Свет
Маж во САД убил седум членови од своето семејство, меѓу кои пет деца, па се самоубил

Маж во американската сојузна држава Јута уби седум членови од своето семејство.
Тој ги убил своите пет деца, на возраст од 4 до 17 години, а потоа и себеси, соопштија локалните власти во Енох Сити.
Сопругата на човекот кој ги изврши убиствата поднела барање за развод непосредно пред Божиќ, јавува Би-Би-Си.
Осумчлено семејство во средата вечерта беше пронајдено мртво во нивниот дом. Наведено е дека се работи за 42-годишниот Мајкл Хајт, кој ги убил сопругата Тауша Хит (40) и нејзината мајка Гејл Ерл (78), како и нивните деца – три девојчиња на возраст од 17, 12 и седум години и две момчиња на возраст од седум и четири години.
Полицијата ги открила телата во средата попладне, откако било пријавено дека Тауша Хајт не дошла на закажан состанок. Официјалните лица исто така потврдија дека таа поднела барање за развод на 21 декември.
Енох Сити е град со околу 8.000 жители во југозападниот дел на Јута, околу 400 километри јужно од Солт Лејк Сити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Прва реакција на Кина по ултиматумот на Трамп за Русија

Кина објави дека ќе ја зголеми својата поддршка за Русија откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со високи царини од околу 100 проценти доколку Москва не ја заврши војната во Украина во рок од 50 дена, објави кинеската државна агенција Ксинхуа.
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг изјави дека Пекинг и Москва треба да ја зајакнат меѓусебната поддршка на мултилатералните форуми, откако го прими рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Пекинг.
Заедно со заканата со царини против Русија, Трамп се закани и со секундарни царини од 100 проценти за земјите што увезуваат руски енергетски производи. Најголеми увозници на руски енергетски производи се Кина и Индија.
Свет
Фицо ги блокира новите санкции против Русија: „Тие се имбецилни“

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави дека неговата влада побарала одложување на гласањето за 18. пакет санкции на Европската унија против Русија, тврдејќи дека досегашниот предлог на Европската комисија е несоодветен за интересите на Словачка.
Фицо на „Фејбук“ објави писмо од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и посочи дека останатите политички лидери во земјата го отфрлиле. Во писмото се наведува дека Комисијата подготвила „амбициозен и сеопфатен план за соработка со Словачка“ и дека е подготвена да ги адресира специфичните предизвици на земјата.
Фицо повтори дека се спротивставува на планот за забрана на увоз на руски гас од 2028 година, кој го нарече „имбецилен“, и порача дека е подготвен на преговори, но дека за Словачка најдобро решение е изземање сè до истекот на постоечкиот договор во 2034 година.
Иако предлогот за гас не е директен дел од пакетот санкции, Фицо изјави дека ги поврзува двете теми за да ја зајакне преговарачката позиција на Словачка, имајќи предвид дека за санкциите е потребна едногласна поддршка од сите земји членки.
Свет
(Видео) Њујорк под вода, патници во подземната железница останаа заробени

Силен дожд предизвика хаос во сообраќајот во Њујорк и околината, оставајќи патници од подземната железница заробени во вагоните додека водата навираше на пероните.
На снимка од станицата 28th Street се гледа како патници со неверување гледаат додека надојдена вода навлегува во станицата, се слева по скалите и се шири по платформата.
🚨 IMAGINE BEING TRAPPED ON A SUBWAY… THEN WATCHING THE STATION START TO FLOOD
28th Street, NYC, water pouring in from every angle, turning the platform into a swamp.
This isn’t a leak. It’s a full-on flood.
How long until the system collapses completely? pic.twitter.com/N0BlO3rSWE
— HustleBitch (@HustleBitch_) July 15, 2025
Во други возови, патниците морале да се искачуваат на седиштата за да ја избегнат водата што навлегувала во вагоните.
Torrential downpour in the New York area is now resulting in extensive flooding in the NYC Subway system. Wild video. pic.twitter.com/vTNTcKAEpo
— Charlie Kirk (@charliekirk11) July 15, 2025
Во соседниот Њу Џерси, гувернерот Фил Марфи прогласи вонредна состојба откако поројните поплави потопија автомобили и затворија бројни патишта.
Локалните власти предупредија на опасност од продолжени врнежи и нови поплавни бранови, додека службите за итни интервенции дејствуваа низ погодените подрачја.