиха на Икс.
„Ова е намерна терористичка тактика. Мораме да ги здружиме силите на сите одговорни земји и организации за да… обезбедиме слобода на пловење во Црното Море и глобалната безбедност на храната“, додаде тој.
In just two days Russian ballistic attacks damaged two civilian cargo vessels in Odesa. Yesterday, one with corn bound for Italy. Another one today, killing one and wounding five people. There were damaged vessels earlier in September. This is a deliberate terrorist tactic.
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) October 7, 2024
Шеесетгодишен Украинец загина во напад со балистичка ракета на пристаништето Одеса на Црното Море. Проектил погоди цивилен брод и усмрти 60-годишен Украинец, објави вчера на Телеграм Олех Кипер, воениот гувернер на јужната украинска област Одеса. Повредени се пет странци, рече тој.
Според властите, цел на руските напади повторно била пристанишната инфраструктура.
Властите известија дека и во неделата вечерта при напад на руски беспилотни летала бил оштетен цивилен брод. Додека Украина нагласува дека се работи за цивилни бродови, руското Министерство за одбрана тврди дека тие биле насочени кон воени цели.
Русија тврди дека цивилни бродови тајно пренесуваат оружје за војната во Украина. Нема докази за тоа.
Европа
Русите влегоа во градот, кој е на првата линија од 2014 година и го претставува сидрото на украинската одбрана
Руските сили влегоа во предградието на градот Торецк во источна Украина, соопшти доцна синоќа украинската војска, помалку од една недела по падот на блискиот град Вухледар.
„Ситуацијата е нестабилна, борбите се водат буквално на секој влез (во градот)“, изјави за украинската национална телевизија Анастасија Бобовникова, портпаролка на Оперативно-тактичката група Луганск.
„Русите влегоа во источната периферија на градот“, додаде таа.
Русија, која сега контролира нешто помалку од една петтина од територијата на Украина, од август напредува кон Торецк, земајќи село по село со пешадија поддржана од зголемена употреба на високо деструктивни наведувани бомби.
За Украина, Торецк е град на првата линија десет години, бидејќи е блиску до украинската територија што ја зазедоа сепаратистите поддржани од Русија во 2014 година и оттогаш стана сидро на одбраната на Киев.
За Москва, заземањето на градот, ќе го приближи претседателот Владимир Путин до неговата цел да го заземе регионот на Донбас.
Откако не успеа да го освои главниот град Киев кога започна сеопфатна инвазија на Москва во февруари 2022 година, Путин се фокусираше на заземање на старото индустриско срце во источна Украина познато како Донбас, кое ги покрива регионите Луганск и Доњецк.
Падот на Торецк, велат украинските воени аналитичари, ќе и овозможи на Москва да ги попречи клучните логистички правци што го поврзуваат оперативниот заден дел на силите на Киев во областа со борбената зона, вклучително и главниот пат Покровск-Костјантинивка.
Европа
Лавров го објави условот под кој Русија ќе се согласи на прекин на огнот во Украина
Соединетите Држави ќе се соочат со „опасни последици“ доколку продолжат да ја зголемуваат воената помош за Украина, наместо да го поддржат предложеното руско решение со кое Москва ќе преземе делови од територијата, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во ексклузивно интервју за американски „Њузвик“.
Повеќе од две и пол години откако Владимир Путин нареди „специјална воена операција“ против Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека Кремљ нуди остварлив план за запирање на крвопролевањето и обнова на европската безбедносна архитектура. Тој го обвини НАТО предводен од САД дека прво го посеал семето на војната пред една деценија и дека продолжил да го разгорува огнот.
„Русија е отворена за политичко-дипломатско решение кое треба да ги отстрани основните причини за кризата“, рече тој. „Треба да се стремиме да го прекинеме конфликтот, а не да постигнеме прекин на огнот“, рече Лавров.
Рускиот план предвидува Украина да ги отстапи покраините Донецк, Херсон, Луганск и Запорожје, кои во поголемиот дел, но не во целост, се под руска контрола, а кои Москва формално ги анектираше по меѓународно оспоруваниот референдум во септември 2022 година, како и Крим, кој Русија го зазеде и го анектираше со слично гласањњ во 2014 година.
Киев, исто така, ќе мора да се откаже од членството во НАТО алијансата, според руските водачи. Лавров вели дека основата за прекин на огнот би можеле да бидат преговорите во Истанбул во 2022 година, кои вклучуваа откажување од членството во НАТО и признавање на независноста на руските делови од автономните региони Доњецк и Луганск, но сега вели дека новите преговори треба да ја земат предвид „состојбата на терен“.
Украина и западните сојузници наместо тоа бараат безусловно повлекување на Русија, додека Москва рече дека ескалацијата на конфликтот го приближува НАТО до директен конфликт со Русија, која има најголеми резерви на нуклеарно оружје во светот и е една од двете нуклеарни суперсили, заедно со САД.
„Во моментов, колку што можеме да видиме, враќањето на мирот не е дел од планот на нашиот противник. Зеленски не го отповикал указот за забрана на преговорите со Москва“, рече Лавров.
„Вашингтон и неговите сојузници во НАТО обезбедуваат политичка, воена и финансиска поддршка на Киев за да продолжи војната. Тие дебатираат за овластување на украинската војска да користи западни ракети со долг дострел за да напаѓа длабоко во руската територија. Играње со оган во овој начин може да доведе до опасни последици“, предупредува Лавров.