Европа
Луксембург станува првата земја во светот со бесплатен јавен превоз
Луксембуг ќе стане првата земја во светот со бесплатен јавен превоз.
Како што пренесува „Гардијан“, повторно избраната коалициска влада, предводена од Ксавиер Бетел, планира да го укине плаќањето на билети во возовите, трамваите и автобусите и тоа веќе следното лето.
Демократската партија на Бетел, која во владата е со левичарската Социјалистичка работничка партија и со зелените, се обврза дека животната средина ќе ѝ биде приоритет. Ова и беше едно од главните предизборни ветувања, а покрај бесплатниот превоз во целата земја, планирана е и легализација на канабисот и воведување два нови државни празика.
Како што пишува „Гардијан“, Луксембург Сити, главниот град на земјата, има многу густ сообраќај и во него честопати настанува голем сообраќаен метеж.
Во градот живеат околу 110.000 луѓе, но речиси 400.000 секојдневно доаѓаат на работа. Студијата спроведена од градските власти покажала дека возачите минуваат 33 часа во сообраќајни метежи.
Целата земја има 600.000 жители, но речиси 200.000 жители од пограничните региони со Франција, Белгија и со Германија секој ден доаѓаат да работат во Луксембург.
Владата во Луксембург веќе воведе бесплатен јавен превоз за секое дете и сите помлади од 20 години. Средношколците имаат слободен превоз од училиште до дома.
Целосно бесплатниот јавен превоз е најавен за 2019 година, а до тогаш мора да се прецизираат некои детали.
Инаку, бесплатен јавен превоз досега има воведено и во главниот град на Естонија, Талин, а тамошните власти исто така најавија дека планираат да воведат ваква мерка на целата територија на земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

