Европа
Лукашенко: Се договоривме со Путин, „Орешник“ ќе го добиеме во следните неколку дена
Белорускиот лидер Александар Лукашенко рече дека очекува Русија многу брзо да распореди Орешник, нејзината нова балистичка ракета со среден дострел, во неговата земја.
„Ќе го добиеме Орешник во следните неколку дена“, рече Лукашенко на прес-конференција.
Тој рече дека е постигнат договор со рускиот претседател Владимир Путин за испорака на хиперсонична ракета во Белорусија пред таа да биде распоредена во Русија.
Лукашенко рече дека Белорусија ги сака ракетите на нејзина почва за да се заштити од новите американски ракети со среден дострел распоредени во Европа.
Москва веднаш не ги потврди наводите на Лукашенко.
Русија лани во ноември истрела ракета Орешник врз украинскиот индустриски град Днипро.
Еден месец подоцна, Путин тврдеше дека западните одбранбени системи не можат да го пресретнат Орешник. Тој исто така рече дека може да погоди цели во Западна Европа.
Западните воени аналитичари велат дека Орешник може да носи нуклеарни боеви глави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украинците: Во изминатите 24 часа загинаа повеќе од 1.400 руски војници
Вкупните борбени загуби на руските сили во Украина од 24 февруари 2022 година до денес достигнаа приближно 831.620 луѓе, вклучувајќи 1.430 војници изгубени во последните 24 часа, објави Генералштабот на вооружените сили на Украина на „Фејсбук“.
Другите загуби што ги претрпеа руските сили, според Украинците, во последните 24 часа вклучуваат: 3 тенка, 12 оклопни борбени возила, 16 артилериски системи, 74 оперативно-тактички беспилотни летала, 59 возила и резервоари за гориво и 1 специјализирана опрема.
Европа
(Видео) Лукашенко за противниците: Некои се во затвор, други во егзил, секој има право на избор
Белорускиот претседател Александар Лукашенко го продолжи своето 31-годишно владеење со убедлива победа на претседателските избори кои западните влади ги отфрлија како фалсификат.
„Можете да и честитате на Република Белорусија, ние избравме претседател“, рече на прес-конференција Игор Карпенко, шеф на републичката централна изборна комисија. Според прелиминарните резултати објавени на сметката на Телеграм на Централната изборна комисија, Лукашенко на изборите во неделата освоил 86,8 отсто од гласовите.
Новинарот на Би-би-си, Стив Розенберг известуваше за вчерашните избори.
„Покрив многу избори. Видов премиери и претседатели како пристигнуваат на избирачките места, гласаат и потоа одговараат на неколку прашања од новинарите. Но, никогаш не сум видел нешто слично на сцената на избирачкото место 478 во Минск“, истакна Розенберг.
„Долгогодишниот белоруски лидер Александар Лукашенко, некогаш наречен последниот диктатор на Европа, пристигна да гласа. Потоа, додека Белорусите сè уште гласаа, кандидатот Лукашенко одржа четири и пол часовна прес-конференција во живо на државната телевизија“, додаде тој.
Розенберг учествуваше на таа конференција.
„Какво патетично прашање ми подготви? Како и секогаш“, го праша Лукашенко.
„Добро утро“, одговори Розенберг.
„Добро утро, Стив“, рече Лукашенко.
„Како можете да ги наречете овие демократски избори, кога вашите главни ривали се или во затвор или во егзил“, праша Розенберг.
„Некои се во затвор, некои во егзил. Но вие сте тука. Секој има право на избор. Тоа е демократија. Некои избраа затвор, други егзил. Никогаш не сме протерале никого од земјата“, рече Лукашенко.
„Неодамна рековте: ‘Не смееме да им ја затвораме устата на луѓето’. Но, вашите ривали не се само спречени да се натпреваруваат. Некои од нив се затворени. Во Белорусија во моментов има повеќе од 1.200 политички затвореници. Зарем не е време да ги отвориме затворските ќелии и да ги ослободиме? Луѓе како Марија Колесникова, Сергеј Тихановски…“, нагласи Розенберг.
I asked Alexander Lukashenko: “How can you call this a democratic election when your main rivals are in prison or in exile?” Our report from Minsk. Producer @LizaShuvalova Camera @AntonChicherov pic.twitter.com/mFsfqGFHKH
— Steve Rosenberg (@BBCSteveR) January 26, 2025
„Постојано ми зборуваш за Марија. Боже. Добро, ќе ти одговорам на прашањето… Затворот е за луѓе кои премногу ја отвориле устата и кои го прекршиле законот. Немате ли вие затвори во Британија и Америка? Во која било земја, ако го прекршите законот, треба да ги сносите последиците. Законот е строг, но тоа е законот. Јас не го измислив. Мора да се придржувате до него“, изјави Лукашенко.
Иако на истакнатите опозициски личности не им беше дозволено да се кандидираат, името на Александар Лукашенко не беше единственото на гласачкото ливче. Имаше уште четворица кандидати.
„Разговаравме со некои други кандидати. Еден од нив, лидерот на Комунистичката партија, отворено ве поддржува. Другите ве фалат. Чудни се овие избори, нели, со такви спротивставени кандидати…“, му рече Розенберг на Лукашенко.
„Стив, ова е сосема ново искуство за тебе!“, одговори Лукашенко, на што доби насмевки и аплауз од локалните новинари во просторијата.
„Тоа е вистина. Никогаш не сум видел вакви избори“, повтори Розенберг.
„Политиките на комунистите засновани на правда се истите политики што ги промовираме. Па зошто тие би гласале против мене?“, тврди Лукашенко.
Европа
(Видео) Драма во Париз: голем пожар ја зафати општинската зграда, снимката е застрашувачка
Голем пожар избувна во раните утрински часови во општинската зграда на 12-от арондисман во Париз, а локалните медиуми објавија дека се стравува дека дел од покривната конструкција и кулата со јавниот часовник на зградата, изградена во средината на -19 век, ќе пропадне.
Пожарникарите биле повикани околу 3 часот по полноќ кога биле известени за пожарот, јавува весникот „Фигаро“. Во извештајот се наведува дека пожарот се заканувал да ја уништи саат-кулата на општинската зграда, изградена во 1876 година. За среќа, околу 6 часот утринава пожарот е ставен под контрола.
Incendie mairie du 12 ème Paris⬇️@mtwit75 pic.twitter.com/id9rnPOA0b
— #ruedetrevise (@12janvier2019) January 27, 2025
Полицијата го блокираше просторот околу зградата на општината, а според локалните медиуми, околу 7:30 часот веќе немало видливи пламени јазици, но опожарени делови сè уште паѓале на земја.
Пожарникарите велат дека засега нема опасност од уривање на кулата.