Свет
Луѓето на Путин минатата година: Сѐ ќе почне во Украина и ќе заврши со нуклеарна војна со НАТО
Дека Русија се подготвува за војна со Украина, минатата година сугерираа руски медиумски пропагандисти и државни функционери. Тогаш рекоа дека борбата ќе почне во Украина, но дека ќе се прошири многу повеќе.
„Сѐ ќе почне во Украина“, рече Анджеј Сидоров, продекан за светска политика на Московскиот државен универзитет, минатата година како гостин во ТВ-емисијата со Владимир Соловјов, која се емитуваше на првата руска државна телевизија „Русија 1“.
„Ќе бидеме принудени да зачекориме на бојното поле во борба за која мислат дека сме подготвени“, додаде тој. Водителот го праша „против кого?“, на што Сидоров одговори: „Против целиот Запад“.
Руските државни медиуми имаа цел да го подготват населението за последиците од дејствата на Кремљ, беше речено минатата година, а најголем дел од вината беше префрлена на САД. Руските експерти тогаш стравуваа дека администрацијата на Бајден може да воведе целосно трговско ембарго кон Русија.
Минатата година Кремљ ја коментира и можноста САД да воспостават воено присуство во Украина. „Тие сакаат да нѐ уништат“, рече Дмитриј Куликов во неделата вечерта во емисијата со Владимир Соловјов.
„Тоа е во нивната природа. Не можете волкот да го претворите во вегетаријанец“, додаде Соловиев додавајќи дека Русија „многу бргу ќе биде уништена ако го изгуби Донбас бидејќи електоратот на Путин нема да го толерира тоа“. Соловиев посочи дека борбата за Донбас ќе заврши со нуклеарен конфликт меѓу Русија и НАТО.
Високиот воен аналитичар Михаил Ходарјонок, поранешен полковник во Советските сили за воздушна одбрана, тогаш рече: „Мислам дека секој конфликт може да биде запрен со закана од барем тактички нуклеарен напад од наша страна“.
Ходарјонок тогаш предложи да се изврши ограничен нуклеарен напад во неутралните океански води како предупредување за Западот. Можеби сега треба да го направиме тоа“, додаде Соловиев.
„Од 2014 година сме во состојба на студена војна и ја следиме формулата на Михаил Кутузов: „Не претпоставувам победа, се обидувам да изиграм“. Тоа е политиката на Руската Федерација што ја водиме од 2014 година“, изјави Андреј Сидоров.
Одговорот на САД на руската агресија беше нерамномерен во времето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Неговата администрација испрати оружје во Украина, а Трамп се обиде таа помош да ја условува со политичка помош против Џо Бајден.
Експертите за државните медиуми признаа дека работите ќе беа сосема поинакви доколку Хилари Клинтон победеше на изборите во 2016 година.
„Истата воена состојба што ја имаме сега ќе почне во првите шест месеци од мандатот на Хилари Клинтон“, рече Дмитриј Куликов, кој ги основа медиумите „Русија тудеј“ под контрола на Кремљ минатата пролет.
Тие рекоа дека Америка била многу посилна тогаш, а Куликов истакна дека „Американците му се лути на Трамп затоа што им украл четири години и им ги дал на Русија и Кина“.
Со Бајден ситуацијата се промени и експертите со мрачни лица очекуваат остри мерки против Кремљ. Маргарита Симонјан, главен уредник на РТ и „Спутник“, рече дека Русија не е имуна на американските санкции.
„Може да има санкции што ќе нѐ натераат да живееме како да сме во Иран. Ние сме ранливи на некои полиња“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси доживеа „тешко слетување“
Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси доживеа „тешко слетување“, објави иранската државна телевизија, без веднаш да даде детали.
Раиси отпатува во иранската провинција Источен Азербејџан. Државната телевизија соопшти дека инцидентот се случил во близина на Џолфа, град на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од иранската престолнина Техеран, а спасувачите биле отежнати од силниот ветер и дождот.
Сè уште нема официјална информација за тоа во каква состојба е Раиси.
Раиси беше во Азербејџан во неделата рано наутро на отворањето на браната со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.
Иранската државната новинска агенција ИРНА објави дека хеликоптерот „паднал во несреќа во општата област Варзеган“ во провинцијата Источен Азербејџан, а покрај Раиси, во хеликоптерот имало уште неколку официјални лица, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан.
Тешките временски услови и густата магла ги отежнаа напорите на спасувачките тимови, соопшти иранската државна телевизија.
Регион
Загинаа две лица, а пет се водат како исчезнати по судар на чамец и крузер во Дунав кај Будимпешта
Две лица го загубија животот доцна синоќа, а пет се водат за исчезнати во судар на мал моторен чамец и крузер на реката Дунав северно од Будимпешта, соопшти денеска унгарската полиција.
Телата на возрасен маж и жена се пронајдени северно од главниот град, а властите се уште трагаат по пет исчезнати лица.
Сома Чечи, портпарол на полицијата во Будимпешта, на прес-конференција рече дека, според досегашните сознанија, во чамецот имало вкупно осум возрасни лица и потврди дека две лица загинале, а пет се водат како исчезнати. Тројца мажи и две жени моментално се бараат со глисери и дронови, јавуваат унгарските медиуми.
Полицијата соопшти и дека во градот Комаром бил запрен поголем брод, а од увидот било откриено дека му е оштетен страничниот дел. Се врши увид и во тек е истрага за опасноста по водениот пат и смртта на неколку лица.
Регион
По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност
Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат, изјави денеска министерот за одбрана и вицепремиер Роберт Калинак за словачката новинска агенција ТАСР.
Состојбата на Фицо се подобрува, а лекарската комисија утре треба да одлучи дали тој ќе биде префрлен. Фицо моментално се опоравува во универзитетската болница во Банска Бистрица.
Фицо беше тешко повреден на 15 мај, по седницата на Владата во градот Хандлова, кога 71-годишниот писател Јурај Цинтула, од непосредна близина неколку пати пукаше со пиштол во него. Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување вчера му одреди притвор на Цинтула.