Свет
Мадуро ја продолжи вонредната состојба

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, ја продолжи вонредната состојба за уште еден месец поради коронавирусот.
Тој истакна дека ублажувањето на одделни мерки ќе почне постепено од денеска.
Системот 7-7 значи дека една недела ќе биде карантин, а друга ублажување на мерките, како и дека ублажувањето во одделни делови на земјата ќе биде побавно поради епидемиолошката ситуација.
Првиот случај на коронавирус во Венецуела е забележан на 13 март, а истиот ден е воведена и вонредната состојба.
Мадуро на 17 март ги затвори границите на земјата, но затвори и градови.
До денеска во Венецуела заразени со над 25.000 луѓе, а починале 220.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Се урна стратешки бомбардер Ту-22М3 во Русија

Руски суперсоничен бомбардер Ту-22М3 се урна во руската област Иркутск, објави каналот ТАСС Телеграм, повикувајќи се на податоци од руското Министерство за одбрана.
Според информациите до кои дојде ТАСС и пренесе Инфо24, екипажот се катапултирал, но еден од пилотите загинал. На снимката објавена на телеграмскиот канал Бабр Маш се гледа пожар по падот на авионот.
Каналот наведува дека авионот се урнал во ненаселена област и дека на теренот нема штета предизвикана од падот. Според првичните податоци, причина за несреќата е техничка неисправност.
„Во авионот имало четири лица“
Гувернерот на регионот Иркутск, Игор Кобзев, на својот канал „Телеграм“ во 19:57 часот по московско време напишал дека авионот Ту-22М3, кој извршувал планиран лет, се урнал во близина на селото Бурет во областа Бохан.
„Нема уништени станбени згради и нема жртви меѓу цивилното население. Екипажот на авионот, кој се состоеше од четири лица, се катапултираше. Според извештајот на командантот на екипажот, еден пилот загинал при слетувањето. Причина за падот е техничка неисправност“, напиша Кобзев.
Свет
Франција: Војната со Иран е речиси неизбежна доколку преговорите не успеат

Војниот конфликт со Иран ќе биде речиси неизбежен доколку преговорите за нуклеарната програма на Техеран пропаднат, предупреди денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
„Во случај на неуспех, воената конфронтација изгледа речиси неизбежна“, изјави Баро пред парламентот, додавајќи дека таквото сценарио сериозно ќе го дестабилизира целиот регион. Претходно истиот ден, претседателот Емануел Макрон претседаваше со специјалниот состанок за Иран.
Баро нагласи дека францускиот приоритет е да се постигне договор што ќе ја ограничи иранската нуклеарна програма на долг рок.
„Нашата доверба и нашата решителност остануваат исти. Иран никогаш не смее да се здобие со нуклеарно оружје“, изјави шефот на француската дипломатија.
Во исто време, американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека Иран ќе биде бомбардиран доколку не се согласи со нов договор. Од друга страна, врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се закани со одмазда.
Од почетокот на неговиот нов мандат, Трамп повторно ја активираше својата политика на максимален притисок, која вклучува санкции и строг реторички пристап. Веќе во неговиот прв мандат, САД го повлекоа својот потпис од нуклеарниот договор од 2015 година, кој му даде на Иран отстапки во замена за ограничување на неговите нуклеарни активности. Иран сè уште тврди дека неговата програма се користи исклучиво за мирољубиви цели.
Баро исто така најави дека Франција наскоро ќе поднесе тужба против Иран до Меѓународниот суд на правдата за кршење на правото на конзуларна заштита на двајцата приведени француски државјани – Сесил Колер и Жак Париз, кои беа уапсени во 2022 година и обвинети за поттикнување работнички протести.
„Ќе го зголемиме притисокот врз иранскиот режим“, додаде Баро и најави дека во наредните денови ќе бидат воведени нови европски санкции против одговорните за државната политика на земање заложници.
Во март, друг француски државјанин, Оливие Грондо, кој исто така беше приведен во Иран, беше вратен во Франција откако беше ослободен. Неговото семејство тврди дека се работи за невин турист, додека иранските власти тврдат дека се работи за безбедносен случај.
Свет
„Политико“: Трамп им кажал на најблиските соработници дека Маск наскоро си заминува

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, им рекол на своите соработници дека милијардерот, главниот извршен директор на „Тесла“ и „Спејс Икс“ и шеф на Канцеларијата за владина ефикасност ќе ја напушти функцијата во тоа привремено владино тело во наредните недели, пишува „Политико“.
Тројца извори рекле дека Трамп е задоволен од она што го направил Маск, но дека и двајцата во изминатите неколку дена одлучиле дека е време бизнисменот да се врати на своите должности во неговите компании.
Маск би требало да му остане поддршка на претседателот во иднина, додава „Политико“.