Свет
Лукашенко: Се плашам дека може да бидеме сведоци на граѓанска војна во САД, а тие лудаците тоа го прават со свои раце
Светот може да биде сведок на граѓанска војна во САД, предупреди претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, на втората меѓународна конференција во Минск за евроазиска безбедност.
Според него, во последните години многу земји на планетата се дестабилизирани, а САД не се исклучок.
„Се плашам дека може да бидеме сведоци на граѓанска војна во САД, а тие лудаците тоа го прават со свои раце додека сакаат да воведат ред во нашиот свет“, рече Лукашенко.
Тој додаде дека американските власти мора првин да воведат ред кај себе и тоа да ѝ го покажат на целата меѓународна заедница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
На Мелони ѝ се закануваат со смрт поради договорот со Албанија
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека добила смртни закани од трговци со луѓе поради договорот за мигранти со Албанија, пренесоа денеска италијанските медиуми.
Мелони во средата вечерта за телевизијата „Раи 1“ изјави дека останува посветена на договорот со Албанија бидејќи тоа е „ефикасно решение за управување со мигрантските текови“.
„Првите смртни закани пристигнаа затоа што потпишав протокол за соработка со Албанија за миграција. Ќе направам сè оваа соработка да донесе опипливи резултати“, изјави Мелони.
Таа рече дека целта на владата е центрите за мигранти во Албанија да функционираат на начин што го почитува меѓународното право, но предупреди дека центрите ќе создадат сериозни проблеми за трговците со луѓе што ѝ се заканувале со смрт.
Како што наведе таа, одлуката на судот во Болоња да побара од судот на ЕУ да го поништи декретот на римската влада за безбедни земји за мигрантите повеќе личи на пропаганден памфлет отколку на судски документ.
Таа заклучи дека овие напади и противењето на опозицијата во Брисел се агресивна реакција на тоа што, како што наведе, функционира стратегијата на италијанската влада.
Мелони додаде дека, и покрај противењето, доаѓањата се намалени 60 отсто, а репатријацијата е зголемена 30 отсто поради миграциската политика на актуелната влада.
Откако првата група мигранти беше префрлена од Италија во миграциските центри во Албанија, кои се опфатени со договорот меѓу Рим и Тирана, со одлука на судот во Рим тие беа вратени назад во Италија.
Европа
(Видео) Застрашувачки снимки од Шпанија: како изгледаше пристигнувањето на огромниот порој во шпанскиот град
Шпанија ноќта од вторникот кон средата беше погодена од страшни поплави, а најтешко беше во регионот на Валенсија. Најмалку 95 лица загинаа, десетици се водат за исчезнати, а се стравува дека бројот на загинати ќе се зголеми.
Wow!! Video showing a flash flood arriving in Paiporta, Valencia (presumably yesterday)….pic.twitter.com/n6YArxr1pa
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) October 30, 2024
Спасувачките операции се во тек, а на социјалните мрежи се споделуваат застрашувачки снимки.
Еден од нив го прикажува доаѓањето на поплавата во градот Паипорту во регионот на Валенсија. Градот сè уште трага по исчезнатите бидејќи властите се сомневаат дека во гаражите и подрумите можеби има луѓе што отишле да си ги земат своите автомобили.
Свет
Лавров: Русија и Иран ќе потпишат договор за партнерство
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија и Иран во блиска иднина ќе потпишат договор за партнерство, со значително внимание посветено на прашањата за одбраната.
„Главниот фактор за зајакнување на руско-иранските односи ќе биде претстојниот договор за сеопфатно стратешко партнерство меѓу Русија и Иран. Договорот се подготвува за потпишување во блиска иднина“, рече Лавров за време на говорот на меѓународната конференција за евроазиска безбедност во Минск, објави „РИА новости“.
Тој додаде дека договорот ќе ја потврди желбата на двете страни за поблиска соработка на полето на одбраната и интеракцијата во интерес на мирот и безбедноста на регионално и глобално ниво.