Свет
Мадуро: За вакцини можеме да платиме со нафта
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, навести дека Венецуела може да плати со нафта за да добие вакцини против коронавирусот.
„Венецуела има цистерни со нафта и има клиенти што ја купуваат нејзината нафта. Нашата земја ќе одвои дел од овие резерви за да обезбеди испорака на потребните вакцини. Нафта во замена за вакцини“, рече Мадуро на државната телевизија, а пренесе руската агенција „Тасс“.
Според официјалната статистика, во Венецуела се регистрирани над 156.000 случаи на Ковид-19, а од почетокот на пандемијата починале 1.555 лица.
Потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, во средата изјави дека Венецуела има околу седум милијарди долари на сметки во странски банки, кои земјата планира да ги искористи за да купи вакцини.
Сепак, банките во земјите што го признаваат лидерот на опозицијата, Хуан Гваидо, за лидер на Венецуела одбиваат да ги отстапат средства, тврди официјално лице.
Мадуро овој потег го нарече обид за пуч и прогласи прекин на дипломатските врски со САД.
Ситуацијата во Венецуела ескалира во јануари 2019 година кога поранешниот претседател на парламентот, Хуан Гваидо, се прогласи за привремен претседател.
Потоа ја доби поддршката од САД и земјите членки на Групата од Лима (освен Мексико), како и од повеќето земји на Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

